Пазарење - Велосипеди - Делови

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Ја преместив во Останати спортови. Некако штрчи во бодибилдинг и фитнес секторот.
 
Ја преместив во Останати спортови. Некако штрчи во бодибилдинг и фитнес секторот.
Заслужив еден пост офтопик - Ти си Маерс, оној Маерс.. Од кралството на кромидот?
 
По 20 денари се.Не се скапи ама би платил и многу повеќе само да се квалитетни,а не ѓубре кое се распаѓа по 15 минути возење.Би купил оригинални да има од каде но квалитетна роба за велосипеди во Кавадарци нема.
Побарај го мкд владе, посредува преку купување на www.ebay.com за одреден надомест и порачај од таму.
 
Заслужив еден пост офтопик - Ти си Маерс, оној Маерс.. Од кралството на кромидот?

Оддамна кромидот е изумрен, ама епитетот уште остана. Да, тој сум.
 
Ту, секаде те има тибам штркот..
 
Па има еден куп луѓе на форумов, нека ти пратат од СК по пошта а ти прати им пари на трансакциска. Се работи за 300 денари гром да го утепа, не се милиони...
Абе не е проблем 300 денари туку проблем е големината.Моментално импровизирам лагери на задната осовина.Незнам ни точна големина бидејќи претходните беа целосно стопени (испаднаа во вид на прав) и наместо венче наредив топчиња само без венче.
 
Нема импровизација, една стандардна големина има за тој дијаметар на осовината. Само измери ја осовината и останатото веќе ќе биде јасно.
 
Немам баш за фрлање ама би сакал да знам колку се овие SRAM што пари идат?
Јас возам Sram X5 mid cage заден менувач и перфектно работи, безшумен и многу мазно менува. Цената му е некаде од прилика 2300 денари, не знам, јас го имам фабрички на точакот т.е. така го земав. Ако сакаш пак од Shimano добар менувач, тогаш ништо не земај под Alivio класа, мислам дека е околу 2000 ден. Тоа е тоа од прилика. :)

Шимано не зимај општо зашто во иста класа со срам се послаби, земи си едно х3 и цепај. иначе ја возам х9 да се пофалам
sram-x-9-rear-derailleur.jpg
 
Да земам плата ќе гледам да оставам пари за Sram X5 mid Инаку фала другар на советот (y)
 
Шимано не зимај општо зашто во иста класа со срам се послаби, земи си едно х3 и цепај. иначе ја возам х9 да се пофалам
sram-x-9-rear-derailleur.jpg
Па не би го рекол тоа за XT или XTR серијата на менувачи, не се за потценување. :)
 
Па не би го рекол тоа за XT или XTR серијата на менувачи, не се за потценување. :)
Незнам сепак је не би ставил шимано освен да ми го дадат без пари, еден другар имаше saint shadow специјален за спуст и тропаше како канта и тоа нов после стави половен х9 и немаше гајле.
 
zocc Вака дали ова Sram x5 може да се стави на секој точак или мора да се има оргинални делови т.е оргинал sram шалтери и други делови за да работи?
 
zocc Вака дали ова Sram x5 може да се стави на секој точак или мора да се има оргинални делови т.е оргинал sram шалтери и други делови за да работи?
Да мора да имаш Sram шалтери, може и со Х4 зошто менувачот (Х5) е за 8/9 брзини. Значи касетата мора да биде минимум со 8 брзини. Исто така битен е и преносот за колку брзини е направен. Ти што имаш сега моментално на велосипедот ??
 
Еј полека, не заборавај на рамот. Ако тие обичен турски/кинески точак, нема да прифати ваков менувач. Овие се монтираат на систем на вешање, што значи дека има еден алуминиумски мек дел кој стои помеѓу рамот и менувачот. Во случај на несреќа, овој дел ќе се скрши а рамот/менувачот ќе останат безбедни. Секако во ретки случаи може менувачот директно на рам да се монтира ама ова ич не е препорачливо. Овие алуминиумски вешања се ефтини и стандардизирани, чинат 100-200 денари ама небитно тоа, ако го немаш вешањето нема да можеш да го ставиш менувачот. Обично кај поквалитетните рамови ќе видиш дупка таму за монтирање менувач/вешање.

Еве како изгледа мекиот дел.
SH95430.jpg

А вака изгледа намонтирано...
p4pb8066274.jpg

Значи најчесто самиот рам ќе има еден вид на вдлабнатини за овој мек дел да влезе во него, нешто како лежиште. После тоа со еден шраф се прицврстува мекиот дел за рамот, а менувачот иде на другата страна. Ако немате лежиште на самиот рам, тешко дека ќе успеете да го монтирате менувачот. Постои во некои случаи опција да се купи универзално вешање (мекиот дел де) кој што ќе легне на сите рамови, вклучувајќи ги и кинеските ама јас искрено прво би побарал информации на нет за менувачот, дали бара вешање или не, па после би проверил на рамот дали имам опција за вешање и за крај би побарал соодветно вешање во локалните продавници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom