Високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ моментално се држи на верувањата на народот дека оваа влада по секоја цена ќе го задржи уставното име и нема да прави штетни компромиси, т.е. ќе прави "разумен компромис". Невработеноста и економијата се во втор план моментално. Меѓутоа доколку владата попушти од сегашната позиција околу името и се согласи (макар и под најсилен политички и меѓународен притисок) на компромис кој ќе значи менување на името (додавка, придавка) нејзиниот рејтинг вртоглаво ќе падне и ќе ги изгуби наредните избори.
Значи името е најсилниот адут на оваа влада (барем засега), со кој го билда високиот (не баш за светски услови, но за домашни да) рејтинг. Ако Груевски (заедно со неговите соработници) проба да изведе некои непосакувани маневри во овој простор, казната од народот му е загарантирана.
Нема врска!
Никој не го интересира името повеќе од тоа дали има дома леб да јаде!
Оваа власт сеуште има висок рејтинг ,бидејќи мнгу правилно се позиционира кај народот со своиот пристап на избори , со тоа што направи неколку убави чекори , со тоа што ги држи повеќето медиуми, со тоа што наспроти неа НЕМА вистинска опозиција -туку мјатап партија , со тоа што се држи прилично цврсто во однос на барањата на албанските коалциони партии....со тоа што во својата коалиција има +20 партии (доста се по 2000 гласа да носат)....
Така да не држи муабетот ,дека владава имала подршка заради ставот со името...
Сине ,владава дава надежи дека може ,полека ,полека да ја опраи економската состојба ...која е карастрофална за поголемиот процент на население...НАДЕЖ - кој го пумпа рејтингот..
Нема да навлегувам дали надежот е оправдан или не....битно е дека нешто се промени от порано....
Рејтингот особено се одржува и поради тоа што неколку големи афери беа разрешени , уапсени беа неколку моќници , добро спроведени неколку акциии....затоа овој рејтинг постојано се одржува!
Дали паѓа....па никој неможе тоа да го каже....во воздухот такво нешто барем засега не се чувствува...за да паѓа нивниот,треба да расте на противниците - а тоа барем засега не е случај!