Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.168
Како и да е, ова заплашувањето со „страшниот либерален запад“ може да успее само на оние што ги таргетирате кои немаат можност да искочат малце надвор и да видат колку поубаво може да се живее за да не се решат да побараат промени. Као опсесивна мајка што вика не иди надвор, лоши луѓе има.

Шиткај го муабетов на таа раја што ви ја палите пошто ви е главно гласачко тело, и мора да остане затуцана. Немој на мене жити све.
Кај тоа реков дека западот е страшен? Прашав кои се тие прекрасни работи што се случуваат во светот на политички план. Зошто нели, темава е таква.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.378
Поени од реакции
4.196
Сеа гледам, Лазе го бранел Политико на темава. хахахахахха
Брат, одлогирај се плс.
Автоматски споено мислење:


Абе кога ќе ми речат референндумот успешен бил, оти македонија не била 2кк народ, и завршува муабетот со нив. Искрено, ваков болно членство Грујо да имаше, 100 год ќе владееше.
Za tebe, I nepismenata dpmne bagra, Sase e doktor, profesor, um.... ama nemajte gajle, ke vi dojde daskalot I ke vi dade um.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Секако дека баш така ќе се стигне на највисоко ниво. Кога народот ќе поддржи создавање на институции кои ќе го лимитираат подјебавањето што ни го праат 30 години. Сигурно нема преку тоа што цел живот ќе слушаме ние „абе името, абе предавниците...“.

Али океј, дај да ја пуштиме рајата нека се расправа у кафана за ова, да не мисли на побитни ствари што ни се дешаваат. Глуп, прост народ, напален на затуцани идеологии стари 2-3 века, дур цел свет тера напред и прифаќа нови, прекрасни работи. Црна балканска дупка.
Ме заболе куров на што се пали рајата во кафана, нивен проблем, ни припарувам у кафана, ни па ме заболе каква е рајата која оди таму. Ајде еве објасни ми како потпишувањето на тие договори ќе ги среди сите проблеми кои ги има општествово, кога само уште повеќе ја разгореа поделбата на вакви или онакви, немам намера да користам утепани придавки и слично, тоа нека користат овие у кафана, ме заболе стапов за такви флоскули и патетични епитети.

Прифаќал светот нови работи и терал напред. Да, баш последниве неколку години се доказ за тоа, освен што излегоа на површина сите срања што некаде се буткале под тепих и се чекало магично да се решат самите од себе. Па уште балканска дупка, дека цветаат ружи на секое друго место, па мора да се потенцира тоа балканското демек, што и да значи, ебате тоа вечните комплекси што ги имаат некои ликови, заради некакво потекло, што ни го бира некој, ни бутур. Ниту некогаш сум се споредувал со пошироката околина (не па со цел Балкан), ни па ме заболе каква е истата, гледам најтесниот круг да е како што треба и не ми чуе за утепаното мнозинство.

Се додека не се решат еднаш засекогаш сите историски срања што ги има направено било кој, никогаш нема одреден регион да се мрдне напред. Пример за региони со решени такви проблеми се Скандинавија, Балтикот, Германија и Вишеградската група, а примери за такви од балканскиот калибар се Кина, САД, Блискиот Исток, Југоисточна Азија и Африка, додека има и примери кои делумно имаат разрешено со идиотското минато, како Јапонија и Кореја, ама тие се веќе исклучоци, како за тоа, така и за било која друга работа која е предмет на споредба со другите. Секој што очекува било каква промена на подобро без решавање на ваквите заостанати срања, од кои гледаме остатоци и денес (и колку подолго се чуваат во шкаф, толку појако ќе испукаат на површина еден ден) гадно се заебал дека ќе ја дочека истата. За жал.
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Кај тоа реков дека западот е страшен? Прашав кои се тие прекрасни работи што се случуваат во светот на политички план. Зошто нели, темава е таква.
Доволно се имаат издигнато на политички план во минатото за да може општеството да не се замара со вакви срања ко ние денес, и да си живее нормално. Секако дека ќе ги посочиш најударните работи кои во моментот се дешаваат, но според мене дури и борбата за тоа во кој општествен смер да тераат е подобра и понапредна отколу нашиов закоравен шлајм. Али друга тема за друг муабет, би забегале ептен ако ја тераме.

Јас ти зборам за тоа до кое ниво имаат стигнато „на западО“ за да си живеат пристоен живот, а не беден ко нашиот. Кај нас не смее да се дозволи да се стигне до тоа ниво на политички план, пошто народов мора да остане на доволно ниско ниво за да преживува, без да живее. Буквално така ни е запечатена судбинава за да не се дозволи да мрднеме од тоа ниво. Све друго е игра за власт и моќ и кој да го тера ова, а не за некакви реални промени.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.016
Поени од реакции
4.030
Писмена неписмена ќе ве преебат сеа на 15ти.
Гледам дека си нов член па голема е шансата да си од партија. Само те молам објасни ми како дпмне ќе стигнат до 61 пратеник, со кој ќе коалицираат или што ќе прават...?

Инаку да не бидам погрешно разбран муртињо го сметам за најголем пропалитет ама и Мицковски не ми е воопшто уверлив.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.168
Доволно се имаат издигнато на политички план во минатото за да може општеството да не се замара со вакви срања ко ние денес, и да си живее нормално. Секако дека ќе ги посочиш најударните работи кои во моментот се дешаваат, но според мене дури и борбата за тоа во кој општествен смер да тераат е подобра и понапредна отколу нашиов закоравен шлајм. Али друга тема за друг муабет, би забегале ептен ако ја тераме.

Јас ти зборам за тоа до кое ниво имаат стигнато „на западО“ за да си живеат пристоен живот, а не беден ко нашиот. Кај нас не смее да се дозволи да се стигне до тоа ниво на политички план, пошто народов мора да остане на доволно ниско ниво за да преживува, без да живее. Буквално така ни е запечатена судбинава за да не се дозволи да мрднеме од тоа ниво. Све друго е игра за власт и моќ и кој да го тера ова, а не за некакви реални промени.
Неспорно е дека западните општества се неспоредливо понапред и во економски, и во социјален, и во развоен аспект. И неспорно дека дури и нивната општествена дебата е понапред од нашата. Ама тоа гледано од наша перспектива.

Гледано од западна перспектива, не би се согласиле дека им е толку идеално. Ама ќе се согласам дека тоа е друга тема.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.413
Доволно се имаат издигнато на политички план во минатото за да може општеството да не се замара со вакви срања ко ние денес, и да си живее нормално. Секако дека ќе ги посочиш најударните работи кои во моментот се дешаваат, но според мене дури и борбата за тоа во кој општествен смер да тераат е подобра и понапредна отколу нашиов закоравен шлајм. Али друга тема за друг муабет, би забегале ептен ако ја тераме.

Јас ти зборам за тоа до кое ниво имаат стигнато „на западО“ за да си живеат пристоен живот, а не беден ко нашиот. Кај нас не смее да се дозволи да се стигне до тоа ниво на политички план, пошто народов мора да остане на доволно ниско ниво за да преживува, без да живее. Буквално така ни е запечатена судбинава за да не се дозволи да мрднеме од тоа ниво. Све друго е игра за власт и моќ и кој да го тера ова, а не за некакви реални промени.
Не се издигна западот со либтардизмот, од него пропаѓаат. Се издигнаа во еден сосема друг период и со подруга политика, сега се слободен пад.... Ќе речев дека се издигнаа со конзерватизам, но либтардизмот е толку конзервативен, што веќе смешно е дури и нив да ги слушаш за конзерватизам у негативен контекст :)

А како изгледа „либеарализмот“ во негово највисоко ниво, види го Сан Франциско денеска.

Туку не си ја мачи душата со излитени фрази ...
Автоматски споено мислење:

Неспорно е дека западните општества се неспоредливо понапред и во економски, и во социјален, и во развоен аспект. И неспорно дека дури и нивната општествена дебата е понапред од нашата. Ама тоа гледано од наша перспектива.
Сакаш да се кладиме ?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ме заболе куров на што се пали рајата во кафана, нивен проблем, ни припарувам у кафана, ни па ме заболе каква е рајата која оди таму. Ајде еве објасни ми како потпишувањето на тие договори ќе ги среди сите проблеми кои ги има општествово, кога само уште повеќе ја разгореа поделбата на вакви или онакви, немам намера да користам утепани придавки и слично, тоа нека користат овие у кафана, ме заболе стапов за такви флоскули и патетични епитети.

Прифаќал светот нови работи и терал напред. Да, баш последниве неколку години се доказ за тоа, освен што излегоа на површина сите срања што некаде се буткале под тепих и се чекало магично да се решат самите од себе. Па уште балканска дупка, дека цветаат ружи на секое друго место, па мора да се потенцира тоа балканското демек, што и да значи, ебате тоа вечните комплекси што ги имаат некои ликови, заради некакво потекло, што ни го бира некој, ни бутур. Ниту некогаш сум се споредувал со пошироката околина (не па со цел Балкан), ни па ме заболе каква е истата, гледам најтесниот круг да е како што треба и не ми чуе за утепаното мнозинство.

Се додека не се решат еднаш засекогаш сите историски срања што ги има направено било кој, никогаш нема одреден регион да се мрдне напред. Пример за региони со решени такви проблеми се Скандинавија, Балтикот, Германија и Вишеградската група, а примери за такви од балканскиот калибар се Кина, САД, Блискиот Исток, Југоисточна Азија и Африка, додека има и примери кои делумно имаат разрешено со идиотското минато, како Јапонија и Кореја, ама тие се веќе исклучоци, како за тоа, така и за било која друга работа која е предмет на споредба со другите. Секој што очекува било каква промена на подобро без решавање на ваквите заостанати срања, од кои гледаме остатоци и денес (и колку подолго се чуваат во шкаф, толку појако ќе испукаат на површина еден ден) гадно се заебал дека ќе ја дочека истата. За жал.
Се слагам со 90% од ствариве. И мене ме заболе куров на што се пали рајата у кафана, али реално не збориме за мене и тебе како индивидуалци, туку за македонсково гласачко тело, за тоа е и темата. А тачно од тоа е составено.

Али океј, почитувам гледање на сопствениот двор и најблиските. Всушност, од таму и треба да тргнеме, не да плачеме стално како за секое камче што ќе го згазнеме у дворот премиерот на државата ни е крив. Колективна свест е една од првите работи што треба да се подигне кај народот, па образование, па изложеност на надворешни, прогресивни идеи.

Секоја партија, организација, друштво, групација која пробува да ги забута овие ствари и да ти шитне евтино потпалуење на заостанати идеи кои немаат никаква суштина треба да се пљукне у фаца.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.416
Поени од реакции
13.421
Овој Саше најобјективен новинар е

 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.854
Поени од реакции
36.889
Секако дека баш така ќе се стигне на највисоко ниво. Кога народот ќе поддржи создавање на институции кои ќе го лимитираат подјебавањето што ни го праат 30 години. Сигурно нема преку тоа што цел живот ќе слушаме ние „абе името, абе предавниците...“.

Али океј, дај да ја пуштиме рајата нека се расправа у кафана за ова, да не мисли на побитни ствари што ни се дешаваат. Глуп, прост народ, напален на затуцани идеологии стари 2-3 века, дур цел свет тера напред и прифаќа нови, прекрасни работи. Црна балканска дупка.
Не дека не си во право за политичките манипулации во кампањата ама јас тоа не го гледам како некоја посебна карактеристика само за нас.

Интересно што може да забележам од твоите коментари е едно друго баш класично обележје на нашиот народ тука. Тоа е чувството на инфериорност, комплексот на пониска вредност. Длабоко всаденото чувство дека се отаде Словенија по дефиниција е подобро, повредно и правилно. Чувство дека кога ќе се деси некое срање тука, дека тоа исто срање не се случува нигде во светот и дека е поради тоа што сме уназадени и глупави. Впечатокот дека таму негде пред Штефансдом во Виена седат луѓе без разлика на боја на кожа, религија и етничка припадност гушнати околу некој оган и ја пеат we are the world дур голи австријки ги служат смокви и пиво.

Тој комплекс на инфериорност или пониска вредност (како сакаш кажи го) ни е историска константа. Затоа дури во 91ва правиме независна држава со шверцерско прашање од пусти страв дека нема да биде успешен референдумот. Целото наше постоење од АСНОМ навака бараме некој центар да не води, прво Белград па Брисел и тука од Калето. Сигурно и на Делчев и компанија многу луѓе им се смееле и им велеле ,,е да бе Султанот е глуп, ѓомити вие сељачишта знаете држава подобро да водите”.

Не знам по која дефиниција ние сме затуцаните а светот се бавел со убави работи. Ваљда ако во извод на родени во графа на државјанство ти стои ///// а тебе тоа те боли, се смета дека си уназаден и затуцан. Сигурно на Англичаните или Французите таква работа не би им пречела.

Фактот е дека државотворноста е тешка работа. Ние сме млади и не можеме да се споредуваме со Полски, Чешки, Словачки, кога они имале држави и функционално институции многу години и векови пред нас. Едно сум сигурен дека државотворност не се гради со продавање на се што те обележува како држава и нација како да се компири на пазар.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Јас па мислам обратно е. На толку отворен Свет со интернетов е доста глупо да идеализираш општества. Генерално секаде народот е раја и генерално секаде народот е лажен од политичарите, а системите во буквално сите западни земји се контролирани од 2-3 влијателни групи, тајните служби и над сите нив е ЦИА.
А и генерално народот скоро и исто да живее, т.е. сите се на фејсбук и се замараат со глупости на селебрити/пратење спорт/реалити и останати работи за замајување кои ни се сервираат, така што ова плукање по народот дека се сељачел по кафани, додека на западот правеле убави работи и слични без врска муабети се во најмала рака смешни од причина што речиси и да нема некоја голема разлика од тој аспект. На крајот на краиштата дружење во кафана е едно илјада пати подобра работа од гледање Биг брадер или пак шетање кучиња.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Не дека не си во право за политичките манипулации во кампањата ама јас тоа не го гледам како некоја посебна карактеристика само за нас.

Интересно што може да забележам од твоите коментари е едно друго баш класично обележје на нашиот народ тука. Тоа е чувството на инфериорност, комплексот на пониска вредност. Длабоко всаденото чувство дека се отаде Словенија по дефиниција е подобро, повредно и правилно. Чувство дека кога ќе се деси некое срање тука, дека тоа исто срање не се случува нигде во светот и дека е поради тоа што сме уназадени и глупави. Впечатокот дека таму негде пред Штефансдом во Виена седат луѓе без разлика на боја на кожа, религија и етничка припадност гушнати околу некој оган и ја пеат we are the world дур голи австријки ги служат смокви и пиво.

Тој комплекс на инфериорност или пониска вредност (како сакаш кажи го) ни е историска константа. Затоа дури во 91ва правиме независна држава со шверцерско прашање од пусти страв дека нема да биде успешен референдумот. Целото наше постоење од АСНОМ навака бараме некој центар да не води, прво Белград па Брисел и тука од Калето. Сигурно и на Делчев и компанија многу луѓе им се смееле и им велеле ,,е да бе Султанот е глуп, ѓомити вие сељачишта знаете држава подобро да водите”.

Не знам по која дефиниција ние сме затуцаните а светот се бавел со убави работи. Ваљда ако во извод на родени во графа на државјанство ти стои ///// а тебе тоа те боли, се смета дека си уназаден и затуцан. Сигурно на Англичаните или Французите таква работа не би им пречела.

Фактот е дека државотворноста е тешка работа. Ние сме млади и не можеме да се споредуваме со Полски, Чешки, Словачки, кога они имале држави и функционално институции многу години и векови пред нас. Едно сум сигурен дека државотворност не се гради со продавање на се што те обележува како држава и нација како да се компири на пазар.
Ја пре би го рекол спротивното, дека класично обележје на македонскиот народ е дека ние сме најјаки на свет, ама дека пошто сме толку јаки све други играат против нас и ние испаѓаме жртви.

„Судијата е крив“ муабетот. И баш ради тоа никад не се грижиме да се средиме, пошто све други ни се криви.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.413
Ја пре би го рекол спротивното, дека класично обележје на македонскиот народ е дека ние сме најјаки на свет, ама дека пошто сме толку јаки све други играат против нас и ние испаѓаме жртви.

„Судијата е крив“ муабетот. И баш ради тоа никад не се грижиме да се средиме, пошто све други ни се криви.
Не е вистина ова, доволно е само да поминеш на форумов и да видиш констатации од повеќето членови, дека не не бива...
Да беше така како што викаш, никад немаше ниту името да го смениме ниту гзот под кирија да го дадеме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom