Ме заболе куров на што се пали рајата во кафана, нивен проблем, ни припарувам у кафана, ни па ме заболе каква е рајата која оди таму. Ајде еве објасни ми како потпишувањето на тие договори ќе ги среди сите проблеми кои ги има општествово, кога само уште повеќе ја разгореа поделбата на вакви или онакви, немам намера да користам утепани придавки и слично, тоа нека користат овие у кафана, ме заболе стапов за такви флоскули и патетични епитети.
Прифаќал светот нови работи и терал напред. Да, баш последниве неколку години се доказ за тоа, освен што излегоа на површина сите срања што некаде се буткале под тепих и се чекало магично да се решат самите од себе. Па уште балканска дупка, дека цветаат ружи на секое друго место, па мора да се потенцира тоа балканското демек, што и да значи, ебате тоа вечните комплекси што ги имаат некои ликови, заради некакво потекло, што ни го бира некој, ни бутур. Ниту некогаш сум се споредувал со пошироката околина (не па со цел Балкан), ни па ме заболе каква е истата, гледам најтесниот круг да е како што треба и не ми чуе за утепаното мнозинство.
Се додека не се решат еднаш засекогаш сите историски срања што ги има направено било кој, никогаш нема одреден регион да се мрдне напред. Пример за региони со решени такви проблеми се Скандинавија, Балтикот, Германија и Вишеградската група, а примери за такви од балканскиот калибар се Кина, САД, Блискиот Исток, Југоисточна Азија и Африка, додека има и примери кои делумно имаат разрешено со идиотското минато, како Јапонија и Кореја, ама тие се веќе исклучоци, како за тоа, така и за било која друга работа која е предмет на споредба со другите. Секој што очекува било каква промена на подобро без решавање на ваквите заостанати срања, од кои гледаме остатоци и денес (и колку подолго се чуваат во шкаф, толку појако ќе испукаат на површина еден ден) гадно се заебал дека ќе ја дочека истата. За жал.