Пари, кола и јадење „гомна“

А

Антоние

Гостин
Money doesn't do shit.

Парите се бескорисни кога се работи за девојки. Освен ако не праиме муабет за "копачи на злато". Идеш за Софија? Јебига парите се супер за таму. Локалните девојки што живеат таму... и тоа многу од нив... дури еднаш една ми вика: Срце, ми се допаѓаш, али освен ако немаш купови пари со тебе во овој момент, треба да си продолжиш по патот(на бугарски :)). Али чекај малце, ти уствари сакаш да искачаш со овие девојки, да ги водиш по дискотеки, романтични вечери шо ти знам... Ме зезаш така?

Финансиско изобилие е нешто што се создава за сопствено задоволство, затоа што тоа е нешто што ТИ го сакаш во животот, и го сметаш за вредност.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Неам пари, неам кола, али пун сум „гована“. Има кандидатки !? ;)

Сексот е најбитен фактор откако ќе ја фатиш, а за да ја фатиш треба мноооогу мачење ако е некоја јака фуфа. Од искуство се бафтав со една таква фуфа долго време. Се запознавме, секое „случајно“ гледање во град не проаѓаше без муабети, но никако да прејдеме на барем едно мување. Ми глумеше што ти ја знам, ама знаеше дека е згодна и ебозовна и таквите обично си подигруваат како сакаат, ако видат дека не си баш добро ситуиран. А ако си добро поткован, сама ќе ти дојде и ќе ти се упикува.
Ама како знаат да флертуваат и да „пуштаат водичка“, секоја им чест. Секое „абе што ја ебам, ќе трчам по нејзе ли“, како да ми го читаше во мислите и ќе се појавеше од никаде и ќе почне да те допира као случајно и да се топи пред тебе.

Таквите жени се опасни, сакаат секој свој потенцијален „плен“ да си го држат на нишан и затоа така и прават. ;)
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Да де не е се во убавина памет и пари :pos:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.446
Поени од реакции
84.841
Без пари и кола ништо не правиш па и ангел да е, бидете реални!
Напротив, јас сметам дека "јадењето гомна" е најбитно.

--- надополнето ---

A какво „јадење“? Да се биде дисидент? Мислам дека тоа не пали кај 76,4 проценти од девојачките.
Со парите си иде се понатаму, ...
Под "јадење гомна" јас подразбирам тотално глупи и безвезни муабети кои ниедно машко никогаш не би ги правело освен кога е во женско друштво.

Не треба да да додавам, јасно е дека има секакви исклучоци.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.286
Поени од реакции
8.467
Што ако јас како жена имам многу пари,кола и љубам да „јадам гомна“,како ќе помине стратегијава?
Кај да ја најдам ваква? и нејзино презиме ќе земам :pos:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.588
Поени од реакции
2.617
Ме мрзи да пишувам, ќе се цитирам сам од друга тема...
Парите му доаѓаат нешто како џокер во карти. Менуваат некоја карта(читај особина што ја немаш). Што повеќе пари, тоа повеќе џокери. Само има една многу битна работа. Има многу игри со карти, каде што не играат џокерите.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Кај да ја најдам ваква? и нејзино презиме ќе земам :pos:
Се лажиш... во таков момент жената е маж во куќата, ќе ти дроби како таа е изворот на се и како ти си неспособен (секоја чест на исклучоците кои ги нема... колку и да ќути, еднаш ќе пукни филмот :) а тогаш си наебал). Не презиме, туку јаже да си земиш во таков случај за да си ги скратиш маките.
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Кај нормална и стабилна девојка, вакви работи не само што нема да упалат, туку типот ќе и стане одбивен и нема да сака пак да го види. Контрапродуктивно.
Ништо лично, ама ова нема врска. Можеби за прв впечаток не значи ништо, ако мислеше на тоа, ама во врска има голема улога она парите и „јадењето гомна“ (нели ако под тоа се подразбира правење мубает и разговарање за проблемите во врската) две од три.
Сите ние во одреден период од врската ќе се заинтересираме барем за дел од она што го пишува во првиот пост. Факт е, и тоа голем, дека на сите нас (безразлика машки женски) не интересира материјалното нешто кај партнерот (од радозналост нели). Да бидеме реални од љубов и баш не се живее.. Ок, добро се живее ама одреден период, додека некој трет финансира.
За било што во врска.. од најситна работа, едно цветче, за пажња со машничка.. за да го купиш ти требаат пари и да кажеш два три збора кога ќе го даваш. :))
Секако најбитно нешто е винамние, разбирање и додверба во една врска.. ама се си повлекува свое.
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Играат улога сите три работи, но колку се битни, толку и не се. Зависи од девојката.
Има и добро ситуирани девојки низ градов чија лакомост никогаш не е целосно задоволена, па така си бараат спонзор кој ќе им го овозможи тоа. Сериозно, не ги сфаќам таквите девојки, но ги сфаќам момците зошто добиваат таква слика за женскиот род, затоа што во денешно време, во еден клуб, пола од девојките се дојдени со постар човек од нив со мањебитен изглед, НО добро ситуиран + превоз + sweet talk. И да, сум го видела тоа кај девојки кои не сум ги сметала за такви. Башка менталитетот ни е толку за никаде, што во мислите на денешните девојки е зацртано дека сепаре + флаша stands for essentials meant for a VIP person. Не, секој "обичен смртник" може да си дозволи резервација.
Ок, назад на критериумите на девојките.. `Се е релативно. Не би зборела за себе и што јас сакам, но за било која девојка може да се процени која кон што цели. Така да, ако си `и се закачил на некоја нафурана фуфа, тоа е резултат на твојот вкус, моменталната слика во твојата глава. Е сега, ти или преферираш фуфи, или спротивното.. зависно од тоа, твојата проценка испаднала лоша/добра. За да продолжиш да и` удоволуваш или едноставно да ја одјебеш е само твоја одлука. Зависи само од тебе.
А за да задржиш една девојка, треба да научиш како, секако, ако сака и таа да те задржи тебе. Или, ако испадне наопаку, си употребил погрешен метод и фактички си се сјебал. Си останал без совршената девојка, погрешно си ја проценил, или со фуфата на која си `и ги задоволил само нејзините потреби, а во спротива не си добил ништо или многу малку (не она што си очекувал).
Ако девојката сака да биде со тебе, ќе ги "јаде" сите недостатоци. Парите или колата нема да `и бидат на прво место.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.286
Поени од реакции
8.467
Се лажиш... во таков момент жената е маж во куќата, ќе ти дроби како таа е изворот на се и како ти си неспособен (секоја чест на исклучоците кои ги нема... колку и да ќути, еднаш ќе пукни филмот :) а тогаш си наебал). Не презиме, туку јаже да си земиш во таков случај за да си ги скратиш маките.
Just give me a chance :)
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Озбилно најдобрите?
Кои ку*вичината?
Тие се најдобри?
Што се лепат на флаша виски и кола?
Озбилно овие се најдобри?
Не знаев !!!

Факт е дека летаат по пари многу од нив.Кажи ми зашто некоја девојка би била со некој што нема пари и нема кола,кога може да си најде богат убав фраер со Ку 7?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Пари за А категорија џенцки.
Кола за Б категорија џенцки.
Јадење гомна за Ц категорија џенцки.
К*р и желба за секс за Д категорија џенцки.
Стадо овци ако не ти треба некоја од спомнатите категории на џенцки.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.504
Поени од реакции
8.078
Факт е дека летаат по пари многу од нив.Кажи ми зашто некоја девојка би била со некој што нема пари и нема кола,кога може да си најде богат убав фраер со Ку 7?
Ае секој трет вози Q7, X6 или нешто такво.

Туку, ако се продолжи со глумење лудило може да се случи битолска работа
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Што ако јас како жена имам многу пари,кола и љубам да „јадам гомна“,како ќе помине стратегијава?
Врата отвараш од кола за да излезам?

--- надополнето ---

Имам една маана не можам да фолирам, ете тоа е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom