- Член од
- 20 јуни 2007
- Мислења
- 287
- Поени од реакции
- 0
Пред неколку дена во Утрински Весник се појави следното писмо од пратеникот Јани Макрадули.
Dear GeorgeТи го пишувам ова писмо во 1 часот по полноќ, помеѓу вчера и денес, кога светлото во мојот кабинет сеуште свети, а Ставревски се спрема да си тргне накај дома. Инаку, тој е многу загрижен поради тоа што работам 25 од вкупно 24 часа колку што има денот, меѓутоа јас понекогаш му правам и финти, а тој на се ми верува. Не му кажувам дека сабајле на работа пристигнувам околу 11 часот, а една вечер на Мартин му реков да го остави светлото запалено цела ноќ.
Инаку, да ти се пофалам дека во изминативе 10 минути, рејтингот ми се зголемил за 70 проценти и сега изнесува неверојатни 1579 отсто. Е сега, знам дека ми недостасуваат уште 10 проценти за да го стигнам Кастро, но ти ветувам дека овој недостаток многу брзо ќе го исправам. Веќе почнав со тоа што држам маратонски седници на Владата, ама голем проблем имам со Маневски, слабо ми го следи темпото на другите министри. Плус ми го расипува и просекот на старост на министрите во Владата, па ќе видам што ќе правам со него.
Не можам да издржам, а да не ти се пофалам дека го вративме оптимизмот на лицата на сите граѓани, а најповеќе кај стечајците, пазарџиите и земјоделците. Во интерес на првите уште пред точно 10 месеци и 2 дена го донесовме законот за стечај. Од преголема радост седат спроти парламентот во шатори. Пазарџиите дури ни се гневни затоа што не сакаме да ги фискализираме, па пред некој ден организираа масовни протести извикувајќи едногласно: „Сакаме да се фискализираме. Каде се фискалните каси?!“. Земјоделците, наместо ветените 60 денари од премија, добија по 120. Но, тоа не е се! Во таа чест, тие започнаа и нов спорт, фрлање лубеници во далечина, ептен е интересно, нон стоп ги гледам на телевизија.
Конечно ја ослободивме администрацијата од „комунистичките неспособни кадри“. Како што е редот во една нова демократија, ги уназадивме магистрите и докторите на науки во Секретаријатот за евроинтеграција, сите обучувани раководители по ЕУ стандарди во МВР и царината и ги пративме кај што им е местото – по најдалечните подрачни единици и гранични премини. Од друга страна, согласно правните процедури, правиме напори за вработување на минимум 50 докажани партиски кадри на ден, а свесни дека семејството е столб на секоја држава од неодамна вработен во мојот кабинет е и дечкото на Гордана, кој освои најмногу поени од сите кандидати на последниот конкурс. Ако не можеш да се сетиш, Гордана е министерката во мојата Влада која единствена од сите министри во светот го пронајде изгубениот џип на Бекам и сега согласно уставот и законот се вози во него. По нејзиниот пример, македонската полиција стана многу музикална и обожава маскенбали што најдобро може да се види од случаите во „Процес“, „Хард рок“ и „Нота фест“.
Еј, гледам на ТВ, имаш гостин. Сакам да те замолам да кажеш некој добар збор за мене кај Путин и да не се лути зошто уште не сме ги пронашле насилниците кои пред некое време ги истепаа руските дипломати пред кафуле во центарот на Скопје спроти кое се наоѓа ЕУ инфоцентарот на Габи, чијшто сопруг, пак, е директор на Управата за јавни приходи. Тука нема непотизам, напротив и ова оди во функција на јакнење на улогата на семејството во општеството.
Економијата оди супер. Рамниот данок веќе го даде својот ефект и тоа го чувствуваат сите граѓани, џи-ди-пи-то порасна за рекордни 100 проценти, иако не ми е јасно зашто Државниот завод за статистика регистрираше повеќе невработени од лани. Дури и новинарите немаат што да ја прашаат министерката Вера, па таа за време на прес конференциите останува занемена во исчекување на нивните прашања и коментари.
Децата се воодушевени, секој ден си играат криенка во темницата која благодарение на Трајко ја имаме во нашиот главен град. На крајот на краиштата темнината е добро да ја има одвреме навреме за да мојот народ може да се потсети како живееше пред ние од ВМРО-ДПМНЕ да ја земеме власта. Само, каде ли ми отиде „Гласот на светлината“?
Како што веќе ти реков, поддршката за мене кај граѓаните е неподелена. За да ги анимирам секојдневно емитувам серија спотови со наслов „117 години ВМРО ДПМНЕ“, „Добра фризура“, „Фискализација“, „Права на пациентите“. Граѓаните се воодушевени и веќе престанаа да ги гледаат шпанските и хрватските сапуници и едвај ја чекаат нашата следна епизода. Колку чинат? Цена? Права ситница. И не само тоа, граѓаните започнаа и психички да се растеретуваат со плаќање на поголеми даноци.
Со еден збор, најдобар доказ за тоа дека се е розово во твојата сојузничка и пријателска земја, Македонија, е конечното гостување на твојата сограѓанка, пејачката Пинк, на Градскиот стадион во Скопје.
Како е Лора? Ние со Боркица се венчавме, иако не го ветив тоа во преродбата. Сега живееме во нов стан, благодарение на мојата мајка која со својата плата на медицинска сестра, успеа на кредит да купи 4 станчиња, благодарение на реформите во банкарскиот и здравствениот систем.
Тука ќе завршам, зашто морам да тргнам на пат за Италија. Којзнае, можеби по пат некаде ќе ги сретнам и твоите сограѓани, Ташковиќ и Самак, сакам да ги носам во музејот на Пинокио, некако во последно време ми се бледи во изјавите.
Мора да дојдеш да го видиш ова чудо на Балканите.
Твој Никола
Писмото е комично , сарказмот е многу голем, но дали е и продуктивен. Имено се отвора дилема:
1. Дали напишаните факти се барем 70% вистина?
2. Дали пратеникот Макрадули има морален кредибилитет да ја изнесе вистината и покрај тоа што лубеници летаа и пред 2006-та?
3. Дали актуелната власт би имала доблест да признае дека хипотетички 70% се вистина и дали би извршила корекција врз база на самокритичност?