Прво морам да кажам дека самиот збор папучар ми е многу глупав и никогаш не го користам. Се случува некогаш во врска човек да се изгуби себе, да ги изгуби сите во својата околина, да го менува сосема својот карактер и да не покажува карактер воопшто во моменти кога тоа е најпотребно. За жал, има многу такви случаеви, кога се потполно контролирани од своите партнери. Но, на крај краева, како им е на двајца во една врска, можат да знаат само оние кои се во таа врска. Ако на некој не му одговара, може да раскине.
Не е папучар машко кое дава внимание и љубов, напротив. Тие машки најмногу вредат и затоа се најтешки за наоѓање.
На крај краева, никој нема право на некој да лепи етикета папучар. Многу често оние кои самите даваат такви етикети, всушност излегуваат најнежни и најромантични со девојките, но пред другарите глумат лудило, глумат рамнодушност. Многу подобро да биде она што е во секоја ситуација, отколку да има 2 лица, едно спрема мене, едно спрема другарите.
Ако некој се однесува нежно со девојката и покажува чувства пред другите, не го прави прави помалку маж од другите кои глумат цврсти и рамнодушни.