Ама и сунвенциите за земјоделството не беа поголеми од 4 до 5 милиони евра годишно, не ги зголемуваше пензиите и платите!!!
А па сега оти се декларираат на 40-50-70 милиони евра годишно земјоделците видоа некој “аир“ од владава.Што вреди ако некому дадеш 2 денари од килограм пченица,ако истата тој не ја продаде по 15 денари колку што го чини да ја произведе,ако ги вкалкулира сите трошоци.Во таков случај субвенциите стануваат контрапродуктивни,а парите како субвенции скроз ја промашиле целта.Подобро би било тие пари да се инвестираа во инфраструктура за индустрија која ќе ги преработува тие земјоделски производи.
Го носам странскиот инвеститор во Прилеп и му покажувам една нива без асфалтен пат,без струја и вода,без никаква ни малку урбанизирана парцела,и странскиот потенцијален инвеститор ме гледа и ме прашува дали се заебавам со него.Не бе,му велам,еве како нашата влада ве кани да инвестирате во Македонија.Странецот се чуди,климнува неколку пати со главата,чиниш ќе се кандиса да гради фабрика и ми вели:
-Пријателе,јас нема да се заебавам 5 години за да обезбедам услови овде да изградам објект за кој не сум сигурен дали ќе профитира,а ти можеш да се јавиш по некое време,ако има сеуште ефтина работна сила за мојот бизнис како што кажуваш,но само доколку ми гарантираш дека ќе има и соодветно подготвено земјиште каде би ја изградил мојата фабрика.
Ама овде владата им дава субвенции на земјоделците му велам,ќе има доволно “факинг“ производи за твојот бизнис.Странецот се насмевна,а во неговиот поглед можеше да се почуствува бесот кој вриеше кај него,затоа што залудно го потрошил своето драгоцено време.
