Парфеми

Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Мала ама топ колекција. Како си задоволен од Dior Homme Intense? Еден од ретките вакви почешитни парфеми да речам што ми се бендисува ептен. Ми мириса на шминка/кармин ради ирисот, ама у исто време има нешто у парфемов што многу ми се свиѓа.

Иначе Прадата е топ, јас ја меркам некое време и кај и да е ќе ја земам ама кај нас е многу скапа. Ја имаше у Италија кога бев у еден аутлед за 70 евра 100мл што е горе долу океј цена ама не ја зедов... Нема промаш со ниедна Прада, многу ми се по укус и Лом и сите Луна Роса.
Очекував повеќе од диорот искрено. Мирисот е СОВРШЕН ама перформанси за ова време слаби. За потопли пролетни денови и летни вечери мислам дека ќе брка страшна работа со оглед на тоа што е реформулиран (ослабен) неколку пати одкако има почнато да се произведува. Втора мана, многу брзо се троши. Ако си во можност доплати за 150 ml.

Прашав неколку страни наназад за Кирке, ама никој ништо не кажа. Сега гледам ти го постираш. :)
Збор, два за него? Тој и Том Форд тобако ванила ми се следни на ум за земање. Том Фордот веќе го знам, овој не сум го мириснал до сега.
Со Кирке малку избрзав, мирисно мене ми е убав(овошна салата) најмногу осеќам праска. Перформанси страшни, не повеќе од две прскања и само едно околу вратот зошто боли глава колку е јак. Жените ми велат дека е машки а мажите женски. Влечи малце повеќе на женска страна. И за мене е подобар да го осетам кај друг одколку кај мене, затоа на мајками му го дадов. Ако набавам за брзо амбалажи, можам да ти декантирам 5, 10ml да го тестираш.

Иначе, нешто што можам да ви препорачам е Afnan in Oud, за 4000 денари не знам дали има подобар парфем. 6 сати проекција, колегите ме велат дека има облак од мирис на едно метро од мене. Елегантен, зимски, за кошула, капут, сако...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.899
Поени од реакции
37.014
Не знаев дека постоела ваква тема. Последниве 10-15 години користам исклучиво или Bleu de Chanel или Aqua di Gio, и сметам дека се најдобри мириси кои некогаш постоеле, мислев дека не би ги сменил за ништо на свет, особено не Bleu de Chanel. Ама пред некој ден поминав пред Cosmo каде промовираа еден парфем што ги фрли во сенка двата, инстантно! Не знам дали сте слушнале за Juliette Has a Gun. Јас немав слушнато, ама верувајте, парфемов е оргазам! Малку е со солена цена, ама дефинитивно мора да се купи!

1674843401983.png

+1
И различно мирисаат, што е по малку чудно, ама парфемот е далеку подобар.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.899
Поени од реакции
37.014
https://www.zara.com/us/en/green-savage-100-ml-p20210646.html
некој го користел, искуства пред месец дена го мириснав ми се допадна сега не можам да го најдам на нашата страна
На сајтот кај нас ги нема сите нивни парфеми. Само да прашаш во Zara директно, најверојатно го има.
 
Член од
26 октомври 2020
Мислења
44
Поени од реакции
28
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Има кај нас некаде Килијан?

Btw, денес тестирав Прада Лом и дефинитивно не го разбирам хајпот за парфемов, чист сапун, БЕЗ ЛАВАНДА.

Од Ксерџов, Александрија 2 фантазија, одличен и ДОН. Ренесансе свеж лимон продавачката ми даде некој Монтал, не го заприметив кој модел е ама беше фантазија!
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Има кај нас некаде Килијан?

Btw, денес тестирав Прада Лом и дефинитивно не го разбирам хајпот за парфемов, чист сапун, БЕЗ ЛАВАНДА.

Од Ксерџов, Александрија 2 фантазија, одличен и ДОН. Ренесансе свеж лимон продавачката ми даде некој Монтал, не го заприметив кој модел е ама беше фантазија!
Не сум сретнал барем до сега. Солун сигурно го има.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.130
Поени од реакции
2.236
Стигна декантот, се мислев дали и што да пишам после споредбата со "тестерот", не сакам некого погрешно да посочам и залудно да потроши пари.
Ова подолу е мое лично мислење, вие си знаете за вас.

Првин фала за @Redhaze , одличен customer service, му пишав и него дека очекував шишенце во целофан завиткано, ништо повеќе.

Ова, може слободно и за поклон да се даде.

IMG_20230126_110337.jpg IMG_20230126_111623.jpg

Имаше и мало поклоче од негова страна што е голем плус.

При прво прскање на страна со декантот, 100% исти мирис како "тестерот" што искрено ме зачуди, не очекував тоа да се случи со оглед на цената на оригиналот.

Го прснав на мене 3 пати, во 14:00ч, цел ден мирисот ми стоеше во нос, што после неколку саати почна и да ми смета.

Реков дека оригиналот е посилен, но почекав да го испробам уште еден ден, другиот ден, ист број на прскања, на исто место под исти услови, овај пат мирисот го "снема" после пола саат, барем за мене, исто ми се случува и со "тестерот".

Тоа јас имам да го кажам, ајде нека не бидат 100% исти, но 90% се дефинитивно.

Од една страна ме интересира за другите тестери но не можам и не сакам да ги споредувам вака.

Гледав цени на парфеми низ Америка и Европа и со нашите се смешни, се наоѓаат јаки парфеми за 40-50$ додека кај нас се три пати поскапи.

Има и тестери како овие што ги продаваат кај нас на турскиот еквивалент на Ибеј, што ако некој има мрежа може лесно да ги носи кај нас, таму беа дваесетина долари.

Според мене ако оригинал ти го продаваат за 50е може да се дадат пари, додека ако е како Спајсбомб 5-7 илјади вреди да се земе копија за 1300.
И онака 90 посто околу тебе не знаат ни што носиш ни ги интересира.
 

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.104
Поени од реакции
1.609
Тестер е истиот juice како и нормален парфем, само без оригинално пакување/кутија


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Дали некој од вас што декантирате продавате празна амбалажа? Барем 2-3 шишенца. :)
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
belodore имаш niche

А и со малце подобар search кај нас има се ;)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Искрено, многу ретко купувам парфем од кај нас...

Кога сум тука, овој го имаш забележано некаде, не мора кај нас, може и Грција.
 
Член од
26 октомври 2020
Мислења
44
Поени од реакции
28
Искрено, многу ретко купувам парфем од кај нас...

Кога сум тука, овој го имаш забележано некаде, не мора кај нас, може и Грција.
Го има во Белодоре во Мериот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom