Пари на заем... Што е подобро?

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од zoki_com, 23 јануари 2012.

  1. Muranyi

    Muranyi Гостин

    Со оглед на тоа што сум глупав и во доста наврати кога сум позајмил пари,потоа ми било срам да си ги побарам назад и не ми биле вратени,т.е. одредени луѓе кои ми должеле "заборавиле" дека ми должат,повеќе од 100 денари на никој не позајмувам.Освен на двајца другари,кои ги сметам како браќа и во кои имам потполна доверба.Така,ако човекот на кој планираш да му позајмиш,ако ти е навистина близок и вистински другар и имаш доверба во него,нема потреба да му зајмиш со потпишување на нотарски договор.Ако не му веруваш,воопшто не му позајмувај.
     
    На dalfisa, Ashburton Grove и dejan.z им се допаѓа ова.
  2. sonce37

    sonce37

    Член од:
    8 јули 2015
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    jas sakam da prasam mene mi trebaat 1000 evra na koj nacin mozam da pobaram zaem i so kolku posto kamata
     
  3. gurman2

    gurman2

    Член од:
    16 декември 2012
    Мислења:
    1.364
    Допаѓања:
    893
    Мислам дека треба да го погледнуваш одвреме-навреме договорот што сте го потпишале. Се е во ред, пријател е, не сака да заебе. Но, се случуваат непредвидени работи. Прво, може да се случи, ако не е предвидено враќање за толку долг период, долгот да е застарен. Мислам, се застарува за определен период, па и побарувачката од заем. Второ, ако е толку успешен, зошто непрекидно му се потребни туѓи пари за кои плаќа камата? Не мислам ништо лошо, освен дека треба да се биде претпазлив.
     
  4. vXa

    vXa

    Член од:
    1 март 2009
    Мислења:
    125
    Допаѓања:
    35
    Знаеш дека му одговараш на член што го напишрал тоа пред 3 години ? :)
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gurman2

    gurman2

    Член од:
    16 декември 2012
    Мислења:
    1.364
    Допаѓања:
    893
    Извини, не приметив. Видов ново мислење, првпат ја ледам темава и твојот пост.
    Поздрав
     
  6. biketooo

    biketooo

    Член од:
    21 октомври 2013
    Мислења:
    32
    Допаѓања:
    12
    Здраво на сите

    Јас сум студент 3 година и аплицирав на ризик да отидам на Work and Travel во Америка, јас многу добро го знам англсикиот јазик бидејки бев во Полска на размена на студенти 5 месеци се на англиски зборував, имам интервју за работа и интервју за виза кои со леснотија ке ги поминам, единствен проблем ми се парите, ми требаат 2 000 евра за да отидам кои ке ги запечалам за 2 месеци работа во Америка, ако има некој што сака да помогне јас за возврат ке вратам 2 200 евра после во октомври месец кога ке си дојдам, како можам да најдам човек кој ке може да ми даде овие пари по законски пат? или некој ако е заинтересиран да направиме договор за заем. Благодарам
     
  7. joe.b

    joe.b

    Член од:
    8 април 2016
    Мислења:
    324
    Допаѓања:
    306
    На денешницава имаш 2 варијанти.

    1. Кредит од банка - сите би се сложиле со мене дека ова ти е најдобра варијанта
    2. Да се заглавиш со лихвари. Па да изгубиш нешто 2-3 пати повредно од тие 2000 евра.
    Банките даваат кредити лесно, и лесно одобруваат до кај 90000 денари без жиранти
     
  8. tanjasonce

    tanjasonce

    Член од:
    12 јануари 2018
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    jas sakam da prasam dali nekoj poznava covek sto dava pari na zaem so notarski dogovor i razumna kamata
     
  9. apmkd

    apmkd

    Член од:
    29 август 2017
    Мислења:
    80
    Допаѓања:
    38
    Да. Лихвар.
     
  10. tanjasonce

    tanjasonce

    Член од:
    12 јануари 2018
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    kako bi dosla do nego
     
  11. dastan

    dastan

    Член од:
    7 јуни 2014
    Мислења:
    479
    Допаѓања:
    405
    лесно ќе дојдеш до нив тешко ќе си заминеш од кај нив (или скапо ќе ја платиш авантурата наречена позајмување од лихвар)

    затоа дете оди земете си кредит како што е ред од банка немој да си играш со лихвари после ќе си го апеш газот, во банка ќе плаќаш многу помалку и под однапред и фиксни услови и рокови ваму ако касниш дневно ќе ти пресметуваат камата и ќе преплатиш да не се споменуваат тортурите и заканите по живот твој или на твои блиски.

    ако не ми веруваш прогуглај малку и види какви се лоши искуства имаат луѓе доживеано кога се фатиле на тоа оро, но сепак си полнолетен граѓанин и ти се донесуваш одлуки што и како во животот но ќе си ги сносиш и последиците од таа твоја одлука!
     
  12. tanjasonce

    tanjasonce

    Член од:
    12 јануари 2018
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    dali nekoj moze da me upati kade da najdam nekoj sto pozajmuva pari so notarski dogovor i razumna kamata
     
  13. dastan

    dastan

    Член од:
    7 јуни 2014
    Мислења:
    479
    Допаѓања:
    405
    нема разумна камата кај лихвар разбери, и да ти даде некој 2-3% на месец (што е доста тешко на помали суми ) на годишно ниво пак ќе ти излезе многу 24-36% што не е малку, ако земеш 2000 ќе треба да вратиш од 2480 до 2720 за една година, ако отплатуваш само камата така никогаш нема да ја исплатиш главнината кај лихварите не е како во банка на толку рати по толку пари и за толку време си на чисто.

    доплнително ако почнеш да касниш ќе ти пресметуваат дневна камата, лесно ќе земеш од нив тешко ќе вратиш!

    и пак ќе ти пишам прогуглај на интернет за искуства на луѓе со лихвари после одлучи конечно што ќе правиш.

    инаку да не речеш дека само ти солам памет а не ти кажуваме кај да позајмиш имаш на пазар3.мк , реклама5.мк и други огласноци под ставка позајмици / pozajmici
     
  14. krste777

    krste777

    Член од:
    15 мај 2016
    Мислења:
    67
    Допаѓања:
    41
    Da gi procitav sovetite od pogore najverojatno nikogas nemase da ja napravam gluposta sto ja napraviv. No se sluci ...

    dadov pari na zaem, i toa so notarski dogovor
    sega nemozam da si gi zemam nazad

    utre, utre, utre, sekoe javuvanje odgovorot e deka ke bide utre

    sakam da mi spodelite nekoj sovet kako ponataka
    na notarskiot dogovor nemam izvrsna klauzula, nemozam da go dadam na izvrsitel

    sekoj sovet e dobredojden

    a moj sovet do site sto se mislat da dadat pari e NIKOGAS da ne dadat
    toa sto go nauciv jas e deka lugeto se fini, kulturni, mozes da gi dobies vo sekoj moment itn
    no toa trae se do momentot koga ke im gi dades parite
    vo momentot koga ke treba da ti gi vratat se slucuvaat cudni raboti
    zaboravaat telefon doma, im se gasni baterijata, ne gi videle propustenite povici...
    im dzvonis od drug broj posle 1 nedela i ti kazuva 'eve sega bash sega samo sto sakav da ti se javam'
    te pravi budala...

    pak ke kazam pari davanje NE, bez razlika kolku dobra prikazna da imaat deka sega im trebaat za kratko i odma ke gi vratat
     
    На dalfisa и dastan им се допаѓа ова.
  15. apmkd

    apmkd

    Член од:
    29 август 2017
    Мислења:
    80
    Допаѓања:
    38
    Сите го сфаќаме воа од коа ќе се изгориме. Прекасно.

    И најбед е коа ќе видиш тој некој шо ти должи пари шета наваму натаму, одмори, летувања, зимувања, а ти чекаш да ти крене на телефон и си ја чукаш глаата.
     
    На dalfisa му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: