Патриотски разговори

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Dardan-ia и за другите
Во филмот Патриот со Мел Гипсон има една сцена- заседава Конгресот и се води дискусија да почнеме војна за независнот, да се ослободиме од кралот и да воспоставиме република
Главниот лик Бен Мартин ( Мел Гипсон ) прашува: Зошто? Зарем е подобро еден тиранин кој е сега одалечен три илјади милји, да го замениме со три илјади тирани одалечени една милја?
Еве ја сцената, Целото видео трае помалку од 2 минути а ова реченица е пред крај
http://www.youtube.com/watch?v=YEUEAloFdkc
Каков е твојот коментар?
 
Последно уредено:

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Сакам да те прашам нешто. Кажими во кој историски период ние како народ сме биле здружени, сме успеале да освоиме нешто, сме успеале да се избориме за своето, да се докажеме дека постоиме и сме силна нација?

Пред 100 години? Пред 500 години? Или ние сме деца на Александар па од тогаш клетва некоја не следи. Само човек што доволно ја знае историјата наша ќе свати дека нешто не штима, прикаските и басните што сме ги слушале од нашите се уствари за жалење. Ние немаме ни едно успешно востание коешто е покренато од македонци и резултирало со наш успех.

И Крушевската Република не е крената и иницирана од македонци. Како сега наеднаш ние ќе станеме патриоти, храбри, здружени кога никогаш во генот наш не сме ни биле?
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Мислите дека Татарите и Скипетарите ќе не милуваат ? Како што ги милуваат македонците во Татарија и Скипетарија ?

Подобро да си ја зачуваме земјата ! ;)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.880
Биг бенг ја предизвикал Македонец. Универзумот го создал Македонец. Сонцето, галаксиите, паралелните димензии, амебите, вонземјаните, масоните, рептилите. Водата ја донеле Македонците, па дури и воздухот. Првиот човек бил Македонец, а жена му од Дебарско. Америка од Европа ја одвоиле Македонците. Никола Тесла бил Македонец, иако се тврди дека е српски хрват. Дури и Ајнштајн води потекло од Река, по дедо му Асан кој заминал да измисли топла вода во Германија итн...Се е Македонско, више преку таквото!
Од најпичкарска нација да направиш одеднаш најсилна, не држи вода. Очигледно е. Тоа е долг и макотрпен процес, кој кај нас може да трае и со векови, ама бидејќи ние сакаме држава да изградиме за 2 дена со прост и глуп маркетинг, ќе пропаднеме побрзо него да бевме уште под турско.
Така да џабе се патриотски муабети, кога во државава има пола милион партиски глупаци кои чекаат на готовс да се борат и против своите сограѓани ако партијата им нареди. Што повеќе да пишам? Болен народ, болна држава. Тие за мене не се патриоти, тие се најобични предавници.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Кој Перо?
Шала на страна потребни се и интелектуалци и луѓе спремни да гинат за да може една држава и нација да се одржи.
Кога за една земја се заинтересирани повеќе народи, просторот го добива оној кој ќе го заслужи. Следните поколенија ќе можат да се користат со благодетите на таа земја. Со мал напор, без тешки жртви ќе можат да го задржат она за кое минатите поколенија вложиле напори и се удостоиле. Ама ако некое од поколенијата не го ценат тоа што го имаат. Потфрлат и се однесуваат распуштено. Може некој друг заинтересиран народ да стекне поголеми морални права. Оној народ кој сака да се прошири и да користи некоја земја се бори за да добие право над неа.
Да се прашаме себеси дали ја заслужуваме земјата која некогаш била скапо платена? Да се прашаме дали албанците кои посегнуваат кон добар дел од земјата која сега ни припаѓа, можеби веќе стекнуваат и поголемо морално право од нас македонците за фактички и правно да го имаат. Ние доброволно ги напуштивме огништата и еве со децении добар дел од полињата и планините стојат празни. Таа земја треба да биде од некого користена. Какво идиотско поколение сме ние сега!? Ниту ги почитуваме предците ниту пак му мислиме за децата.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Пцујте ме, колете ме, гајле ми е. Јас не сфаќам како може да бидеш горд што во склоп на околности, си се родил во една земја, од која потекнуваат твоите родители. Горд на генетиката. Слично како да си горд што си висок или што имаш плави очи. Биди горд на нешто што си направил ти, нешто што си постигнал во животот и си помогнал на некој друг а не горд на нешто што никако не си влијаел и што одлика која ја има секој човек кој е роден во истите околности како ти.

Тоа не значи дека не треба да ја сакаш земјата и потеклото, напротив, сакај ги но направи нешто околу тоа а не биди горд на тоа што луѓето направиле пред тебе.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Пцујте ме, колете ме, гајле ми е. Јас не сфаќам како може да бидеш горд што во склоп на околности, си се родил во една земја, од која потекнуваат твоите родители. Горд на генетиката. Слично како да си горд што си висок или што имаш плави очи. Биди горд на нешто што си направил ти, нешто што си постигнал во животот и си помогнал на некој друг а не горд на нешто што никако не си влијаел и што одлика која ја има секој човек кој е роден во истите околности како ти.
Тоа не значи дека не треба да ја сакаш земјата и потеклото, напротив, сакај ги но направи нешто околу тоа а не биди горд на тоа што луѓето направиле пред тебе.
Ако има гордост тоа е ако си осетил нешто добро во духот и личноста кои го носиш во себе. За тоа пријатно чувство благодариш за некој во минатото што се потрудил да го достигне и да се избори да го сочува. Затоа се вели: горд сум што сум тоа и тоа. Но и да нема многу нешта за гордост останува должноста за која и самиот пишуваш.

Сме се родиле во слаба и понижувана нација.
Ако, со гордост и достоинство ќе го носиме товарот на своето потекло.
Тоа не значи дека не треба да ја сакаш земјата и потеклото, напротив, сакај ги но направи нешто околу тоа а не биди горд на тоа што луѓето направиле пред тебе.
Која е разликата од кажаново со она кое македонски родољуб треба да кажува и прави?
 
Последно уредено:

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Ако има гордост тоа е ако си осетил нешто добро во духот и личноста кои го носиш во себе. За тоа пријатно чувство благодариш за некој во минатото што се потрудил да го достигне и да се избори да го сочува. Но и да нема многу нешта за гордост останува должноста за која и самиот пишуваш.

Сме се родиле во слаба и понижувана нација.
Ако, со гордост и достоинство ќе го носиме товарот на своето потекло.

Не знам во што е разликата?
Тогаш треба да сум горд што татко ми не ставил кондом кога ме направиле со мајка ми?
Поради таа случајност јас треба да им благодарам на предците пред 3000 години?
Поради тоа јас треба да имам должност со раѓање зашто можеби предците направиле или дозволиле да сме слаба и понижувана нација?
Дали сега ние што се правиме горди на минатото да оставиме на следните генерации истото да трпат?

Ако брат, биди си ти горд на државата ако ти одговара, ама направи нешто околу тоа, во иднина да не биде слаба и понижувана нација. Со пукање во гради за тоа што направиле порано некои чичковци си останавме држава каква што сме сеа.

Разликата е тоа што не треба да бидеш горд на нешто што другите го направиле туку да бидеш горд на тоа што ти ќе го направиш.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
најголем проблем во државата е нерамноправноста, македонците се граѓани од непостоечки ред, никој не ѓи ферба, решение: nema
Решението е лесно како чаша да преместиш од едно во друго место. Нема да биде доволно едно поместување. Ќе бидат потребни милиони преместувања на чашата, но секогаш ќе биде лесно како едно.
Само треба да се стори.
 

zakaculko

skinhead '03
Член од
24 март 2009
Мислења
201
Поени од реакции
33
самите сме си криви, кој ни е крив коа иаме неписмени политичари, и уште понеписмен народ шо ги гласа, ако има еден од денешниве Македонски политичари, аналитичари, проферсори, интелектуалци, кој го имат прочитано и разберено рамковниот договор, јас одма ќе одам јавно ќе се обесам на плоштадот во Скопје, во ниедна цел тој рамковен не се искористи во корист на Македонците, а секако дека тој договор содржи работи шо и те како можат да се искористат во наша корист, како прво и основно, просто и едноставно малцинставта треба да бидат застапени во власт, во јавна администрација, во кур се тресе се што има од институции оваа држава во се да има малцинства, да нека има, ама тоа не значи дека мора да бидат директори или шефови
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Тогаш треба да сум горд што татко ми не ставил кондом кога ме направиле со мајка ми?
Треба да бидеш горд што татко и мајка ти не можеле да оддолеат еден на друг. Тие меѓу себе свесно или несвесно те виделе тебе и те посакале. Бидејќи секоја привлечност, макар и кога се изрази во перверзна форма има причина.

Поради таа случајност јас треба да им благодарам на предците пред 3000 години?
Ти си единствената случајност во причинско-последичен космос. На некој чуден начин и има вистина. Зарем тоа не ствара чувство на благодарност.
Поради тоа јас треба да имам должност со раѓање зашто можеби предците направиле или дозволиле да сме слаба и понижувана нација?
Секако, но ти пак ги сакаш. Слабици сме, но добри. Што ако сме биле силни, а зли. Со товари од геноциди, војни, масакри, холокаусти, грабежи и разни други мрачни дела какви што знаеме дека сториле нечии предци.
Дали сега ние што се правиме горди на минатото да оставиме на следните генерации истото да трпат?
Цело време тоа го велам. Зошто да завршиме како толку ниски слуги и децата да започнат од тоа ниво на слугување.

Ако брат, биди си ти горд на државата ако ти одговара
Има работи на кои ние Македонците можеме да бидеме горди и на тоа сум горд. Има работи на кои не можеме да се гордееме и на тие не сум горд. И вториве да се многу повеќе од првите, во што не се согласувам, без да се лажеме туку со свесност да бараме решение за да ги поправиме. Сите си носат по некој товар. Колку кој ќе се соочи толку поуспешно ќе го носи.

ама направи нешто околу тоа, во иднина да не биде слаба и понижувана нација.
Правам.

Разликата е тоа што не треба да бидеш горд на нешто што другите го направиле туку да бидеш горд на тоа што ти ќе го направиш.
Го правам она што можам во рамките на моите ограничувања. А ти, кога ми даваш таков совет, што правиш за да бидеш горд на себе како општествено суштество?[DOUBLEPOST=1393946370][/DOUBLEPOST]
самите сме си криви, кој ни е крив коа иаме неписмени политичари, и уште понеписмен народ шо ги гласа, ако има еден од денешниве Македонски политичари, аналитичари, проферсори, интелектуалци, кој го имат прочитано и разберено рамковниот договор, јас одма ќе одам јавно ќе се обесам на плоштадот во Скопје, во ниедна цел тој рамковен не се искористи во корист на Македонците, а секако дека тој договор содржи работи шо и те како можат да се искористат во наша корист, како прво и основно, просто и едноставно малцинставта треба да бидат застапени во власт, во јавна администрација, во кур се тресе се што има од институции оваа држава во се да има малцинства, да нека има, ама тоа не значи дека мора да бидат директори или шефови
Народот може да биде и неписмен и мудар. Што сакаш ти да извлечиш од твојот народ?

Ќе си бидеме криви ако на политичарите им веруваме, а не ги притискаме да владеат за наше добро. Затоа што не ги притискавме, не ги филтриравме во доволна мера, политичари станаа такви личности кои сега дивеат над нас. За контрола на политичарите потребна е измена на македонскиот политичи систем. Потребни ни се институти и институции кои ќе не обединуваат, ќе смируваат, ќе ствараат доверба со правично делување. Пример потребен ни е горен дом на Собранието составен од заслужни граѓани, кој ќе ги запира штетните закони донесени во долниот партиски дом на Собранието. Потребен ни е систем кој партиската амбициозност и меѓупартиското соперништво ќе го искористи за доброто и напредокот на државата и граѓаните. Ние имаме технички проблем во нашиот гол партиски политички систем. Но овој состав на политичари не дозволува тоа да се измени. Затоа што тоа им ја расипува забавата. А уште повеќе на странците затоа што им дава можност за уцени.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Mислам дека правиме основна грешка што патриотизмот го врзуваме се политичариве, односно што им веруваме дека она што се случува денес треба да го сакаме, дека е тоа идеално и тн.
Денес во Македонија имаме зонско, прескапа струја, невработеност и што не, а политичариве упорно зборат дека се е супер и дека тоа супер е нивна заслуга.
Јас се чувствувам патриот, но мојот патриотизам е кон земјата и луѓето. Сите луѓе, без обзир на нација, вера, боја на кожа и тн ги чувствувам како пријатели и браќа. Оваа земја е мој дом
За Американците симбол на патриотизмот е Аламо - Remember the Alamo
Во 1960, за филмот Аламо, создадена песната Тhe green leaves of summer
Еве како гласат нејзините зборови
http://www.youtube.com/watch?v=-GkL_GiVjWk
The Green Leaves of Summer
A time to be reaping
A time to be sowing
The green leaves of summer
Are calling me home "
Twas so good to be young then
In the season of plenty
When the catfish were jumping
As high as the sky

A time just for planting
A time just for ploughing
A time to be courting
A girl of your own "
Twas so good to be young then
To be close to the earth
And to stand by your wife
At the moment of birth, wo...

A time to be reaping
A time to be sowing
A time just for living
A place for to die "
Twas so good to be young then
To be close to the earth
Now the green leaves of summer
Are calling me home "
Twas so good to be young then
To be close to the earth
Now the green leaves of summer
Are calling me home
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
Ако вратата за квалитетно образование досега била затворена, зошто би ја отвориле туку така? Не даваат соодветен образовен систем. Му се мешаат на младите и ги делат. Немаш квалитетни содржини за живот, напредок, заедништво. Се вложува само во лудување и поттикнување суета на меѓусебен натпревар. Ете тоа им одговара за младината да се занимава за да се дефокусираат, да не се бунат и како сакаат да ги владеат. Зошто одеднаш би направиле менување спротивно на сопствениот себичен интерес?
.
Каква надеж и иднина можат да обезбедат млади умови кои занесени во изучување на природата на односите помеѓу народите, класите, партиите, државите, блоковите, нациите, забораваат дека во основата на сите тие односи се крие обичната природа на човечките слабости на страв и желба, тага и радост, слобода и забрана. Природа која ниту се наоѓа ниту се учи помеѓу корици, социјални мрежи и конференциски расправии, туку низ животно искуство кое се стекнува уште од младоста. Бидејќи кога веќе се' ќе биде доцна, кога младешката надеж е бесповратно замината, а со неа и можноста да влијаете врз текот на настаните, единствено што останува е горчината на искуството и возраста да ве потсетува на изгубеното генерациско право да се биде младешки љубопитен, храбар, несериозен, одважен, непокорлив, бунтовен и сочувствителен. И токму поради тоа да бидете капитално битен за себе и сето општество.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=0277A4054A35034AAC82CB61CFAFF180
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Не е толку симптоматично вакви теми да се појавуваат пред избори? А ги има и мал милион.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Па генерални сите сме патриоти, дека сме останале (засега) со место на живеење овде.Без разлика на град, пол, (не)вработеност, националност...освен политичка припадност (општо) - тие не се за жалење, а и нивните следбеници наведени во претходниот опис, а секогаш добивале некој поголем после полноќ на ‘судниот ден‘ и еден убав шамар од реалноста. Сигурно не е патриотизам бронзено доба во Скопје или оние од Олстрелиа шо пишат пораки на Иселенички џубокс.Ама успеа(в)а(ат) да го наметнат како такво, дека тој е начинот за изразување патриотизам.Поради нив поимот доби погрешна смисла овде кај нас.

Само со откажување послушност и со одбивање.Во секоја смисла.Образование, работа и се.Само ако останат доволно младина.Од оваа апатичнава.
После инвестирање во младите, а не во пензионерите.Подобро е да пазиш нова купена кола отколку да поправаш 27 годишна екс СССР кола.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom