Перпетуум Мобиле во Македонија

Дискусија во форумот 'Наука и технологија' започната од Apokalipto, 18 февруари 2011.

  1. Apokalipto

    Apokalipto (М)

    Член од:
    4 март 2007
    Мислења:
    15.579
    Допаѓања:
    2.569
    Очигледно некој или некои намерно грешеа во претходната тема, некои си зедоа преголема слобода, меѓу кои и авторот т.е иноваторот Војо Ушевски кој во темата почна да настапува со свои животни философии и размислувања на кои не им е местото во овој подфорум а истите наидоа на дополнителен потсмев од повеќето членови. Ќе почнеме одново во нова и свежа тема, прво за да се поштедам јас од чистење и казнување на сите кои се опуштиле а второ темата да биде за она што и треба да биде - презентација на проектот (прототипот) на Војо Ушевски, без никакви дополнителни забегувања и животни философии.

    Одиме од почеток, г-динот Војо Ушевски е иноватор на "Перпетум Мобиле" (според него бидејќи во моментов истото не добило сертификат).

    Неговата иновација:
    Неговиот блог

    Статии за него по наши медиуми и весници

    Линк каде може да го преслушате нрговото гостување на радио

    Неговото гостување на Сител Тв - дел.

    Плус неговото г (има 6 дела)

    И се разбира повторно линк од претходната тема




    __________________________________________________________

    За да не водам монолог ќе го надополнам овој пост:

    http://www.spasenie.com.mk/ - Веб сајтот на Војо Ушевски, каде во галериjа може да видите фотографии од неговата направа и фотографии од сертификатите кои ги добил (бидејќи е во флеш неможам да ги извадам сликите тука).

    Со ова ја отворам темава, и повелете со прашања за МАШИНАТА, за тоа како работи, и какви се плановите на Војо за неа, зошто не ја презентира во јавност... зошто не ја изработи од некој друг материјал освем дрво итн.

    Ќе биде избришано секое оф-топик мислење, троловите ќе бидат казнети без предупредување, и секое дистанцирање (пост кој води во таа насока) од поентата на темата ќе биде избришан.

    let the games begin.
     
    На ВилиБ и AceMaus им се допаѓа ова.
  2. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Бивши Скај Дог

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.660
    Допаѓања:
    941
    Да бев женско ќе се заљубев во неговата интелигенција.

    Секоја чест, стварно неам коментар сувишно е да се зборува може само пофалби.
     
  3. Господ

    Господ Гостин

    Ајде пак...
    Машинава движи вода по природен пат,имено вода се крева од река под некојси притисок и после ја одржува во течение во машината под некаков си притисок?
    Кој притисок,од каде притисок?
    Што ја движи водата во бурето?
     
  4. Vojo Ushevski

    Vojo Ushevski

    Член од:
    25 декември 2008
    Мислења:
    711
    Допаѓања:
    37
    AJDE POVELETE SO PRASHANJA ZA MOITE MASHINI SHTO SE VO GRUPATA NA PERPETUUMMOBILE.

    Samata protiv teza predizvikuva dvizenje so iskoristuvanje na vkupnata tezina a taa tezina stvara pritisok ili poznat proces no so dodavanje na finesi od strana na chovekot ili od inovatori.POZDRAV
     
  5. Dee_Jay

    Dee_Jay

    Член од:
    5 август 2007
    Мислења:
    3.285
    Допаѓања:
    1.429
    A до кај си со машинава, нели имаше најави дека Јануари/Фебруари ќе биди готова?
     
  6. Vojo Ushevski

    Vojo Ushevski

    Член од:
    25 декември 2008
    Мислења:
    711
    Допаѓања:
    37
    Ajde malku od vasha strana da obrazlozite za trienjeto shto go smetate za problem vo mashinstvoto a bez trienje nema ni zivot ni tu mashinstvo i shto vsushnost e problemot na zakonot na termo dinamikata shto koga toj ubavo se prestavuva vo prvata rechenica od istiot ali nema vo naukata ILI AKO ILI AKO E TAKA tuku realnoto vo dostignuvanjata na opredelen fizichki zakon no trebe sekogash da imame rezerv vo validnosta i na takvite fizichki zakoni bidejki e mozno istit da go zloupotrebi choveshtvoto se negovo ne realiziranje do kraj ili ovozmozil tolku kolku da se manipulira so nego pa zatoa trebe mnogu da se raboti da takvite zakoni bidat realizirani do kraj na dobroto na site a ne samo za poedici ili ako samiot fizichki zakon dozvoluva manipulacija dava do znaenje deka toj e ne realen ili ne celosen.

    --- надополнето ---

    Pri kraj sum a koga bide gotova ke ja postiram so sigurnost a pravam odlaganja bidejki ja usovrshuvam a nekoj ako ne veruva vo moite zborovi okolu mashinata neka dojde slobodno kaj mene doma i neka proveri.POZDRAV
     
    На Out Of Reality му/ѝ се допаѓа ова.
  7. |Volkswagen|

    |Volkswagen| Тастатурата е посилна од мечот!

    Член од:
    21 јули 2009
    Мислења:
    2.592
    Допаѓања:
    690
    Ја започна мислата (од 5 реда) со разглоубвање на теоријата на термодинамика...а завршуваш со филозовско размислување... :tapp:

    Војо, човече, со глава ѕид туркаш! Човекот стигнал на крајот од Сончевиот систем почитувајќи ги правилата на термодинамика. Ти, се најде, со машина што Х години се трудиш да ја направиш, се трудиш да ја побиеш таа теорија.

    Мислам, реално се граничиш себе си да те нарекуваат луд, на секаде, не само на форумов. Не се бламирај со такви тези.

    Ако имаше трунка логика во твоето размислување, безрезервно би те поддржал. Но, самото твое постоење и седење на столче на твојот компјутер е врз база на термодинамиката. Зошто тоа е така, детално е објаснето во тооните и тоните книги и иновации кои реално постојат и се употребуваат.

    Зошто мислиш дека си првиот што направил обид за перпетуум мобилен со механизам составен од дрвени делови, лагери и вода ? Со ВЕКОВИ тоа се обидуваат, со изуми далеку, далеку, далеку подобри од твоите и подобро концепирани како со материјалите кои се употребуваат, инженерингот што влегол и самиот концепт.

    На крај, се се сведува на термодинамика и отпорот на воздухот.

    Секој ротирачки механизам се потпира врз некаква оска. Врската меѓу оската и механизмот секогаш има триење, топлина итн. Со тоа направата ја губи енергијата. Отпорот на воздухот (иако тебе можеби ти е мал и занемарлив) но има ОГРОМНА улога во движењето на било кое тело на Земјата (освен она што е во вакуум).

    За твојата машина да функционира треба да решиш САМО два проблеми

    1) Губењето на енергија кај ротирачките елементи (триењето)
    2) Како целата машина да ја сместиш во вакуум комора. Ваква комора има НАСА и Европската вселенска агенција
     
  8. Господ

    Господ Гостин

    Еве и друга работа за триењето.

    Течноста не се движи низ цевката, како целина,туку во слоеви кои се лизгаат еден покрај друг во различни брзини.
    Сите течности имаат вискозност.Вискозност е внатрешниот отпор на било која течност да се спротиставува не течението.Ова значи дека слоеви од флуидот "лизгаат" од еден на друг, но така што течноста од еден слој не минува во другата.
    Што значи,не може да нема загуби бидејки се оспорува движењето.

    Него да те прашам за возврат,колку обртаи прави главната турбина во минута?
     
  9. Tetro

    Tetro Гостин

    - Г-дине Војо, мило ми е што ја имаме можноста повторно да подискутираме за машинчињава, и да најдеме начин да го подобриме концептот, па да бидеме на правиот пат и да нашата работа вроди со плод.
    - До другите членови: Читајте погоре што ви напиша Apokalipto. И јас би замолил да се однесувате коректно на темава и да не ја носите дискусијата во друга насока. Воздржувајте се од провокации и навреди кон човек кој може да ви биде татко и дидете културни барем на оваа тема. Ако немате што да кажете, подобро е да ја прескокнете темава.


    Како што рековме и на другата тема, најдобро е на почетокот да поставиме и да разграничиме неколку познати дефинирања и постулати од физичките закони, како и од термодинамиката.
    Општо за енергијата (термодинамички):
    - Можноста на секое тело да предава сила на некое растојание, се нарекува енергија.
    - Производот од силата и растојанието на кое дејствува таа сила, ќе го наречеме работа. Во физиката поимот работа означува уште и мерка за претварање на еден вид енергија во друг. Енергијата се мери во [J][Nm]
    - Моќта претставува количество на трансформирана енергија (извршена работа) во единица време. (мерка за енергијата е [J/s] или [W])
    - Rudolf Clausius во 1850 година рекол: Енергијата може да се трансформира од еден вид во друг и тоа секогаш така што одредено количество на енергија од еден вид, точно одговара на одредено количество на енергија од другиот вид. Не е возможно да се измисли, или конструира никаква машина, уред или постапка со која би можело од ништо да се создаде енергија, или со помош на која енергијата би можела да се уништи.


    Повелете. :)
     
    На Boomerang и Out Of Reality им се допаѓа ова.
  10. Vojo Ushevski

    Vojo Ushevski

    Член од:
    25 декември 2008
    Мислења:
    711
    Допаѓања:
    37
    Ako dobro ja rastumachi mojata misla ili jas ne gi negiram postoechkite zakoni ili istite so malo revidiranje moze da bidat po realni ili po korisni e sega jas tvrdam deka so sopstvenata tezina ke se predizvika i obezbedi dvizenje ili dvizenje bez sogorlivi energensi a za proizvodstvo na struja ili za dvizenje na generatori e naj mal problem a ostanuva da go klasificirash vo koj sakash zakon toa.POZDRAV
     
  11. Vojo Ushevski

    Vojo Ushevski

    Член од:
    25 декември 2008
    Мислења:
    711
    Допаѓања:
    37
    Se slagam i jas so administratorot i taka trebe e sega jas ja obrazlozuvam mojata mashina na moj nachin i nee teshko za svakanje bidejki pishuvame i zborime Makedonski.Ili jas ne rekov nikade deka od nishto moze da se napravi neshto tuku vi obrazlozuvam mashina od zelezo ili metal koj ke proizveduva elektrichna energija ili drug vid na energija so ednash vlozuvanje na potrebnoto do do zastaruvanje ili do krshene na nekoj del no naj vazen e principot a toj e ne promenliv ili vrsham zamena ili otstranuvanje na sogorlivite energensi od mashinstvoto.POZDRAV
    KE BIDA ISKLUCEN OD KOMPJUTER DO POKASNO

    --- надополнето ---

    Ako na tecnosta i se obezbedi ednakov vlez i izlez tezinata e sekogash ista nezavisno od koja komora izleguva no vo sluchajot kaj mene e napraveno kako trebe da se odviva toj proces koj konstantno obezbeduva dvizenje.POZDRAV

    --- надополнето ---

    KAJ STE I SHTO E OVOJ ZASTOJ VO KOMENTARITE:nesvest:

    --- надополнето ---

    Sopstvenata tezina koja pretstavuva masa moze da bide naj dobra energija bidejki taa energija mozesh da ja povrzuvash so soodvetni lostovi a na toj nachin se zgolemuva silata a od dobienoto moze da se transformira od eden vo drug vid na energija.
     
  12. |Volkswagen|

    |Volkswagen| Тастатурата е посилна од мечот!

    Член од:
    21 јули 2009
    Мислења:
    2.592
    Допаѓања:
    690
    Конфучие кажал една паметна мисла

    Тој што не знае, не знае дека не знае, опасен е,
    Тој што не знае, а знае дека не знае, избегнувај го,
    Тој што знае, а не знае дека знае, разбуди го,
    Тој што знае, а знае дека знае, следи го“.

    Војо ти не знаеш и не знаеш дека не знаеш, ако тебе тоа ти изгледа логично, не значи дека и во природата е така.

    Јас ти гарантирам со сиот мој интелект дека НИКОГАШ нема да креираш машина од типот на Perpetuum mobile

    Можеби! ќе биде полезна машина, можеби ќе измислиш таков циклус, но и нуклеарната енергија е полезна, но не е perpetuum mobile.

    Јас викам вака...

    Да се прогласи мораториум на темата. Се додека Војо не прикажи како неговата машина функционира и работи како што тој сака да работи, повеќе да не пишуваме.

    Мислам дека ако и самиот Војо верува во ова чудо, тоа ќе биде за доста кратко време, а и еве нека му служи како стимуланс за побрзо да ја заврши работата.

    Доколку, Војо не успее во овој потфат, јавно ќе му се заблагодариме за потфатот и трудот и ќе му се тргне етикетата на налудничав човек што сака да турне ѕид со глава.

    Мислам дека е фер?
     
  13. Apokalipto

    Apokalipto (М)

    Член од:
    4 март 2007
    Мислења:
    15.579
    Допаѓања:
    2.569
    Можеби е фер, бидејќи и во претходната тема а и тука гледам дека Војо вешто го одбегнува тој одговор, затоа и реков да не форсирате со философски забегувања од темата и |Volkswagen| немој веќе да ја туркаш темата во некоја чудна насока :)

    Војо, од тебе го очекувам постот кој требаше да биде воведен во темава... принципот на работа и тоа што очекуваш да постигнеш со ...направата.
     
  14. |Volkswagen|

    |Volkswagen| Тастатурата е посилна од мечот!

    Член од:
    21 јули 2009
    Мислења:
    2.592
    Допаѓања:
    690
    Fair enough!
     
  15. Apokalipto

    Apokalipto (М)

    Член од:
    4 март 2007
    Мислења:
    15.579
    Допаѓања:
    2.569
    Хмм, има нешто што и јас не сум го сфатил до сега?

    Твоите "машини" кои се во групата на перпетум мобиле? Колку ги имаш? И зошто ниту една од нив (барем една) не ти проработела
     

Сподели преку: