Моите ставија врата во купатило која не пропушта звук...на почетокот ми беше прилично чудно, но во еден неврзан разговор со моите, сфатив дека причина за таа врата било моето „пеење„ Некој ке си рече, екстремен чекор превземале, но кога ќе се земе просечното време на трање на мое туширање и смислата за ритам и музика плус гласовните (не)способности....тогаш некои понетолерантни родители би ја срушиле кадата или би го тргнале бојлерот за даби се туширал со ладна вода за да не се задржувам толку и не малтретирам недолжна раја...хехехе....
муабетот ми беше, пеам, жал ми е за моите дома што мора да ме толерираат, но што да правам посилно е од мене