Паписти во Македонија?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Католичка значи Соборна.

Дотолку поподло е што го прикриваш фактот дека неговата РАЗГОВОРНА „Библија“ ни најмалку не се обидува да следи прецизен превод на старите ракописи. Таа ни кај протестантите на запад не може да помине како Библија.

Одеднаш се рашириле голем број пишувани библиски текстови и не можеш да кажеш кој е чија копија.
И дали е тоа важно, кога сите денешни n-ти копии се идентични по суштина, различни поради разликите при превод од јазик на јазик. Зошто не одговориш на прашањето кое упорно ти го поставувам. Дали МЕЃУ ХРИСТИЈАНИТЕ (православни, римокатолици, протестанти) ПРИ ТЕОЛОШКИТЕ РАСПРАВИ НЕКОЈ СПОРИ НЕЧИЈА БИБЛИЈА. Ако во редок случај некој превод се оспорува, се оспорува преводот, а не Библијата. Основните преводи кои се користат не се оспорувани меѓу одделните христијански заедници.
Ако ти не смееш да користиш некоја библија во официјална служба во некоја црква - значи дека е спорна. Не превод туку библија. Еве имаш многу преводи на македонски јазик али само таа на МПЦ е дозволена да се користи во службите на МПЦ
А кога се 'раширија голем број пишувани текстови библиски“ па да настанне таква збрка да не се знае кој од кого препишувал? Во кој век во која година дојде до таква експлозија на преводи шо не може да се следи и прати?
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914

Еве и ти можеш нешто да напишеш по твоја замисла, да го наречеш Библија и да бараш да биде читано по храмовите. Се разбира дека ќе бидеш одбиен. Значи не е тоа оспорување на Библијата, туку нечиј неуспешен или слободоумно превод. Дали Библијата која ја користат римокатолиците или протестантите, или православните ја оспоруваат едни со други? Во Македонија 90тите години многу православни верници користеа Библии подарени од протестанти. И дали си чул дека некој им забранувал да ги користат заради различна содржина!?
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.724
Поени од реакции
11.957
Прашање до православните верници.
Да ви речи некој да одберите помеѓу 10.000 евра и оригиналните текстови на библијата, што ќе си купите со парите?
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Вељаноски отишол викендов за Рим оти Папата немал термин за денот на Св. Кирил и Методиј
15.05.16

Барањата да се свика Собранието, откако стана јасно дека на изборите на 5 јуни ќе учествува само владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, не го одложија патувањето на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во Рим.

Порталот СДК пишува дека тој замина на предвремено честувување на браќата Св. Кирил и Методиј оти папата Франциско поради обврски не можел да ги прими на 24 мај.

Откако бугарската делегaција се согласила, поместувањето го прифатила и делегацијата од македонското Собрание. СДК дознава дека собранискиот спкер со сопругата во вторник ќе се врател од Рим во Скопје.

„Прорускиот“ папист трет во хиеарархијата на „проруската“ демохристијанска власт нема така лесно да пропушти прилика да му бакни рака на римокатоличкиот поглавар.
Со тоа што се молат за коленичење дури и кога нема термин, сакаат дополнително да покажат како ја понижуваат православаната чест пред папата.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Поглед - како размислува еден папист

Да не се бара сè оти може да се загуби сè
Kатолиците и протестантите се еретици кои треба да се покајат за направениот грев, а освен светата православна црква, не постојат други цркви, е суштината на категоричниот став што неодамна го соопшти Бугарската православна црква која расправала за документите што ќе се усвојуваат на претстојните сеправославен собор во јуни годинава на Kрит, Грција. Ова досега е најригиден став со кој истапила некоја од 14-те автокефални православни цркви во однос на прашањето за тоа какви треба да бидат релациите кон другите христијани. Бугарските владици се изјаснувале по предложениот работен документ со наслов „Односот на Православната црква кон останатиот христијански свет“, а во кој се содржани насоките како би требало да се чекори кон посакуваното единство на христијаните во светот.

Меѓутоа, во предложениот документ кој се дефинира на последната средба во Шанбези, Швајцарија, за неправославните христијани какви што се католиците и протестантите никаде не се употребува така тешка квалификација како, на пример, дека се еретици, односно дека се отпадници од верата.

„Еден е Господ, една е црквата и таа е православна. Покрај светата православна црква, не постојат други цркви, туку само ереси и расколи. Тие да се нарекуваат како цркви богословски, догматски и канонски е целосно погрешно. Во Православната црква под единството на сите отсекогаш се подразбирало оние што паднале во ерес или раскол, прво да мора да се вратат во православната вера и да покажат послушност кон светата црква. Тогаш, преку покајание, тие може да бидат прифатени во црквата“, се потенцира во синодското соопштение. Во него, се гледа, католичките и протестантските христијани не се наведени директно, но ставот на бугарските владици се однесува кон сите оние христијани „кои не се православни“.

Интересно е прашањето зошто бугарската црква зазела ваков ригиден став кон другите христијани. Вака тврда позиција пред неколку недели прв ја искажа ловќенскиот митрополит Гаврил и неговите свештеници, а потоа го поддржа и пловдивскиот митрополит Николај. Но, тоа беа осамени мислења кои им се придружија на неколкумина тврдокорни грчки владици кои се противници на екуменизмот, односно помирувањето меѓу православците, католиците и другите христијани. Постои теза дека ваков остар став е заземен под руско влијание бидејќи црковна Софија сега има одлични односи со црковна Москва. Во стилот БПЦ јавно го кажува она што Москва не може.

Инаку, формално гледано, ваков остар бугарски став е во спротивност со ставот на Руската православна црква, чиј патријарх Kирил неодамна имаше историската средба со католичкиот папа Франциск на Kуба. Во нивното заедничко соопштение се наведува дека католиците и православците тагуваат поради загубеното единство. Нивен заеднички став е дека средбата ќе даде придонес за постигнување на од бога заповеданото единство за кое се молеше Христос, а тие се решени да преземат се што е потребно за да ги надминат несогласувањата наследени од историјата. А што е мошне охрабрувачки став кој влева надеж за иднина. Значи, постојат некои добри причини зошто бугарските владици сега одат со ваков отпор и став поради кој ќе биде неизвесно какав ќе биде судбината на овој документ што е предложен во ситуација ако се бара консензуално прифаќање на соборските документи.

Бугарскиот потег, како и јавните истапи на повеќе светогорски манастири, на владици и од редовите на грчката и на српската православна црква очигледно покажуваат христијанското обединување нема да оди така мазно како што тоа дејствуваше од средбите на папата Франциск со вселенскиот патријарх Вартоломеј и со рускиот патријарх Kирил.

Очигледно е дека во православните редови има послаби или посилни структури кои се противат на тоа бидејќи за нив католиците се се уште еретици кои прво мора да се покајат поради направениот раскол, а потоа да се вратат во православието. Такво нешто да се очекува денес, знаејќи ја моќта, позицијата и бројноста на Kатоличката црква, искрено речено, е илузорно. Да не збориме за тоа дека непопустливата позиција на Рим е дека папата неприкосновен лидер на христијаните, а потоа и за сите други разлики што постојат меѓу католицизмот и православието.

Што сето ова значи? Тоа дека несогласувањата наследени од историјата се уште имаат големи влијанија и дека голема штета ќе биде доколку претстојниот сеправославен собор остане заробен во нив. Односно, ако не се успее во тоа да се заземе едногласен став со кој вратата на екуменизмот ќе остане отворена, тогаш поделбата стара речиси илјада години уште повеќе ќе се продлабочи и со што ќе се поништи сето она што досега е направено како меѓухристијанско доближување.

„Ако бараме се, ќе загубиме се“, мислата што при избувнувањето на големиот раскол пред еден век ја изговорил тогашниот антиохиски патријарх Петар III до папата Лав IV е актуелна и денеска и стои како големо предупредување. Тогаш тоа не беше слушнато како што треба и последиците се видливи по единството на христијаните. Во тоа име христијанските водачи сега немаат право на нова грешка.

Бранко Ѓорѓевски (ДНЕВНИК)

Што е ова уцена!? Треба да се плашиме од папата и Ватикан!? Ние верници сме или политичари!? Во Бог да веруваме или на земските моќи да им се поклонуваме!? Каква вера е таа ако ние се поклонуваме на земските сили!? Не е ли од Бог се така поставено за да се испита нашата вера!?
Или можеби вистината е спротивното: токму ако им се поклониме на земските моќи наспроти барањата на чистото неизменето верување во Господ Исус Христос, ќе го изневериме Бог и СЕ ЌЕ ИЗГУБИМЕ. Толку векови издржавме чисто Христијанство под најлоши услови за сега ДОБРОВОЛНО да се откажиме од Православието. Ако на еретикот му давате чест и рамна нога со правото верување, тогаш го понесувате товарот на неговиот еретизам. Каноните сеуште важат или се укинати, или како и се денес, закон, устави, е само на хартија, во пракса ќе си правиме како што ни чини?

[DOUBLEPOST=1463490703][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Гонџа Бојаџиу ги доби сите светски признанија од сите страни вклучувајќи и Нобелова награда. Со сето ова околу величењето на ликот на т.н. мајка Тереза се гледа колку е огромна разликата меѓу православната и римокатоличката духовност. Православен светител би пропаднал од срам ако добие уважување од светот оној истиот свет кој го отфрли Господ Христос. Неброени се добродетелите и чудотворствата пример на Св. Јован Шангајски во некогаш сиромашна Кина, кои се прибележени и на многу слики. Дали она кое го нарекуваме светот ги забележа неговите дела сторени со силата на Светиот Дух и му оддаде признание!? И дали тој светител како и сите други светители сакаат да се промовираат пред светот и од него да добиваат признанија. Кога овој лицемерен свет го отфрли нашиот Спасител.
Кога светот кој не мари и не жали за ничија душа оддава признание на Христов следбеник тогаш ако е прав Христов слебеник ќе сфати: штом тоа се случува мора нешто силно да греши во својата духовност. Излегува дека е поголем и поуспешен христијанин од Христос!? Господ рекол дека само лицемерите се сакани од сите. Ама, го губат единствено вредното - Бог.
Православниот верник не го сака овој свет, не го смета за пријател. Не само што не му значат туку е и сомничав кон пофалбите и признанијата од светот. Додека сме овде на земјата не сакаме земските работи да ни станат значајни. Православниот верник чини дела за добивање признанија од Бог. Овде сме на испит, нашиот дом е Небесното Царство.

И Исламска држава и многу други религии имаат свои маченици и доброчинители кои се спремни на огромни лични жртви во името на нивната религија. Дали за тоа треба да ги славиме!? Ги знајме делата кои ја изразуваат суштината и на Исламот и на Ватикан и нивната природа не можи да се промени. Ја имаме светата Православна Црква за заштита и осветување на нашите души и сите други се волци.
Ако на Претседателот Иванов Римокатолицизмот му се допаѓа, тогаш нека стани римокатолик... или ако сака да остани православен како и сите други верници треба да ги следи каноните и светотечките поуки за чување на спасителната вера, чиста од заблудите и лицемерието на ересите. Не можи и едното и другото. Да биди православен и љубител на Ватикан. Тоа е продолжение на еден куп негови постапки кои ја изразуваат неговата безличност, а и продолжение на дпмнеовската шизофренија. Какви се тие тврдокорни вмровски православци кои во секоја прилика трчаат да се токмат и клањаат пред папските претставници.
 
Kaтоличанството е единствен излез и спас за човекот а со тоа и за Македонија. Шо поскоро да и се вратиме покаени под закрилата на светата Римокатоличка црква и да бидеме и ние конечно благословени и среќни.
 
Нивните дела на посрамување на христијанството и сите можни забегувања не го потврдуваат твоето мислење.
Ако се живеело онака богато и комотно во склад и соработка со световните сили како што живее Ватикан веќе илјада години се прашуваме па каде е испитот на верата.

31. *Оти, кога ова го прават со зеленото дрво (Христос), што ќе биде тогаш со сувото (следбениците)?«

Или... паднаа на испитот и се во спрега со световните сили за да бидат соблазна за слабоумните и слабоверните.

25. Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.«
 
Богатството е симбол на божјата милост:

1. Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кому му се мили Неговите заповеди.
2. Неговото потомство ќе биде силно на земјата; родот на праведните ќе биде благословен.
3. Слава и богатство ќе има во неговиот дом; и правдата негова ќе преуспева вечно.
4. На праведните во темнина им изгрева светлина од Добриот и Милостивиот.

6. Во куќата на праведникот – обилни ризници

Ако си христијанин дај нешто од Новиот Завет.
Тоа се старозаветни стихови, најмногу од псалмите, ние христијаните ги толкуваме на духовен начин. Таму каде пишува Сион ние толкуваме Црква, таму каде пишува моите непријатели ние толкуваме демоните, таму каде пишува обилни ризници, толкуваме внатрешна благодат, непрекината слава и богатство толкуваме идниот живот во Небесното Царство,[DOUBLEPOST=1473623566][/DOUBLEPOST]од Новиот Завет

19. Еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше.
20. Имаше исто така, и еден сиромав, по име Лазар, кој струплив лежеше пред вратата негова;
21. и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови.
22. Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во крилото Авраамово; умре и богатиот и го погребаа.
23. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраама и Лазара во крилото негово,
24. и, откако извика, рече: ’Оче Аврааме, смилуј се на мене и прати го Лазара да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, оти многу страдам во овој пламен!‘
25. Но Авраам рече: ’Синко, сети се, дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти страдаш.

и не пишува дека богатиот Лазар бил лош човек, само додека бил жив „се веселел“ - не марел за спасението на душата.
 
па скинете го стариот завет ако појќе не ви важи
Католиците ја поштоваат цела библија и секој божји збор не бираат “ова може, ова не може“ затоа и му се подраги на госпот
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.983
Поени од реакции
8.526
па скинете го стариот завет ако појќе не ви важи
Католиците ја поштоваат цела библија и секој божји збор не бираат “ова може, ова не може“ затоа и му се подраги на госпот
A Taлмудот го поштовате ли?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Да ти појаснам @121314 , бидејќи членот може да те излаже и ти да паднеш под негова моќ од незнаење...

@Let 3 најмногу го поштова Талмудот, преку него сака да ги поправи православните вероодстапници од вистинската христијанска вера и да бидат сите Католици!
Тоа му е целта нему тука на форумов... да спасува души!
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
па скинете го стариот завет ако појќе не ви важи
Католиците ја поштоваат цела библија и секој божји збор не бираат “ова може, ова не може“ затоа и му се подраги на госпот
Ова е исто, вака се толкува Стариот Завет и од римокатолиците, старокатолиците и повеќето протестанти.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.983
Поени од реакции
8.526
Да ти појаснам @121314 , бидејќи членот може да те излаже и ти да паднеш под негова моќ од незнаење...

@Let 3 најмногу го поштова Талмудот, преку него сака да ги поправи православните вероодстапници од вистинската христијанска вера и да бидат сите Католици!
Тоа му е целта нему тука на форумов... да спасува души!
Не е доволно тоа. Ако не ги почитува Аd extirpanda и Виканскиот календар, тогаш тој не е никаков римокатолик, туку лицемер и измамник.:D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom