Перо Антиќ со кукавичка изјава дека доаѓа од „ФИРОМ“

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 април 2012
Мислења
4
Поени од реакции
1
Отсега нека настапува за ФИРОМ, а не за МАКЕДОНСКАТА репрезентација.
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Отсега нека настапува за ФИРОМ, а не за МАКЕДОНСКАТА репрезентација.
Гледам ти си спремен да играш за Македонската репрезентација.И да играш мајсторе,првин речи им на Државниот врв,да се представуваме под Македонска репрезентација.Откако ќе успеат во тоа,слободно играј за македонската репрезентација.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И ај после не речи дека грциве не се педери.
Поштено ме изнасмеа!:pos::pos::pos::pos:

Не треба никогаш да се избрзува со реакции. И јас најверојатно некогаш избрзувам, а не треба. Кога прв пат чув за ова, мојата реакција беше: “Аман бе Пероо бе, зашто бе Перо?“:facepalm:, Глупо се осетив јас, но во ниеден момент не ми падна на памет да земам да го ругам, да му посакувам да скрши нешто (мислам малце усул треба да се има), да го пцујам и да го викам предавник, затоа што истиот тој човек ги даде душата и срцето на терен и со дела покажа колку му значи Македонија. Знамето е таму, го виделе сите. А Панчев... Панчев е едно друго време, други услови, други околности, што секако дека е и тоа за поздравување, ама има разлика.

Дали кикснал? - Несомнено ДА, ама нема потреба од толку тешки зборови и навреди упатени кон него, зашто нема сила што може да ме разубеди во тоа колку Перо ја сакаа оваа држава и дека на квалификациите ќе направи се во негова моќ за да придонесе да се пласираме. (y)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Отсега нека настапува за ФИРОМ, а не за МАКЕДОНСКАТА репрезентација.
Не постои Македонска репрезентација, ФИБА не те признава како Македонија како ФИРОМ те признава. Тоа не ти смета повеќе од тоа што го кажал Перо ?
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.842
Поени од реакции
2.108
Лесно е да се плука

Луѓето имаа краткотрајна меморија. Само со тоа можам да си го објаснам начинот на кој многумина се нафрлија на Перо Антиќ по неговото претставување како играч на Олимпијакос пред стартот на полуфиналниот дуел со Барселона.
Како поинаку да се објаснат сите етикетирања и напади врз капитенот на нашата кошаркарска репрезентација, кој при таа најави рече дека е од ФИРОМ.
Несреќна референца која на сите нам ни пречи и која не сакаме да ја чуеме, посебно не изговорена од некој наш амбасадор, во овој случај спортски каков што е Антиќ.

Но. во исто време и референца под која не води Светската куќа на кошарката - ФИБА, и која стои и зад имињата на Владо Илиевски, Војдан Стојановски и Предраг Самарџиски, на профилите на нивните екипи. Поради тоа и на дресовите на нашата репрезентација лани на ЕП во Литванија наместо името на државата, како кај другите селекции, стоеше име на еден наш спонзор. Нешто против кое МКФ не може ништо да стори, а секој обид за патриотизам сигурно скапо би не чинел.
Тоа е начинот на кој ФИБА не ословува, и секој обид од страна на Антиќ да го изговори нашето уставно име веројатно немаше да заврши среќно за него. Посебно ако се знае дека тој е дел од еден од најголемите грчки клубови и живее во престолнината на земјата поради и која мораме се уште да ја трпиме таа референца.
Лесно е да се седи од дома и да се критикува Перо, посебно кога не сте во негова кожа и не морате да мислите на своето семејство и својата иднина во Атина. Лесно е ако не се знае што се може да предизвика едно негово спомнување на нашето уставно име на грчка национална ТВ, пред илјадници навивачи кои се дел од ултрас групите кои го поддржуваат Олимпијакос и кои се задоени со национализам, па дури и фашизам во некои случаеви.
Лесно е и да се спомене Дарко Панчев, и тоа како тој пред дуелот со Панатинаикос пред две децении како играч на Црвена Звезда во картонот на пасошката контрола напишал дека е од Република Македонија.
Случка кога несреќната и нималку убава референца ФИРОМ се уште не нѝ беше ни закачена и која нема ама баш ништо заедничко со оваа на Антиќ. Тогаш работодавец на нашата фудбалска легенда беше екипа од Белград, а не од Атина, и примањата и кариерата на Панчев не беа поврзани со волјата на Грците и нивната бизарна преосетливост поврзана со нашето уставно име.
Лесно е и да се занемари фактот дека за нашите најголеми национални празници илјадници наши сограѓани добиваат лист при преминувањето на грчката граница, само затоа што Грците не го признаваат пасошот на кој пишува „Република Македонија“ и продолжуваат да ја посетуваат масовно државата поради која и ја носиме таа несреќна референца.
Лесно е, а не би требало да биде така, да се заборави и Евробаскетот во Литванија минатата година и што сè тој нѝ донесе на сите нас. Кошаркарите, меѓу кои и Антиќ, нѝ приредија незапаметено славје и наплив на позитивна енергија со освојувањето на четвртото место, ставајќи ја „малата“ Македонија пред некои од најголемите ѕверки на европската кошарка.

Тогаш Антиќ беше херој, јунак, му се „градеше“ и споменик - Перо на коњ. Се возвишуваше и тој, и неговите соиграчи, кои за оствареното во Литванија добија и медали од страна на Претседателот на Република Македонија.
Толку ли бргу го заборавивме сето тоа и станавме лицемери, подготвени да плукнат на оној кој до вчера го славеа?
Нема друг збор кој би го објаснил тоа освен лицемерие. Критикување и етикетирање, нешто што стана омилен „спорт“ кај нас последниве години, без притоа да се размисли малку, не е ништо друго освен лицемерие.
Не знам како не се плука и врз сите оние официјални лица од највисок ранг кај кои при своите посети на Европската унија и некои други меѓународни институции пред нивните имиња стои таа несреќна за нас референца. Но, кога тоа ќе го изговори Антиќ тоа станува „предавнички“ гест од највисок ранг.
По поделбата на предавници и патриоти во речиси секоја сфера на нашето општество, зарем дојдовме до тоа дереџе да почнеме да ги делиме и спортистите на патриоти и предавници?
Дури и несфатливо е како не се нагласува тоа (секоја чест на исклучоците) дека Перо Антиќ е ПРВ Македонец кој некогаш бил дел од финалето во Евролигата. Достигнување кое ниту еден наш кошаркар до сега го нема остварено. Можеби не е главен играч на Олимпијакос, но секако е важен дел од ротацијата на легендарниот Дуда Ивковиќ, нешто што го докажа и против Барселона.
Останува да го изгледаме и утрешното финале со ЦСКА Москва, во кое тимот од Пиреа ќе се обиде да направи уште едно изненадување и да стане европски шампион. Тоа ќе значи и дека Перо Антиќ ќе стане првиот Македонец кој се искачил на европскиот клупски кошаркарски трон oд осамостојувањето на Македонија и од формирањето на Евролигата, достигнување за кое многумина можат само да сонуваат.
Во тој случај само се надевам дека меморијата на луѓето навистина е краткотрајна и дека бргу ќе се заборави овој „предавнички“ муабет и дека сите ќе го славиме Антиќ, овој пат како европски шампион.
Па потоа сеќавањата пак нека бидат краткотрајни, па во јули годинава од Скопје да ги испратиме Антиќ и остатокот од кошаркарската репрезентација на Олимписките игри во Лондон, на ист начин на кој ги дочекавме кога се вратија од Литванија.

http://www.time.mk/read/6266a2e5b5/4e608f629d/index.html


 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Не постои Македонска репрезентација, ФИБА не те признава како Македонија како ФИРОМ те признава. Тоа не ти смета повеќе од тоа што го кажал Перо ?
Добро, ќе разберете дека дебилни се тие причини поради кои го браните испадов негов?
У ОН сме под референца, ама не познавам никој од народов така да се идентификува у странство.
Разберете дека ова беше непотребно од негова страна и крај. Нека се обиде оваа прљавштина да ја избрише некако, у спротивно не знам зашто би ми биле мили неговите успеси.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Поштено ме изнасмеа!:pos::pos::pos::pos:

Не треба никогаш да се избрзува со реакции. И јас најверојатно некогаш избрзувам, а не треба. Кога прв пат чув за ова, мојата реакција беше: “Аман бе Пероо бе, зашто бе Перо?“:facepalm:, Глупо се осетив јас, но во ниеден момент не ми падна на памет да земам да го ругам, да му посакувам да скрши нешто (мислам малце усул треба да се има), да го пцујам и да го викам предавник, затоа што истиот тој човек ги даде душата и срцето на терен и со дела покажа колку му значи Македонија. Знамето е таму, го виделе сите. А Панчев... Панчев е едно друго време, други услови, други околности, што секако дека е и тоа за поздравување, ама има разлика.

Дали кикснал? - Несомнено ДА, ама нема потреба од толку тешки зборови и навреди упатени кон него, зашто нема сила што може да ме разубеди во тоа колку Перо ја сакаа оваа држава и дека на квалификациите ќе направи се во негова моќ за да придонесе да се пласираме. (y)

Бидејќи изјавите кои го оправдуваа од претходно се темелеа на неговата професионалност, и тебе и на другите ке ве замолам, штом е таква работата, да не ја мешаме неговата професија со национални и патриотски чувства, односно - тој се бори кога игра за Македонија, не за ВАС, односно не од патриотски причини, туку заради тоа што е професионалец = си се промовира самиот, и сонот на секоја про спортист е да има успеси = олимпијада.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Бидејќи изјавите кои го оправдуваа од претходно се темелеа на неговата професионалност, и тебе и на другите ке ве замолам, штом е таква работата, дане ја мешаме неговата професија со национални и патриотски чувства, односно - тој се бори кога игра за Македонија, не за ВАС, односно не од патриотски причини, туку заради тоа што е професионалец = си се промовира, и сонот на секоја про спортист е да има успеси = олимпијада.
Не ме разбираш - јас велам дека е КИКС, дека не му требаше ова, ама нема да го плукам и да го навредувам, затоа што сум убедена дека ја сака државава многу повеќе од некои други и има повеќе направено за Македонија од истите тие.
Не го оправдувам тоа што го направил, навистина не ми е јасно како УСПЕА да го прочиташ тоа, стварно ми е преку глава на форумов секој да си чита како него му одговара.
Реков дека е кикс, дека ми падна глупо, ама за разлика од некои јас нема да го вреѓам. Не плукам таму каде порано сум викала Браво. (а и верувам дека ќе има уште настапи за Браво)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Добро, ќе разберете дека дебилни се тие причини поради кои го браните испадов негов?
У ОН сме под референца, ама не познавам никој од народов така да се идентификува у странство.
Разберете дека ова беше непотребно од негова страна и крај. Нека се обиде оваа прљавштина да ја избрише некако у спротивно не знам зашто би ми биле мили неговите успеси.
Перо во Олимпијакос не ја претставува Македонија, тоа го прави кога игра за репрезентација. Перо во Олимпијакос може да каже дека е и од Кина, тоа е негова кариера, негов живот, негова работа. Перо е индивидуалец кој игра во екипен спорт во друга држава. Кога Перо ќе игра во репрезентација тогаш ако каже ФИРОМ прв ќе го реметам.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Перо во Олимпијакос не ја претставува Македонија, тоа го прави кога игра за репрезентација. Перо во Олимпијакос може да каже дека е и од Кина, тоа е негова кариера, негов живот, негова работа. Перо е индивидуалец кој игра во екипен спорт во друга држава. Кога Перо ќе игра во репрезентација тогаш ако каже ФИРОМ прв ќе го реметам.
Вака сега...
Има многу голема разлика од само FYROM и од FYR Macedonia.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Не ме разбираш - јас велам дека е КИКС, дека не му требаше ова, ама нема да го плукам и да го навредувам, затоа што сум убедена дека ја сака државава многу повеќе од некои други и има повеќе направено за Македонија од истите тие.
Не го оправдувам тоа што го направил, навистина не ми е јасно како УСПЕА да го прочиташ тоа, стварно ми е преку глава на форумов секој да си чита како него му одговара.
Реков дека е кикс, дека ми падна глупо, ама за разлика од некои јас нема да го вреѓам. Не плукам таму каде порано сум викала Браво. (а и верувам дека ќе има уште настапи за Браво)
Мислам дека во мојате реплика реков дека треба веќе да не ги мешаме неговите чувства, односно штом не е предавник, нека не биде патриот. Зошто?

Затоа што тоа беше главното оправдување: „абе браат, професионалец е, ова за леб го прави бла бла“?

Штом е така, зошто да го величаме и да се гордеете со него како патриот?

Тоа тој го прави од патриотски побуди, или затоа што сака да си се промовира и да направи успех, затоа што е факинг про?

Тоа беше прашањето. Гордеј си се ти со него, онаков каков што е: професионалец кој игра од патриотски чувства.

Ендемичен вид е Антиќ. Србин кој игра за најшовинистичкиот тим од нашата непријателска земја, изјавува дека е од ФИРОМ, ама сепак, има тој патриотски чувства, а ние имаме краткотрајна меморија.

Praise the Lord-a!
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Вака сега...
Има многу голема разлика од само FYROM и од FYR Macedonia.
Мене исто ми е и да го изговориш и да стои закачено на тебе на берзата во Њу Јорк. Перо гради кариера како професионалец во клуб во странство. Другиов е претставник на цела нација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom