Петтоодделенка сакала да скокне од прозорец оти добила четворка

Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Ti tvoji roditelji i tvoj grad,vecni ljubavni trougao.Sta ces da budes kad porastes?Kazes to i to hoces oni ne bi da te koce,ali ipak znaju bolje.A onda procep,nisi ono sto je plan ocev,a i keva ima svoje,al? ni to nije tvoj hleb.Oni misle samo najbolje oni znaju sta rade,istina,al? se ipak dele na dve kaste a)uspesni su pa moras i ti i b)nisu uspesni pa zato moras ti.A ti si mali drkos i gle cuda imas hir da u umetnickom nemiru sebi trazis mir.O ne los sin,kao da nije skroz cist,zar u danasnje vreme sta ces da jedes moj ti?!Umesto podrske sledi pogled kameni,nije opcija da ih razocaras i osramotis.Ali hej svoje puteve sam biram,a to se ne zove inat nego ponos,on je pogon u zilama.Sto cini da plivas sam za svoje ja,za svoju stvar.Matori shvate da si car kad im drugi kazu da si car.To tako biva i nema ljutnje,vazna je briga.I da bice ponosni na tvoj ponos iliti inat.
Како и вообичаено имаш право :)
ал морав да си поставам прашање:back:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Оцената е потценета, знаењето е преценето, родителите се за жалење. Професорите малку се криви, бидејќи дозволуваат да паднат под притисокот на родителите, директорите, колегите. Петка е оцена која е врв, за која навистина покрај знаењето треба да се прикаже и умешност во претставувањето на материјалот.

Не ме чуди оваа рекација на малото девојче, ме чуди што родителите се зачудени. А што сакате да прават монструмите кои сами ги создавате? :toe:
Виктор,оценка за врв во ПЕТТО одделение?!

Родителите се криви,не дека не...ама целиот систем на воспитување на деца на темава го коментираат всушност...децата.
И оние кои немале сеуште дете кое оди барем во основно.

Ќе го коментирам и јас,да биде иронијата уште поголема.
Значи,размислете малку дека како ќе ги поставите стандардите,околу нив и ќе се движат оценките.

Границата која ќе ја постават родителите е мерило за децата.
Ако е петка,тие секогаш ќе се стремат кон петки,ќе го даваат максимумот од себе.
Ако е тројка,како што повеќето форумџии тука се фалеа,тие ќе бидат ЗАДОВОЛНИ со таа оценка.

Грешката на родителите е во перфекционизмот,не треба секогаш да бидат петки,туку секогаш треба да се стреми кон петки.

Но најкомичниот елемент е тоа дека родителите ги обвинувале професорите...прајслес.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
253
Поени од реакции
12
Добро бе и мојте оценки не се баш сјајни, не се сите 5ки па не се фрлам од прозор. :toe:На девојчето мора да му е напунета главата од дома дека мора сите да и се 5ки и крај.И мене ме тераат од дома да учам ама до толкав притисок...:toe:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Ма нек се си јебе матер, не ни треба таква младина што се самоубива за четворка.
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
Ај ќе одеме пред Министерството за образование и со масовно самоубивање ќе протестираме против тестовите на крај !!!!
Мала Шала
Не стварно претеруват и мислам дека таа ушеничката е во право
(Не таа шо сакала да се убие де , другата со бројот 100)
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Ех и мене ми викат од дома учи,ама за четворка да се фрлиш низ прозор... :nesvest:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Четворка е доста солидна оценка и во никој случај не треба да се сфати како неуспех, поготово не во петто факинг одделение. Ебати воспитно-образовниот систем каде што на дете од 10 години му се наметнува комплекс на помала вредност.
Точно така, ебати. Наметната потреба за имање се петки доведува до учење за петки а не за знаење, а тоа доведува до машинизирање и унифицирање на нас живи, човечки суштества со свое јас. Кај многу професори е битно рецитирањето, тоа дали ја знаеш лекцијата како они што ја предале и дали им климаш со глава на час, а не дали навистина го разбираш материјалот. Ебати.

За девојчево немам коментар, мора да има милион причини за правење на таа ствар.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
До кај стигна светот,под притисок на сите и на крај никој не добива :toe: само незнам кои се тие родители коишто повеќе сакаат петка отколку да се врати нивното дете живо и здраво дома после училиште!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Вакви лабилни израснуваат вообичаено во личности кои се тресат при прв повик на шефот, лижат и што уште не. Ене ги иам колеги такви. Ја па требаше основно од ајфелова да скокам ако е за оценки. Но обично машките ученици (од искуство во моето семејство-децата) помалку се потресуваат за оценки отколку женските.

И да, не се ставаат оценки само врз основа на знаење... и за тоа треба улигување и поткуп.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ова е од дома форсирање и репресија. Ене ја, дома го притиска брат ми, а детево не го бива... Некои родители се полни со ненадминливи комплекси од кои страдаат само нивните деца. А трагичното е што возрасните тоа не го разбираат. Оценката не е знаење. Знаењето има потенцијал да биде оценка, но не мора да е. Поважна е социјализаторската улога на родителот, отколку да брои просек и дипломи на детето му. Трагични се некои родители, како мајка ми на пример, која ги нема сфатено вистинските вредности во животот, а тоа не се оценките, туку поведението, разбирањето на материјата, мислењето со своја глава, можноста за рационално изведување заклучоци... Но, никој никогаш нема да успее да и` објасни. Нејзина загуба, во секој случај. Јас сум среќна што учам за знаење и за мој личен прогрес, а не за баџанакот или комшијата.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Сега криви професорите, родителите.....Get real, девојчето сакало само малце повеќе внимание. Емо филмови, агресивна музика, мекдоналдс и кока кола се криви
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Сега криви професорите, родителите.....Get real, девојчето сакало само малце повеќе внимание. Емо филмови, агресивна музика, мекдоналдс и кока кола се криви
Не се согласувам. За да посегнеш по сопствениот живот, треба да се најдеш во момент кога сите бродови ти тонат, кога си во очај, страв, паника... Еден во медицинско, лани се обеси на врата, добил единица... Дома ќе го убиеле, па поарно сам...:nesum:Има два канали во кои може да се развива репресијата на родителот-во амбициозност и во терање. Никој не се родил амбициозен. Дете од 13 години, не верувам да е во состојба да привлекува внимание со самоубиство. Тоа е одраз на голема несигурност и нереално согледување на работите во афект, бидејќи така од дома му е кажано-дека мора да е најдобро! Не знаеме дали од дома ја частеле со чакмаци, шамари, психичка тортура... Се` е можно.:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Е од дома што да кажат. Браво дете, продужи така. 1,2,3,1,2,3. Не зборам за ќотек, далеку од тоа, ама рамнодушност према оценка од страна на родител...
И после ела запиши го негде.
Сепак до детето е, ни до родител (боже мој, ако не удира, ако не е агресивен) ни до професор/наставник.

Btw, сега треба да запишувам матурант на факултет. Со кои оценки ќе го примат? Добар многу добар. Значи треба (ако воопшто го примат) да плаќам. А да не го карав и се расправав и преземав мерки до каде ќе идеше со успех? Едвај доволен. Зошто да не се кара? За да не се повредува психата на детето?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.676
Поени од реакции
13.277
Сега криви професорите, родителите.....Get real, девојчето сакало само малце повеќе внимание. Емо филмови, агресивна музика, мекдоналдс и кока кола се криви
Да додадам и троа Розалинда заедно со Матеја Плачипиковиќ од заебана љубав.

Шега на страна, ситуацијата е озбилна ако нејзините родители патат од комплекс мање вредности. Утре тоа дете нема да живее повеќе со нив. Како тие ќе го го пројдат моментот кога таа ќе се мажи? кога ќе основа свое семејство? Треба тие да се запрашаат дали треба д ја водат кон живот каде вредностите се само имање на диплома а притоа незнаејќи за што служи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom