Паписти во Македонија?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Или пак можи Господ да креира портал за во друга димензија и таму да ја сокрие книгата. Во другата димензија да нема никакво постоење туку само простор за книгата и тој што сака да ја проучува да застани пред порталот и да изрецитира на пример три свети троици и две оче наш за да го повика Бог. После тоа Господ да го провери дали е чист во срцето за да отвори порталот и да го пушти да ја проучува книгата.
само Спиро би можел да влезе во тој портал (бог да го прости)
никој нема така чисто детско срце како него во љубовта за христа шо блиста и на плажа млади моми плиска....
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.994
Поени од реакции
8.544
Kнигата е напишана со втиснување на букви во алуминумски страни обложени со анодизирано злато што ја чини екстремно отпорна на сите надворешни влијанија (таква плоча со порака е поставена на сондата пионир која во 70 десети е лансирана надвор од сончев систем за евентуален контакт со вонземјани и после иљадници и иљадници години)
Знаеш ли ти кога е добиен елементарен алуминиум?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.207
Знаеш ли ти кога е добиен елементарен алуминиум?
Не е проблем за некој што е семоќен, сеприсутен и сезнаен и покрај се' и создател на се' живо и неживо.

Прашањето е кога Бог го создал елементарниот алуминиум, кога на човекот му го открил елементарниот алуминиум или кога човекот од Боксит создал елементарен алуминиум?

Се извинувам....се заборавив за миг....алуминиумот не беше интересен....златото и среброто беа некако помили на чедата божји....
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.994
Поени од реакции
8.544
и каде може да се види таа света безгрешна од бог сочувана библија комплетна неизменета некорегирана со векови и векови?
И кога би ја видел, што со тоа? Ќе престанеш да бидеш атеист? Ќе поверуваш во Господ Бог Исус Христос? Фарисеите опишани во Евангелијата, не оригиналната Тора, не оригиналниот Танах, туку самиот Господ Го видоа лично и што направија???

Од друга страна, на околу 800 км од Ерусалим, во градот Едеса (денешна Урфа) живееше кнезот Авгар кој беше незнабожец. Што направил Авгар кој боледувал од лепра кога слушнал за Исус Христос и чудесата што ги чинел?
 
Исусовите учења беа најблиску до фарисејските, е сега ова ти е теба шокантно и незамисливо пошто не си потрошил ни секунда од своето време да истражиш кои и што беа фарисеи, кој беа назарени, теравпети, есени, садукеи... во јудејската вера.
Е да Исус му напишал на Авгар писмо како одговор на негото каде го кани во негото царство да си живее мирно и безбедно оти “евреите нешто мрчеле против него“ а за болеста му ветил дека ученик свој ќе му го прати ова го имаш кај Евзибиј мислам дека него православна црква го отфрлаа
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.207
Се шират информации дека Папата ќе ја посетел Македонија (оној од Ватикан, не Бране). Нешто протести ќе има? Контрапротести?

Оффтопик но на тема...
Папата доаѓа во посета на Македонија и го праќаат Трпе да го пречека со лимузина (оној мерцедесо многу пари шо чинел). Оди Трпе на аеродром, го пречекува Папата по протокол и Папата му вели....слушај Трпе и јас сум човек, и јас сакам да се издувам, ама овие во Ватикан не ми даваат. Може ли јас да возам до Скопје, да се издувам, пошто кај вас во Македонија нема ни ред ни закон и секој прави што сака. Трпе се согласил и седнал на совозачко седиште, а Папата зад волан. Почнал Папата да пичи накај Скопје и ги застанува џандар. Папата отвара прозор, џандарот се вкочанува од изненадување, го зема мобилниот и му се јавува на командирот. Ало шефе направив беља, застанав некој многу важен. Што застана пратеник- прашува командирот. Многу поважен шефе. Што, застана министер? Не шефе поважен. Што го застана председателот? Не шефе поважен. Го застана премиерот? Не шефе поважен. Е кој поважен? Шефе мислам дека го застанав Господ, на кој друг Папата би му бул личен шофер.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
и каде може да се види таа света безгрешна од бог сочувана библија комплетна неизменета некорегирана со векови и векови?
Дали се сложивме дека никакво обезбедување не може да сочува некој текст од човечка измена?
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Се докажуваш како несериозен соговорник.
На кој начин може да се стават настрана еден или неколку изворни примероци и да се зачува(ат) од човечко замешување.
Не одговори на проблемот на можноста на владетелите, не одговори на сомнежот за првиот кој би имал таков авторитет тоа да го нареди и како би го остварил тоа. Не одговори како би било можно во минатото кога немало такви обезбедувања. Што ако биде уништено со земјотрес, бомба, освоено од непријателска војска. И добра забелешка од братот кој праша и од која материја би бил изработен пред 2000 години за да трае досега.

Се докажува безбожничкото самоволие. Бог е вистина, немам потреба јас да верувам во лага. Ништо не ми значи што сум роден православен. Верувам во Господ Исус Христос затоа што е вистина тука. Сега и секогаш, низ сите векови.
Човечката безбожност е своеволие. Не ве интересира вистината. Зошто избегнуваш здраворазумски одговор на обични прашања, затоа што сфати ако одговориш ќе падне лажниот систем кој го градеше. Тој систем не е вистинит и има дупки во концептот. Замајуваш со емпириски податоци вакви онакви. Но битна е усгласеноста на концептот. Затоа што зависно од концептот емпириските податоци добиваат друг поглед и може сосема друго да значат.

Како несериозен, а упати навреди, сите навреди кон соговорниците тебе ти се враќаат, тебе те отсликуваат.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Се докажуваш како несериозен соговорник.
На кој начин може да се стават настрана еден или неколку изворни примероци и да се зачува(ат) од човечко замешување.
Не одговори на проблемот на можноста на владетелите, не одговори на сомнежот за првиот кој би имал таков авторитет тоа да го нареди и како би го остварил тоа. Не одговори како би било можно во минатото кога немало такви обезбедувања. Што ако биде уништено со земјотрес, бомба, освоено од непријателска војска. И добра забелешка од братот кој праша и од која материја би бил изработен пред 2000 години за да трае досега.

Се докажува безбожничкото самоволие. Бог е вистина, немам потреба јас да верувам во лага. Ништо не ми значи што сум роден православен. Верувам во Господ Исус Христос затоа што е вистина тука.
Човечката безбожност е своеволие. Не ве интересира вистината. Зошто избегнуваш здраворазумски одговор на обични прашања, затоа што сфати ако одговориш ќе падне лажниот систем кој го градеше. Тој систем не е вистинит и има дупки во концептот. Замајуваш со емпириски податоци вакви онакви. Но битна е усгласеноста на концептот. Затоа што зависно од концептот емпириските податоци добиваат друг поглед и може сосема друго да значат.

Како несериозен, а упати навреди, сите навреди кон соговорниците тебе ти се враќаат, тебе те отсликуваат.
Можеше комотно песна од Мирослав Илиќ да напишеш - иста тежина би имала како твојот текст, јас прашувам која е таа света книга дадена од госпот до денешен ден непроменета неизменета некорегирана точна комплетна?
нема никој таков одговор.
Сето твое верување се своди на одлуки на групи луѓе кои од време на време низ историјата правеле измени или дополнувања или се оделувале и создавале свои чоечки закони.
За разлика од паганските религии, христијанството е “книжна“ вера. Кај паганството немаше догми немаше проповеди немаше текстови... имаше обреди. Тие беа најважни.
И сега најбитнио дел од верата твоја, текстовите, страни и страни наназат не знаете да кажете која е таа света книга комплетна јасна непроменета неизменета. Која и да ја споменеме , има фалинки, или нешо недостасува или е корегирана.
То ли е начин некое надприродно суштество да си остави својата реч меѓу народи?
немал госпот пред 2000 години алуминиум, не му биле познати и достапни техниките на чоек од 21 век, не знаел шо е то ласер па да изгравира во некој кристал ако треба бе зборовите, немал технички средтсва или знаење да ги забележи своите зборови да бидат вечни??
А од друга страна создал се живо и мртво во цела вселена?
А зборовите му расфрлени загинати прераскажвани изгорени, искинати, распаднати и во стотици разни верзии се проповедаат во десетици меѓусебе раскарани поделени цркви.
Па египетските свети текстови останаа врежани в камен 5000 години, уште можат да се прочитаат рисјанските е проблем и од пред 1000 да се најдат читливи.
Cето тоа ни укажува дека рисјанството е чоечка измислица, у ствари тоа се слоеви прикаски и фантазии накалемени врз вистински настан кој нема врска со ништо боженствено.
Ко шо му кажав порано овде, се молите на еврејски Тито, на жидовски Че Ге Вара.
 
Падна авторитетот на твоите пишувања кога избегна да признаеш неизбежен одговор. Иако уште од старт беше безсмислено да се брани. Не постои ни приближно можност за на совршен начин да се обезбеди неизменливост на некој изворен примерок. Но влеговме во докажување на она кое смешно е да се докажува и ти поставувме смешни хипотетички проблематики и ти дури :notworthy: се обиде да ги решаваш. Многу од нив ги изостави затоа што дури ни со фантазија не се одговараат. И на крај сепак одрече да признаеш.

И верувал или не една религија го применува овој пристап. Го имаат она кое ти го бараш. Има една добро позната религија која за да ја докаже автентичноста и неизменливоста на нивната света книга има 3 изворни примероци стари над илјада години кои се чуваат под најстрог надглед во главните градови на 3 различни држави. Тоа што ти го бараш автентични примероци на „света книга“, кои совршено се совпаѓаат и се изворен примерок за сите копии, постои и затоа немој да бидеш безбожник туку стани припадник на таа религија.[DOUBLEPOST=1452999517][/DOUBLEPOST]За жал се докажува како точна претпоставката за порастот на папизмот во македонските политички кругови.

Папата Фрањо ќе доаѓа во Скопје во септември?

Папата Фрањо се очекува да дојде во Скопје во септември годинава. Поводот за неговата посета е прогласувањето на Мајка Тереза за светица.

Монсињор Антон Циримотиќ од Католичката црква во Скопје потврди дека се зборува за евентуална посета на папата и на претставници од Ватикан, но за такво нешто народот треба добро да се подготви. (добро да се обработи. Однапред ви кажуваме не го сакаме еретикот на наше тло.)

“Папата не би дошол заради него туку заради овој народ. Тој оди некаде за да се види со народот, не заради негов интерес. Мислам дека луѓето овде не се доволно подготвени да го пречекаат. Народот мора да сака да ја слушне неговата порака (што значи со самото доаѓање ние сме поставени да бидеме католицизирани, бидејќи стануваме негов народ). Неговата посета многу би ни значела, особено во овој момент, кога земјата се наоѓа во тешка ситуација (и да се искористи тешката ситуација за да бидеме дотолчени). Навистина ни е потребна неговата порака (каде папата стапнал секаде донел проклетство). Ако тоа се случи, земјата мора многу да се подготви за да го пречека, бидејќи цел свет ќе биде свртен кон нас (демек да му се поклониме наочиглед на цел свет)”, вели Циримотиќ.

Тој вели дека сe уште немал информација дали прогласувањето за светица ќе биде во Рим или во Скопје.

Циримотиќ нагласува дека евентуалната посета на папата би била значајна за Македонија, ако се земе предвид дека тој досега бил во посета на регионот, како во Албанија, Бугарија и во Босна и Херцеговина. (и што корист видоа од тоа)

Министерството за надворешни работи вели дека се испратени и официјални покани во Ватикан за годинешнава посета (треба да се засрамите папиштани безумни).

“Првата покана ја испрати Претседателот на државата во јуни 2014 година, па потоа поканата беше реафирмирана и од премиерот во првата половина на 2015 година. Последен пат поканата до папата ја повтори усно Претседателот во октомври минатата година, при неговата последна посета на Ватикан. Неговата посета би била многу значајна, не само во чест на прогласување на Мајка Тереза за светица и за промовирање на нејзините знаменитости во земјата туку и за подобрување на билатералните односи”, велат од МНР. (откако ја зафркнаа работата сега кон ѓаволот за помош се обраќаат)
Папата Фрањо и го призна второто чудо на Мајка Тереза, и со тоа се отвори патот таа да биде прогласена за светица. Чудото кое беше потребно за нејзино прогласување за света е поврзано со лекување на маж во Бразил, кој имал сериозна мозочна инфекција.
Со сета пропагандна машинерија направија „светица“. Во последните писма Гонџа Бојаџиу искажува сомнежи во верата кон Господ. Пред смртта и вршат егзоцизми.

Православен светител вземи би се покрил од срам ако светот го фали за добар и свет. Тоа би значело овој свет кој го отфрли Христос му оддава почит на светителот. Таквиот „светител“ како „мајка Тереза“ излегува дека е подобар од Христос.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
И верувал или не една религија го применува овој пристап. Го имаат она кое ти го бараш. Има една добро позната религија која за да ја докаже автентичноста и неизменливоста на нивната света книга има 3 изворни примероци стари над илјада години кои се чуваат под најстрог надглед во главните градови на 3 различни држави. Тоа што ти го бараш автентични примероци на „света книга“, кои совршено се совпаѓаат и се изворен примерок за сите копии, постои и затоа немој да бидеш безбожник туку стани припадник на таа религија.
Протестанти?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Малку оф топик, овој папа ми е најнормален и најсимпатичен од сите кој ги видов во мојот животен век. За разлика од претходниот кој изгледаше како во младоста да бил чувар во конц логор.

Инаку, евентуално доаѓање на папата во Македонија на политички план ќе значи многу.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Подршка и заштита од страна на светата Католичка црква ќе значи многу за Македонија. Можеби една од последните шанси кои Бог ни ги дава да се кренеме и како народ и како држава.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.994
Поени од реакции
8.544
Папата Фрањо и го призна второто чудо на Мајка Тереза, и со тоа се отвори патот таа да биде прогласена за светица. Чудото кое беше потребно за нејзино прогласување за света е поврзано со лекување на маж во Бразил, кој имал сериозна мозочна инфекција.
Со сета пропагандна машинерија направија „светица“. Во последните писма Гонџа Бојаџиу искажува сомнежи во верата кон Господ. Пред смртта и вршат егзоцизми.

Православен светител вземи би се покрил од срам ако светот го фали за добар и свет. Тоа би значело овој свет кој го отфрли Христос му оддава почит на светителот. Таквиот „светител“ како „мајка Тереза“ излегува дека е подобар од Христос.
Тие планираат Томас де Торкемада да го прогласат за „светител“, па ќе се двоумеле околу Гонџа Бојаџиу.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom