Паркови за миленици и данок за опасни миленици

  • Креатор на темата Deleted member 55587
  • Време на започнување
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Гледам, темава сите ја сфаќаат како да е во ЧДА, но не е, таму имате друга тема каде што можете да се зафркавате....

Јас лично од ваков закон се потресов. Не е моментот дека чувам една од тие раси кои се рачунаат за опасни, туку мојот проблем е сосема различен.
Нашава влада, мила и драга каква што ни е, не му ја посакувам ни на непријател (еве на Грчка да не речам), пробува веќе неколку години, активно да потенцирам, да се справи со проблемот со скитниците.... дали знаете и дали сте свесни, што овој закон ќе направи?
Сега сите се жалаат и трескаат желени од типот на ... ме касна џукела, децата ми се испозаразија од гомната на џукелите... е тогаш дур ќе биде, ме изеде пит, ме растргна ротвајлер, ма касна доберман, ме нападна шарпланинец... сите тие што ги чуваат овие раси, само поради фактот што се љубители на истите раси а не можат да си дозволат некој луксуз, ќе ги испуштат кучињата на улица... кучињата збунети, ќе напаѓаат...
И тоа што се труделе, да го редуцираат бројот на скитници, да не дебатирам колку било успешно или не, ќе им пропадне во дупка.... ќе никнат нови скитници, да не ги наречам, но и поопасни од тие што веќе се на улица. Ќе се формираат глутници од питови, ротови и што ти не знам... не контролирано ќе се парат... е дур тогаш да ја видам нашава влада како ќе се справи со тој новонастанат проблем, од правење здраво за готово. Јас стојам позади тоа, дека во светот постојат овие закони, и дека колку толку успешно се извршуваат, но нашиве не можат да сватат дека ние сме далеку и од мочаната Србија, по чив пример и ние делуваме... Ние немаме услови за спроведување на вакви даноци и закони, ние немаме доволно финанскиски средства за да ги задоволиме потребите на милениците со храна, ветеринарни прегледи а камо ли пак и ова...

Да не навлагам во тоа, како ќе страдаат само одгледувачниците... колку ќе нарасне цената на едно кутре, и колку некој ќе се нафати да земе кутре од овие тн. опасни раси кога знае дека со тоа се обврзува да плаќа секој месец некоја енормно голема сума која не одговара на нашите стандарди...Дали целта им е да се истребат овие раси? Дали се свесни за последиците од овој закон? Не би ме чудело и да не се... зашто тоа им одговара...нели направија еден кучешки парк во кој да има 3 кучиња е гужва, па нели некако треба тие вложени пари (за ограда) да се вратат некако? Каква глупавост... или можеби, треба да им ги платиме новите коли на џандарите кои ќе не казнуваат???

Премногу ме спиздува и фактот, што јас чувам ете, агресивна раса на куче, куче кои ни малку не е агресивно а е озлогласено... која иронија...

Да се спроведе закон, данок кој ќе се плаќа на годишно ниво, ете нека изнесува и 100 евра, нема да ми пречи. Можеби тогаш и ќе се запри злоупотребата на кучињата, па ќе ги чуваат само луѓе кои ги разбираат и можат да се носат со тие кучиња, но да се плаќа на месечно ниво со астрономски цени... не сакам ни да замислам што ќе искочи од тоа...

Треба нашиве да се освестат за фактот, за спроведување на ваков закон, ти треба прво да обезбедиш нормални услови, добра заштита на правата на животните, во најмал случај една мутава полиција за животни (?!) која не знам како би изгледала кај нас, да се обезбедат места достапни за кучиња, да се обезбедат повеќе паркови каде тие кучињата можат да се движат без некои бабетини да те серат зашо го шеташ кучето кај што им игра детето... да се обезбедат корпи за измет на кучиња на поблиска дистанца (не планирам да го соберам гомното и да го шетам со мене 10 километри дур да најдам контејнер), да се среди проблемот со скитниците, да се едуцира малку простачкиов народ што значи живо суштество и како треба да се третира истото... овие се само дел од условите кои им се достапни на сите земји во кој овој данок се спроведува... ако и ова постои кај нас, јас не би имала проблем со тоа да платам за миленикот кој ги оштетува јавните површини, во овој случај и јас ќе сметам дека е правилно да се спроведе некоја давачка во однос на задоволствата на кои им уживаме со нашите миленици... Збунувачкото тука е, што ние немаме ништо од ова, а данок ќе имаме...

Е па мили ГРУЈО! Воведи европски услови, па после воведувај европски даноци....

П.С. Мувите и комарците се сметаат за езготични животни? Летово треба да бројам колку ги имам по дома па и за нив данок да плаќам?
Или можеби за пајачињата позади плакари???
--- надополнето: 31 март 2012 во 20:53 ---
За опасните миленици ака крволочни кучиња јас не би вовел данок туку целосно би ги забранил.Најнова случка беше кога во Србија во градинка влезе куче и искаса 14 деца.Се разбира,ГАЗДАТА го дресирал да биде мирно,кучето никогаш небило агресивно и дома си играло со неговите деца...ама ете,куче,скинало,избегало и искасало деца.
Исто така пред некој месец три деца беа искасани од питбул во дворот од некое скопско основно училиште.Неколку сопственици беа изедени од својте кучиња...
И сите вие велите питбул,доберман...мили кучиња.
Ајде знам дека сега сите кучкари ќе ми терате инает ама и на ваша глава.Бидејќи треба да осетите како е да те апе куче па послем да викате Оф Оф боли,ова не си играло него апело :)
--- надополнето: 31 март 2012 во 00:48 ---

Да да,ама пикенезерот можеш да го згазиш како бубачка и да се одбраниш ама неверувам дека така ќе поминеш и со некој шарпланинец.

А колку од овие твои тн. опасни кучињата не нападнале? Дали за тоа некој спровел некоја анкета или направил некоја статистика? Прекинете веќе со вакви бескичмењачки и неписмењачки муабети, не значи дека ако не си едуциран и не можеш на разбереш нешто, тоа нешто не треба да постои... и јас не можам да сфатам како на светов постојат вакви кретени и како никој не ги забранил до сега, па и не ги истребил, но ете постојат и јас не се бунам против истите, не ги разбирам и се држам настрана од нив... мислам дека и ти треба да почнеш да го правиш истото од овие кучиња...
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Целта на давачката би била да ги премисли луѓето што прв пат зимаат куче и незнаат или не се упатени дека избраната раса има “агресивни“ гени,па со дополнителниот данок да се премислат и да одберат некоја урбана раса.
Со тоа не би се избегнал проблемот како леле што да правам кучево мое многу е диво и ај сега да го фрлам на улица или...

Овој данок е ист како и за луксузните возила...но не сум слушнал некој да каже јас плаќам екстра регистрација ај сега да газам луѓе...
Но од кучкари слушнав,сега ќе плаќам и ќе го пуштам кучето да каса...ау ау ау...леле колку си ги сакате песовитееее...и послем ќе мрчите колку сте биле љубители на животните.
 
До кај со овие размислувања? До кај? Кои се тие урбани раси на кучиња и кои се тие агресивни у ген? Мислам... среќа темава е и во ЧДА па не морам да пре постирам... што тебе конкретно ќе ти промени овој данок? Ќе бидеш позаштитен на улица кога ќе проаѓаш покрај тие кучиња? Или кога истите од двор ќе ти лаат, ако сопственикот платил, нема да те исплаши кучето? Ако било претходно агресивно, со данокот наеднаш ќе постане мирно, зашо газдата негов плаќа?

И пак ќе прашам, кои се тие агресивни кучиња? Една добра дефиниција, и можеби ќе ве сфатам посериозно со вашиве баналности од постови...
 
А вие пак,сеуште неразбирате дека со овој данок голем број на идните сопственици ќе се одкажат од некој видови кучиња...како на пример ПИТБУЛ...како и што ја забрануваат таа раса насекаде во цивилизираните општества.
И да,докажано е дека питбулот не се води спрема дресурата туку се води спрема својте инстикти.И кој сака нека трола дека питбулчето е питома дружељубива раса,ама првиот момент кога питбулот ќе почуствува дека треба да нападне...ќе нападне најкрволочно што може и нема да го слуша газдата,па ако треба и газдата ќе го јаде....шарпланинец...даааа мирен е кога газдата е до него ама кога не е тука тогаш оди пријди му.....а за други раси...ме мрзи да пишувам толку.
Ете...ќе бидам позаштитен.Помалце “магариња“ ќе има на улица.
Гледај малце од пошироко...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Дај ми конкретен доказ дека пит се води по гени,па ќе ти верувам :)
Ова куче се води по гените да е по дифолт крволочна зверка и убиец?
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079

еве ти да гледаш како пит сака да си го изеде газдата.
--- надополнето: 1 април 2012 во 01:04 ---
И уште еднооо....и пиши на youtube и ќе видиш милион видеа...
wow...
--- надополнето: 1 април 2012 во 01:06 ---
и доста е со сведоштва...
А биди сигурен дека ќе видиш и слон како балансира на топка ама немој да помислиш дека сите слонови се мили како во циркусот
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
А вие пак,сеуште неразбирате дека со овој данок голем број на идните сопственици ќе се одкажат од некој видови кучиња...како на пример ПИТБУЛ...како и што ја забрануваат таа раса насекаде во цивилизираните општества.
И да,докажано е дека питбулот не се води спрема дресурата туку се води спрема својте инстикти.И кој сака нека трола дека питбулчето е питома дружељубива раса,ама првиот момент кога питбулот ќе почуствува дека треба да нападне...ќе нападне најкрволочно што може и нема да го слуша газдата,па ако треба и газдата ќе го јаде....шарпланинец...даааа мирен е кога газдата е до него ама кога не е тука тогаш оди пријди му.....а за други раси...ме мрзи да пишувам толку.
Ете...ќе бидам позаштитен.Помалце “магариња“ ќе има на улица.
Гледај малце од пошироко...
Ова ти е типично мислење на оние кој слушнале неколку дешавки дека пит-булот наеднаш "откачил" и нападнал без причина...Дечкооо кое крволочно суштество брееее ?!?!?!?!??!!?!?!

Оди кажи му го тоа на мојот Стафорд ,кога некое дете ќе му пријде главата ја става во земја ,легнува и чека да го галат...тоа суштество го сметаш за крволочно ?!

Кој у Македонијава ќе плаќа данок за куче бре ?! За струја сметки од 2001-ва немаат "браќана" од Тетово платено јас ќе плаќам данок за куче...

Иначе законот ваков е : Ќе ти дојде некој инспектор и како ли и да се вика тој ,ќе ти дојде во двор ,ќе го пуштиш кучето и тој ќе процени дали е опасно или не...ако процени дека е опасно ќе плаќаш...

"И кој сака нека трола дека питбулчето е питома дружељубива раса,ама првиот момент кога питбулот ќе почуствува дека треба да нападне...ќе нападне најкрволочно што може и нема да го слуша газдата,па ако треба и газдата ќе го јаде"

Ова ти е врв ,сум читал смешни мислења ама вакво досега не сум прочитал ,у оние Glamstic треба да те има како и да се викаше страницата..Значи моето куче е агресивно кон повеќето други кучиња ,доколку виде некое куче на улица 50% се шансите да го нападне ,но доколку нападне и му свикам се скочанува како оние козине што се парализираат ,и немој да ми кажеш дека тоа куче може да ме нападне.

Питовите/Стафордите се генетски АГРЕСИВНИ спрема КУЧИЊА не спрема ЛУЃЕ !!!! Запампете го тоа !!!!!!!!

еве ти да гледаш како пит сака да си го изеде газдата.
--- надополнето: 1 април 2012 во 01:04 ---
И уште еднооо....и пиши на youtube и ќе видиш милион видеа...
wow...
--- надополнето: 1 април 2012 во 01:06 ---
и доста е со сведоштва...
А биди сигурен дека ќе видиш и слон како балансира на топка ама немој да помислиш дека сите слонови се мили како во циркусот

Што би требало и јас сега да постирам илјадници видеа как пит лиже некое бебе и му дозволува да го гњави ,да го ваќа за опаш и ред други работи ?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Целта на овој закон е само да се нахрани гладната администрација и ништо друго, после фијаското со законот за лични карти каде што не можеше да се вадат пари од банка извесен период се додека владата под рогозина не пушти вода дека се прифатливи и белешките уверен сум дека нивните правници не можат да склопат законче од една реченица без да направат копи пејст од законикот на некоја друга држава, најчесто европска.
Еве мои прости размислувања во врска со тоа како би требало да изгледа закон кои би ги заштитил сите граѓани на Р.М.

1. Секој сопственик на куче е должен да ги изврши сите неопходни вакцини и документот за тоа да го достави до КСМ.
а)Секој сопственик на куче е должен да стави чип на своето куче за идентификација.​
б)КСМ е должен да им даде потврда на сопственост без разлика дали се работи за куче со педигре или не.​
2. Секој сопственик на куче е обврзан да го шета своето куче постаро од 3 месеци со заштитна маска во спротивно следува казна во противредност од 100 евра.
3. Секој сопственик на куче е обврзан да го собери изметот од својот миленик и да го исфрли до најбиската корпа со отпадоци од органско потекло во спротивно следува казна во противредност од 100 евра.
4. Секој сопственик на куче е обврзан лично еднаш на 6 месеци да го однеси своето куче во најблискиот округ на КСМ за идентификација.
а) Во случај на непријавување следува казна во противредност од 500 евра.​
5. Секој сопственик на куче е обврзан да ги пријави сите промени како украдено или умрено куче да ги пријави во КСМ најмногу две недели после промената.

Треба уште да се дефинира дали законот ќе биде апликативен само за урбани средини и слични работи.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
А вие пак,сеуште неразбирате дека со овој данок голем број на идните сопственици ќе се одкажат од некој видови кучиња...како на пример ПИТБУЛ...како и што ја забрануваат таа раса насекаде во цивилизираните општества.
И да,докажано е дека питбулот не се води спрема дресурата туку се води спрема својте инстикти.И кој сака нека трола дека питбулчето е питома дружељубива раса,ама првиот момент кога питбулот ќе почуствува дека треба да нападне...ќе нападне најкрволочно што може и нема да го слуша газдата,па ако треба и газдата ќе го јаде....шарпланинец...даааа мирен е кога газдата е до него ама кога не е тука тогаш оди пријди му.....а за други раси...ме мрзи да пишувам толку.
Ете...ќе бидам позаштитен.Помалце “магариња“ ќе има на улица.
Гледај малце од пошироко...
Значи можеш и на глава да застанеш и стој на трепки па и склекови на трепки да ми праиш и пак нема да ме убедиш дека моето куче е агресивно и дека ќе ме нападне.... помирете се со фактот дека сте неписмени и дека не ја познавата ни природата па ни карактерот на кучиња и дека не можете да ги разберете и се плашите од истите....пак ќе потенцирам- сите со вакви ставови како твојов се неписмени. Не може едно современо општество да размислува за истребување на повеќе раси... тоа води кон друго истребување, треба да се помирите и со фактот дека постојат и луѓњ кои разбираат и знаат како со тие кучињ. КРАЈ!!!

Познато ти е имево од типов? Е па ако не ти е, ондак дефинитивно треба да поработиш на својата едукација и да прекинеш да шириш бесмислици и дезинформации...
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Целта на овој закон е само да се нахрани гладната администрација и ништо друго, после фијаското со законот за лични карти каде што не можеше да се вадат пари од банка извесен период се додека владата под рогозина не пушти вода дека се прифатливи и белешките уверен сум дека нивните правници не можат да склопат законче од една реченица без да направат копи пејст од законикот на некоја друга држава, најчесто европска.
Еве мои прости размислувања во врска со тоа како би требало да изгледа закон кои би ги заштитил сите граѓани на Р.М.

1. Секој сопственик на куче е должен да ги изврши сите неопходни вакцини и документот за тоа да го достави до КСМ.
а)Секој сопственик на куче е должен да стави чип на своето куче за идентификација.​
б)КСМ е должен да им даде потврда на сопственост без разлика дали се работи за куче со педигре или не.​
2. Секој сопственик на куче е обврзан да го шета своето куче постаро од 3 месеци со заштитна маска во спротивно следува казна во противредност од 100 евра.
3. Секој сопственик на куче е обврзан да го собери изметот од својот миленик и да го исфрли до најбиската корпа со отпадоци од органско потекло во спротивно следува казна во противредност од 100 евра.
4. Секој сопственик на куче е обврзан лично еднаш на 6 месеци да го однеси своето куче во најблискиот округ на КСМ за идентификација.
а) Во случај на непријавување следува казна во противредност од 500 евра.​
5. Секој сопственик на куче е обврзан да ги пријави сите промени како украдено или умрено куче да ги пријави во КСМ најмногу две недели после промената.

Треба уште да се дефинира дали законот ќе биде апликативен само за урбани средини и слични работи.
Абе ајде...и државата да наложи еве баш ти како што кажуваш прв ти ќе почнеш да се буниш како државата сака да ти ги земе парите и да го напуни буџетот...
--- надополнето: 1 април 2012 во 12:53 ---
Значи можеш и на глава да застанеш и стој на трепки па и склекови на трепки да ми праиш и пак нема да ме убедиш дека моето куче е агресивно и дека ќе ме нападне.... помирете се со фактот дека сте неписмени и дека не ја познавата ни природата па ни карактерот на кучиња и дека не можете да ги разберете и се плашите од истите....пак ќе потенцирам- сите со вакви ставови како твојов се неписмени. Не може едно современо општество да размислува за истребување на повеќе раси... тоа води кон другоразбираат и знаат како со тие кучињ. КРАЈ!!!

Познато ти е имево од типов? Е па ако не ти е, ондак дефинитивно треба да поработиш на својата едукација и да прекинеш да шириш бесмислици и дезинформации...
Ех да,питот е вештачка раса создадена од човекот...ај погоди зошто...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
1. Секој сопственик на куче е должен да ги изврши сите неопходни вакцини и документот за тоа да го достави до КСМ.
а)Секој сопственик на куче е должен да стави чип на своето куче за идентификација.​
б)КСМ е должен да им даде потврда на сопственост без разлика дали се работи за куче со педигре или не.​
2. Секој сопственик на куче е обврзан да го шета своето куче постаро од 3 месеци со заштитна маска во спротивно следува казна во противредност од 100 евра.
3. Секој сопственик на куче е обврзан да го собери изметот од својот миленик и да го исфрли до најбиската корпа со отпадоци од органско потекло во спротивно следува казна во противредност од 100 евра.
4. Секој сопственик на куче е обврзан лично еднаш на 6 месеци да го однеси своето куче во најблискиот округ на КСМ за идентификација.
а) Во случај на непријавување следува казна во противредност од 500 евра.​
5. Секој сопственик на куче е обврзан да ги пријави сите промени како украдено или умрено куче да ги пријави во КСМ најмногу две недели после промената.
Треба уште да се дефинира дали законот ќе биде апликативен само за урбани средини и слични работи.
Кур сум должен, на никого ни му се објаснувам ниту пак имам потреба од тоа.
Казна за ова казна за она не ме заебавај, колку од ова ветринариве и цајканиве организатори на борби се казнети до сега а?
И ќе дојде некој казна ќе ми речи за глупост некоја тривијална небитна врска што нема со животот?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Абе ајде...и државата да наложи еве баш ти како што кажуваш прв ти ќе почнеш да се буниш како државата сака да ти ги земе парите и да го напуни буџетот...
--- надополнето: 1 април 2012 во 12:53 ---

Ех да,питот е вештачка раса создадена од човекот...ај погоди зошто...
И јас пак, спред твоево тролање не можам да сфатам каква врска има ова со данокот? Да ја снема расата? Тоа е поентата? Не може да ја снема, ако кај нас се забрани, нелегално ќе се увезуваат овие кучиња и ќе работи црниот пазар со нив... Дали го прочита мојот погорен пост, подугачок, па да ги сфатиш сите контра ефекти од ваквиот закон? Претпоставувам не си го прочитал, премногу редови за читање сигурно ти се видоа, или можеби го прочита и сега сакаш да се инаетиш како магаре на мост за некои твои измислени идеали и за општество кое никогаш нема да постои...?!
--- надополнето: 1 април 2012 во 13:02 ---
Кур сум должен, на никого ни му се објаснувам ниту пак имам потреба од тоа.
Казна за ова казна за она не ме заебавај, колку од ова ветринариве и цајканиве организатори на борби се казнети до сега а?
И ќе дојде некој казна ќе ми речи за глупост некоја тривијална небитна врска што нема со животот?
Ова ти е малку погрешно размислување... ако се спроведе вакво нешто, што според мене е коректно, ондак ќе се прекинат сите тие глупирања со борби на кучиња, или ако не се прекинат значително ќе се намалат, во овој случај сопствениците би станале посовесни во однос на воспитување на своите кучиња, како и почитување на нивната природа... Ќе се истребат нелегалните продавања на кучиња, и ќе има целосна контрола и сакнции за несовесните одгледувачи...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Абе ајде...и државата да наложи еве баш ти како што кажуваш прв ти ќе почнеш да се буниш како државата сака да ти ги земе парите и да го напуни буџетот...
--- надополнето: 1 април 2012 во 12:53 ---

Ех да,питот е вештачка раса создадена од човекот...ај погоди зошто...
Ај ти кажи ми која е скроз природно добиена,без човек да се замеша?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ај ти кажи ми која е скроз природно добиена,без човек да се замеша?
Волкот, којотот, хиената, дингото и еден тон истребени раси во Австралија, поради вакви бескичмењаци кои не ги разбираат и им се плашат, па наместо да се потрудат да се едуцираат, наједноставно е -истреби раса....
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Волкот, којотот, хиената, дингото и еден тон истребени раси во Австралија, поради вакви бескичмењаци кои не ги разбираат и им се плашат, па наместо да се потрудат да се едуцираат, наједноставно е -истреби раса....
Мислев за раси од типот на Canis Lupus Familiaris :)
За тие знам дека се природни,ми фаќа црпката до толку :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom