M
Mario Gómez
Гостин
расположени како седумте раси една на друга по падините на планината. Патот на двајцата поети во почетокот е стрмен, опасен и тежок, а колку се качуваат се погоре, станува се полесен.
Во Чистилиштето Данте им го одредува местото на оние кои ги сознале своите гревови и се покајале, се отргнале од нив уште додека можеле да грешат. Нивните маки тука се привремени, и тие поминуваат, при општа радост, во се погорните кругови на Чистилиштето.
Ислегувајќи од пеколот Данте, придружен од Виргилиј се радува нма глетката на синото небо, ѕвездата Деница и другите ѕвезди. Наидуваат на чуварот а чистилиштето Катон, кој повеќе ја сакал слободата одошто животот. По негов совет Вергилиј го мие лицето на Данте, Поцрнето од саѓите и димот на пеколот, со роса од зелена трева.
По морскиот простор, одалеку се покажува румена светлина,, а од двете страни две бели светлини побрзо од птици се проближуваат. Тоа се крилјата на ангел кој на воздушен чун ги носи душите во чистилиштето. Новодојдените разговараат со Данте и се чуват оти жив е дојден тука.
Приближувајќи се кон стрмниот брег Данте забележува дека само неговото тело фрла сенка, додека низ Виргиловото зраците на сонцето преминуваат непреченот. Во врска со тоа Вергилиј му говори за ограничените можности на човечкиот ум да ги сфати сите тајни.
Поетите се влечат со раце и со нозе по стрмниот пат. Тука со предворјето на чистилиштето, ги среќаваат оние кои, поради својата мрзливост во животот или поради зафатеноста со световни работи, доцна се покајале па затоа треба долго да чекаат пред вратата на чистилиштето.
Настапува ноќ. Данте заспива во една расцветана долина. Во сонот му се чини дека небесен орел ги дига и ги пренесува низ пламења, па од горештината се разбудува. Гледа дена навистина е пренесен на ново непознато место, пред тесната врата на чистилиштето. Виргилиј му објаснува дека Луција, небесната милост, го пренела тука додека тој спиел, за да му го скрати тешкиот пат. Пред вратата, врз стапало од драгоцен камен, стои ангел, кој со врвот на својот меч ја пишува врз челото на Данте седум пати буквата Р (peccata- гревови). Поетот влегува во чистилиштето и до нивниот слух допираат гласови кои ја пеат химната Te deum laudamus.
Данте го опишува првиот круг. Планината тука е стрмна како ѕид, а врз белиот мермер се изделкани совршени уметнички релјефи, кои, преку сцени од светото писмо и од историјата, даваат примери на смиреност, скромност и човечка добрина. И во другите кругови на чистилиштето Данте говори за уметнички слики и релјефи со кои се украсени тие кругови, и кои треба да им помогнат на нивните жителида се преродат и да се очистат морално. Едни од тие слики даваат позитивни примери на човечките добрини, а други даваат примери за недостатоците и пороците, од кои треба да се ослободи човекот.
Во првиот круг на чистилиштето, горделивите и себичните луѓе носат на грб тешки камења и одат свиени под нивнат тежина, за да се излекуваат од својата тврдоглавост и надменост. И Данте оди наведнат за да и тој се ослободи од својата гордост. Поетите ги разгледуваат сликите за покажана горделивост и себичност.
Ангел со бели крилја го докоснува челото на Данте и тој макар што се качува по смртна карпа, чуствува ненадејно олеснување и во телото и во душата. Вергилиј му објаснува дека едното Р изчезнува од неговото чело, а другите во исто време избледеле.
Поетите преминуваат во вториот круг. Тука се зависливите луѓе. Нивните зависливи очи сега се зашиени со железни конци. Даден е лик на жена која, опфатена од завист, се радувала на несреќата на своите сограѓани. Кога излегуваат од вториот круг, на челото на Данте го снемува и второто Р. Влегиувајќи во третиот круг Данте преживува визии, кои представуваат сцени на човечка добрина, благост и помирливост, точно спротивни на оние негативни особености со кои се одликувале во животот жителите на овој круг: гнев, лутина и избувливост. Тука, за да го отплатат својот грев тие се движат во густ чад, симбол на нивниот грев, кој им ги замаглува очите во земниот живот. Изгелгувајќи од третиот круг, Данте чуствува свеж повеј од ангелски крилја и третото Р исчезнува од неговото чело.
Така поетите се искачуваат по планина во погорните кругови на чистилиштето. Во четвртиот круг мрзливите се ослободуваат од својата слабост со трчање без одмор. Во петтиот круг скржавите и расипниците заедно лежат со врзани раце. Во шестиопт круг лакомите, што го гледале животот само во јадење и пиење, живеат сега меѓу сочни плодови и бистри извори, но не можат да достигнат до нив и се исушиле од глад и жед. Во седмиот круг се очистуваат, преминувајќи преку пламен, оние што се оддавале на плодска љубов, на телесни срасти. И Данте се подложува на тоа очистување. Преминувајќи од еден во друг круг, поетот чуствува се поголемо олеснување душевно и телесно се поголема радост од победата над слабостите и пороците. На врвот од планината, откако излегол од седмиот круг, данте влегов во земниот рај. Тука пред неговите очи се проближува величествена процесија на чисти и возвишени души, а меѓу нив, на кола возена од грифон (половина орел, половина лав), цела обвиена со облак од цвеќиња што и ги фрлаат ангели се појавува Беатриче. Во Данте „нема ни капка крв која не трепери“. Во својата возбуда тој се свртува назад кон својот водач Вергилиј, но него веќе го нема. Беатриче, без да гледа во Данте со строго лице го укорува него за неговиот лош живот по нејзината смрт и бара од него да ги осознае своите заблуди и да се покае за нив.
Потоа Данте е потопен во реката Лета и сите лоши спомени, сите грижи на совеста изчезнуваат. После се мие и во водата на реката Евној за да ја зајакне во него волјата за доброто.
РАЈ
Во третиот дел на поемата, Рај, Данте не пренесува на планетите и ѕвездите, во девете небесни свери, каде што се населени душите на праведните. Данте во описот на вселената се води од Птоломеевиот систем, според кој во центарот на вселената е земјата, а околуи неа концентрично се расположени девет небесни сфери. Првите седум небесни сфери се планетите: Месечината, Меркур, Венера, Сонцето (и тоа сметано за планета), Марс, Јупитер и Сатурн. Осмата свера е на неподвижните ѕвезди. Таа е опфатена од деветтата сфера што ги доведува во
движење сите сфери, бидејќи е устрмена кон Емпирејот, каде што е изворот на секое движење: Бог. Данте во полетот од една планета на друга, од една сфера во друга, се издига со силата од погледот на Беатриче, во чии очи се одразува зрак на Емпирејот.
Главна одлика на Дантевите описи во Рај е музикалноста. Описите што ги дата се исполнети со ритмичко движење, со правилни геометриски фигури, кои имаат симболично значење, со чиста музика и ослепителна светлина, со која мачно свикнуваат очите на поетот и тоа само со помошта на Беатриче. Но и покрај ова и во Рај се сретнува острата осуда на папите за нивниот стремеж кон политичка власт и материјални облаги, осуда тука изречена преку устата на најголемиот за поетот авторитет, Дантеовиот прадедо кој говори за моралната разузданост во италијанските градови во времето на Данте, за разлика од некогашниот здрав морал, чесност и добри обичаи. Во Рај прозвучува со најсрдечни тонви и насталгија на Данте, скитникот, прогонетиот, за неговиот роден град Фиренца.
„Тука чезнат силите на високата фантазија. Но веќе моите желби и волја се раздвижени, како тркало кое рамномерно се врти, од онаа љубов што ги движи сонцето и другите ѕвезди“. Така завршува третиот дел од поемата, кој, според самиот Данте е наменет за малку читатели кои се подготвени да го разберат.
Се надевам спасив нечив г`з од единица
:back: