Перпетуум Мобиле во Македонија

Дискусија во форумот 'Наука и технологија' започната од Apokalipto, 18 февруари 2011.

  1. Vojo Ushevski

    Vojo Ushevski http://www.youtube.com/watch?v=ek6efc2D7so

    Член од:
    25 декември 2008
    Мислења:
    693
    Допаѓања:
    35
    http://enauka.mk/proizvodstvo-na-svetlina-so-pomosh-na-gravitatsija/ Tuka neshto se zboruva za tegovi so nekoi presmetki shto mislam deka ne se tochni.A jas gi imam gravitacionite tegovi vo konstantna rotacija a so gravitacijata na tegovite imam konstantna Energija , no kako i kolku vo narednite nekolku meseci ili ovaa godina ke ja imame na delo mashinata no moram da ja namalam malku poradi finansii. POZDRAV
    --- Споено дупло мислење, 14 мај 2017 ---
    jUZNIOT TEK SHTO GO GRADAT ZA PROTOK NA GAS ILI PLIN PO MOE KE SE NAJDE ZA VMETNUVANJE NA KABLI VO TIE CEVKI DO PODALECHNITE POTROSHUVACHI NA STRUJA I TOA SIGURNO ZA 10 PATI POEFTINA ENERGIJA ILI STRIJA KOJA E PROIZVEDENA NA EKOLOSHKI NACHIN BEZ ZAGADUVANJE NA CHOVEKOVATA OKOLINA ILI BEZ SOGORLIVI ENERGENSI.
     
    Последно уредено: 14 мај 2017
  2. DLM

    DLM

    Член од:
    понеделник
    Мислења:
    26
    Допаѓања:
    1
    На почеток поздрав и благодарност до сите што темата опстојува!
    Овој мој пост ќе биде малкуцка поголем. Прво би сакал да кажам дека има многу шарлатани кои се обидуваат да се прослават или обогатат и се подготвени за тоа да се служат со измами. Но од друга страна се настапува со аргументи од типот ЈАС И МОИТЕ ТЕХНИЧКИ ДИПЛОМИ, ќе признаете тоа не се аргументи, затоа што ако Библијата се прифаќа како конечна вистина ( постоењето на Бог не се докажува туку се верува - значи јас верувам и јас не верувам, секој прави сопствен избор кој го темели на своето знаење и интелект) во науката не важи тоа правило, па затоа и доаѓа до нови откритија кои не доведоа до денешниот степен на развој, а со секое ново откритие се доведуваат и светите закони во прашање. Како доказ за оваа тврдење е и тоа што постојат еден Тесла и еден Ајнштајн, тие самите не верувале во тогашните Свети закони туку упорно работеле и докажале, значи секому му е дозволено да истражува и да изнајде нови технологии и закони!

    Што се однесува до Војо и неговите постови, тој во едно е во право. Тоа е дека ако стремиме кон слободно општество тогаш енергијата мора да биде бесплатна како и воздухот - тоа е еден нов концепт на човекови слободи. Некому оваа ќе му звучи како утопија а некого ќе го потикне да истражува на тоа поле да види дали има некоја фалинка во научните догми, дали законите за термодинамика се конечни или не ќе да е баш така...

    Сметам дека воведот е доволен.
    Повеќе години ги следам истражувањата и новитетите на полето производство на енергија и други сродни технологии. Според моето скромно знаење дојдов до неколку сознанија за кои сметам дека би можеле да имаат позитивни резултати, затоа овде ќе посочам неколку а нивно пошироки појаснувања подоцна ако некој покаже интерес за размена на искуства.
    1. Производство на ел.енергија преку солени батерии. (овој концепт се темели на користење на СОЛ и вода што за резултат дава ел енергија 5-6 часа и може да напојува повеќе лед диоди па дури и да послужи како полнач на мобилен телефон)...
    2. Графитни батерии кои многу лесно може да се произведат, нивното полнење е за само 30-40 секунди, истите се според мене една од можните решенија за авто-батерии...
    3. Ротовертер, склоп кој треба да се покрене со акумулатор или со механичка сила и кој врз база на користење на кондензатори и начин на спојување на намотките на електромоторот треба да создаде повеќе енергија односно едниот електромотор да покренува генератор кој произведува доволно енергија да го одржува движењето на електромоторот па и повеќе....
    4. Генератори со неодиумски перманенти магнети, до сега дојдов до два концепта на оваа технологија кои ветуваат и сум 98% сигурен дека овој концепт е најефтин и сигурен, односно на влез од 60-80 вати може да произведе 280-320 вати енергија што е ќе признаете револуција. Ако сакате повеќе детали истите ќе ги поставам овде па секој самиот нека види и одлучи дали ќе истражува и колку.....
    5. Индукциони грејачи, ова е иднината на грејачите, многу едноставно може да се произведе. Еве само еден податок: за 40с предметот од алуминиум достигнува 40степени, од бакар 70-80 степени а ако предметот е од железо достигнува дури 170 степени целзиусови. Секој може да си направи индукциски сад во кој може да топи обоени и необоени метали.... Наједноставно е да се искористи како извор уред за варње а другото е навистина многу едноставно....
    6. Магнетни грејачи. Овој концепт мислам самиот да го произведам за себе а како погон да користам теслина турбина која би била погонувана со воздух или вода. 100% сигурен и ефтин производ кој за само 1000ден. сметка за струја може да се греете во својот дом. За само 1-2 минути температурата во цевката која се грее со магнети достигнува 700-800 степени температура.....
    7. ННО генератор. Ова е многу едноставен и ефтин уред кој преку електролиза произведува браунов гас кој со специјален сад се филтрира на водород и кислород, треба само да се внимава затоа што баруновиот гас е поприлично експлозивен ако се компримира но ако истиот е слободен тогаш нема зима. За греење на една куќа од 250 м2 потребни се 12-15л гас а истиот се произведува со снага од околу 350вати се разбира со додавање на специфични додатоци во водата како и со осцилатор ефектите се многу подобри... Во светот веќе има многу обиди и успеси за примена на оваа технологија за погон на возила и агрегати...

    Мислам дека е доволно за денес, ако претерав извинете. Аза други технологии во друга прилика. Секој кој сака да се обиде да изработи свој уред стојам на располагање да му испратам целосна документација со сите потребни упатства кои ги имам јас.
    Поздрав,
     

Сподели преку: