Парадоксот на Макрадули и СДСМ

jon

Член од
20 јуни 2007
Мислења
287
Поени од реакции
0
Пред неколку дена во Утрински Весник се појави следното писмо од пратеникот Јани Макрадули.

Dear GeorgeТи го пишувам ова писмо во 1 часот по полноќ, помеѓу вчера и денес, кога светлото во мојот кабинет сеуште свети, а Ставревски се спрема да си тргне накај дома. Инаку, тој е многу загрижен поради тоа што работам 25 од вкупно 24 часа колку што има денот, меѓутоа јас понекогаш му правам и финти, а тој на се ми верува. Не му кажувам дека сабајле на работа пристигнувам околу 11 часот, а една вечер на Мартин му реков да го остави светлото запалено цела ноќ.

Инаку, да ти се пофалам дека во изминативе 10 минути, рејтингот ми се зголемил за 70 проценти и сега изнесува неверојатни 1579 отсто. Е сега, знам дека ми недостасуваат уште 10 проценти за да го стигнам Кастро, но ти ветувам дека овој недостаток многу брзо ќе го исправам. Веќе почнав со тоа што држам маратонски седници на Владата, ама голем проблем имам со Маневски, слабо ми го следи темпото на другите министри. Плус ми го расипува и просекот на старост на министрите во Владата, па ќе видам што ќе правам со него.

Не можам да издржам, а да не ти се пофалам дека го вративме оптимизмот на лицата на сите граѓани, а најповеќе кај стечајците, пазарџиите и земјоделците. Во интерес на првите уште пред точно 10 месеци и 2 дена го донесовме законот за стечај. Од преголема радост седат спроти парламентот во шатори. Пазарџиите дури ни се гневни затоа што не сакаме да ги фискализираме, па пред некој ден организираа масовни протести извикувајќи едногласно: „Сакаме да се фискализираме. Каде се фискалните каси?!“. Земјоделците, наместо ветените 60 денари од премија, добија по 120. Но, тоа не е се! Во таа чест, тие започнаа и нов спорт, фрлање лубеници во далечина, ептен е интересно, нон стоп ги гледам на телевизија.

Конечно ја ослободивме администрацијата од „комунистичките неспособни кадри“. Како што е редот во една нова демократија, ги уназадивме магистрите и докторите на науки во Секретаријатот за евроинтеграција, сите обучувани раководители по ЕУ стандарди во МВР и царината и ги пративме кај што им е местото – по најдалечните подрачни единици и гранични премини. Од друга страна, согласно правните процедури, правиме напори за вработување на минимум 50 докажани партиски кадри на ден, а свесни дека семејството е столб на секоја држава од неодамна вработен во мојот кабинет е и дечкото на Гордана, кој освои најмногу поени од сите кандидати на последниот конкурс. Ако не можеш да се сетиш, Гордана е министерката во мојата Влада која единствена од сите министри во светот го пронајде изгубениот џип на Бекам и сега согласно уставот и законот се вози во него. По нејзиниот пример, македонската полиција стана многу музикална и обожава маскенбали што најдобро може да се види од случаите во „Процес“, „Хард рок“ и „Нота фест“.

Еј, гледам на ТВ, имаш гостин. Сакам да те замолам да кажеш некој добар збор за мене кај Путин и да не се лути зошто уште не сме ги пронашле насилниците кои пред некое време ги истепаа руските дипломати пред кафуле во центарот на Скопје спроти кое се наоѓа ЕУ инфоцентарот на Габи, чијшто сопруг, пак, е директор на Управата за јавни приходи. Тука нема непотизам, напротив и ова оди во функција на јакнење на улогата на семејството во општеството.

Економијата оди супер. Рамниот данок веќе го даде својот ефект и тоа го чувствуваат сите граѓани, џи-ди-пи-то порасна за рекордни 100 проценти, иако не ми е јасно зашто Државниот завод за статистика регистрираше повеќе невработени од лани. Дури и новинарите немаат што да ја прашаат министерката Вера, па таа за време на прес конференциите останува занемена во исчекување на нивните прашања и коментари.

Децата се воодушевени, секој ден си играат криенка во темницата која благодарение на Трајко ја имаме во нашиот главен град. На крајот на краиштата темнината е добро да ја има одвреме навреме за да мојот народ може да се потсети како живееше пред ние од ВМРО-ДПМНЕ да ја земеме власта. Само, каде ли ми отиде „Гласот на светлината“?

Како што веќе ти реков, поддршката за мене кај граѓаните е неподелена. За да ги анимирам секојдневно емитувам серија спотови со наслов „117 години ВМРО ДПМНЕ“, „Добра фризура“, „Фискализација“, „Права на пациентите“. Граѓаните се воодушевени и веќе престанаа да ги гледаат шпанските и хрватските сапуници и едвај ја чекаат нашата следна епизода. Колку чинат? Цена? Права ситница. И не само тоа, граѓаните започнаа и психички да се растеретуваат со плаќање на поголеми даноци.

Со еден збор, најдобар доказ за тоа дека се е розово во твојата сојузничка и пријателска земја, Македонија, е конечното гостување на твојата сограѓанка, пејачката Пинк, на Градскиот стадион во Скопје.

Како е Лора? Ние со Боркица се венчавме, иако не го ветив тоа во преродбата. Сега живееме во нов стан, благодарение на мојата мајка која со својата плата на медицинска сестра, успеа на кредит да купи 4 станчиња, благодарение на реформите во банкарскиот и здравствениот систем.

Тука ќе завршам, зашто морам да тргнам на пат за Италија. Којзнае, можеби по пат некаде ќе ги сретнам и твоите сограѓани, Ташковиќ и Самак, сакам да ги носам во музејот на Пинокио, некако во последно време ми се бледи во изјавите.

Мора да дојдеш да го видиш ова чудо на Балканите.
Твој Никола




Писмото е комично , сарказмот е многу голем, но дали е и продуктивен. Имено се отвора дилема:
1. Дали напишаните факти се барем 70% вистина?
2. Дали пратеникот Макрадули има морален кредибилитет да ја изнесе вистината и покрај тоа што лубеници летаа и пред 2006-та?
3. Дали актуелната власт би имала доблест да признае дека хипотетички 70% се вистина и дали би извршила корекција врз база на самокритичност?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Јани Макрадули полека (па и не беш полека), но сигурно станува најголемиот кловн на македонската политичка сцена.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
on tie tipicen prestavnik na tuzibaba:) se sekavate kako go rasturi jagnula kunovska.neznaese gazot kajmue.:)uste ima obraz dase pojavi vo javnost.neka odi neka se skrie danese javuva .a za ova napisanovo :) se gleda deka ima talent za nekoe holivudsko scenario da napise .ocigledno zalutal vo politikata :)neka odi neka pisuva sapunici spanski:pos2:

a moze i vlaski:pos2: ke go razberat podobro.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Голем дел од писмото што го напиша влавот е реална саркастично гледана приказна за Македонија,но тоа писмо требаше да го пишува додека Бучко беше на власт,во малку подизменета форма,а намерно или случајно заборави да го спомне и неговиот другар Б.Ц. со кого можеби веќе и "креветот не ги дели".:)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Славниот Џани Тарантули, класичен пример за за гомнојадец кој го има влатко ѓорчев за соперник, кога ќе влезат во дуел да седнеш и да размислиш: кој ...(машки копулаторен орган по народски) овие бараат во собрание и трошат време карајќи се после тепачка кој мавнал ластик или шлаканица повеќе или помалку, кога за тоа драгоцено време, кое го кошта македонското население по 100.000 евра на ден да работи, можат да се коментираат и гласаат нови закони и одредби кои би ја подобриле функционалноста односно би ја уништиле нефункционалноста на старите закони.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
не знам дали е свесен дека тоа што весниците му ги објавуваат глупостите кои ги пишува не одат во полза на партијата му. изгледа уште не е свесен дека и тој е дел од екипата што катастрофално изгуби на избори, не знам со кој образ пишува иронични приказни за грујо&ко
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
не знам дали е свесен дека тоа што весниците му ги објавуваат глупостите кои ги пишува не одат во полза на партијата му. изгледа уште не е свесен дека и тој е дел од екипата што катастрофално изгуби на избори, не знам со кој образ пишува иронични приказни за грујо&ко
Negovata partija nema steta,osven vo slucaj sega izbori.


A tekstot e super,osven sto istiot avtor do vcera drugo mislese,pa imame odbojnost prema nego.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Negovata partija nema steta,osven vo slucaj sega izbori.


A tekstot e super,osven sto istiot avtor do vcera drugo mislese,pa imame odbojnost prema nego.


Се сеќавам на едно време кога СДСМ се дограби до власт по втор пат после ВМРО,голем дел од членовите на овој таканаречен Социјал-демократски сојуз,викаа дека сега ќе владеат барем 100 години,со толку високиот рејтинг што го имаа на изборите и извесно време потоа.Но радоста им траеше кратко и откако се промени власта сега симпатизерите на ВМРО го велат истото и се курчат со високиот рејтинг на нивниот пулен.Сето тоа ме наведува да помислам на фактот дека ќе ја доживеат истата судбина доколку лидерот им продолжи со математички пресметки,вештачко билдање на рејтинзи,БДП-а,па и преголеми помпи пред камери за одзатнување на некоја неважна шахта и слични небитни работи.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
перо кажи ми како може да немаш одбојност кон човек кој критикува некој друг за нешто што и самиот порано го правел , и тоа го прави со ирноија со што ја истакнува неговата дволичност и несамокритичост.
Кажи ми перо како може еден дволичен и несамокритичен човек да ти е привлечен?
Не викам дека текстот е лош и нема поента, ама доаѓа од тотално погрешен човек.

АБЦ држи среќа барем нешто да се направи, а за рејтингот, го знаеме сите она народското: кој високо лета ниско паѓа. Така да денес со вакви рејтинзи имам доста може да се каже нездрава политичка ситуација, за која криви се едните кои упорно си го намалуваат рејтингот, и другите кои преку агрсивен маркетинг кој во основа е начин на лоботомија за широките народни маси.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
kreativno pismo
steta so e napisano od rakata na eden grko-vlav koj e clen na kobajagi reformiranata komunisticka partija
netokmu covek
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
перо кажи ми како може да немаш одбојност кон човек кој критикува некој друг за нешто што и самиот порано го правел , и тоа го прави со ирноија со што ја истакнува неговата дволичност и несамокритичост.
Кажи ми перо како може еден дволичен и несамокритичен човек да ти е привлечен?
Не викам дека текстот е лош и нема поента, ама доаѓа од тотално погрешен човек.

АБЦ држи среќа барем нешто да се направи, а за рејтингот, го знаеме сите она народското: кој високо лета ниско паѓа. Така да денес со вакви рејтинзи имам доста може да се каже нездрава политичка ситуација, за која криви се едните кои упорно си го намалуваат рејтингот, и другите кои преку агрсивен маркетинг кој во основа е начин на лоботомија за широките народни маси.
Па како да држам среќа кога единствено што во оваа држава се прави барем последниве месеци е порачки на "јавни" анкети и мерења рејтинзи кому му бил поголем а кому помал,а од тоа не се живее.Преку таквото ми дојдоа со помпезни курчења пред камери за "големи" успеси,па со "бесплатни" интернети само за побогатите деца кој живеат во строгите централни градски подрачја и слични гафови од владејачката гарнитура.
Јас мислам дека Гвујо не е крив,туку избрал погрешна агенција да му креира протокол па и да го советува што да каже денес за утре вештачки да му го напумпа рејтингот.
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
А да понудеше Јани некоја алтернатива?Или само напразно јадење трици без да понудат ништо сериозно што би го заинтересирало народот какви планови има СДС, бидејќи овака Владата лошо функционира(барем според нив).Сепак нивната тактика е јасна, оцрнување на власта се додека народот не го убедат дека вмровците се лоши, а кога ќе дојдат на власт се наградуваат со четири годишно уживање и богатење.Абе Јани, Јани.....
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Jani ko Jani ..Jani jade trici..., ama najtragicno e sto pismoto ne go napisal Slavevski..na primer. Toj ima nekoe teskere deka e intelektualec, baska ekonomist , baska rodoljubec....se deklarira...
Jani ne moze da ponudi alternativa, negovata "alternativa" se vide dvapati vo poodolgi periodi. Tragedijata e vo toa sto ni Gruevski nema alternativa , osven sto mnooogu loso ja kopira prethodnata alternativa koja ja nudea Makraduli i drugarite mu....osven sto plaka debela para za da gradi Potemkinovi sela.....da ja nasminka malku bajatata alternativa za da ne bide epten od avion vidlivo deka e istata nikakva...., a Trajko ko Trajko prvo ostanuva dosleden na imeto si , vtoro gleda da si podsredi toa licnite problemi...minuva vemeto mnoogu brgu , ostanaa uste tri godini koi ke letnat dodeka kazes keks..:)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Јани....Бифшиот Југословенски Македонец...

Зошто Јани и остала компанија на чело со Гаргамел забораваат да се пофалат дека во нивно време течеше млеко по улиците? Фалеше уште медот само за да и ставиме рамка на сликата....Епа сега веќе не тече млеко по улиците...дојде шведската инвестиција која ќе го собира...

А Ма краду ли(?) чим волку се буни за фискализацијата на пазарџиите, сигурно е прекупец низ пазариве со десетина тезги :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom