Падна малезиски авион во Украина.

  • Креатор на темата Креатор на темата templar55
  • Време на започнување Време на започнување
http://rtd.rt.com/films/reflections-on-mh17film/#part-1

Документарец од РТ за МХ17, вреди да се погледне. Е тоа е солидно истражувачко новинарство а не новинари од типот Putins missile!

На крајот мислам холандскиот новинар дава документи дека Киев ја има главната улога во истражувачкиот тим и слободно може да крие факти.
 
:pos:
Стварно солидно новинарство.
http://www.onderzoeksraad.nl/uploads/fm/MH17/Agreement_NBAAI_and_DSB_website.pdf
Еве ти го документот. Каде гледаш дека Киев ја има главната улога? Каде гледаш дека има простор за криење факти?
Самиот документ кажува дека се делегира целото истражување врз холандскиот тим.
Манипулирање ала Сител.
 
ХОЛАНДСКИ ЕКСПЕРТИ ПОТВРДИЛЕ

Русите не го собориле малезискиот авион, Украинците лажно ги обвинувале

Тимот експерти што ги истражуваат причините за падот на малезискиот авион во Украина тврдат дека украинските медиуми лажно ја обвинувале Русија дека стои зад уривањето на леталото.

mkd-180090.jpg

Во украинските медиуми вчера се појавил наводен извод од извештајот за истрагата во кој се наведува дека е утврдено дека руска ракета земја-воздух од системот БУК го соборила боингот, притоа убивајќи ги речиси 300-та луѓе што се наоѓале во леталото.

„Можам со сигурност да кажам дека тие наводи не се точни. Сѐ уште не сме донеле никаков заклучок“, изјавил портпаролот на истражниот тим Вим де Брун.

Во написите на украинските медиуми се цитира и холандскиот весник НОС, чиј уредник кажал дека истрагата „пати“ поради лошата комуникација меѓу холандската полиција и истражувачите од националната разузнавачка служба.

mkd-180091.jpg

НОС ја спомнува теоријата дека авионот на лет број МХ17 бил соборен со БУК-ракета, но не кажува дали тоа било потврдено со истрагата. Истражниот тим на својот сајт демантирал дека разузнавачката служба на Холандија ја попречува истрагата.

Авионот на компанијата Малезија ервејз боинг 777 падна на 17 јули во источна Украина, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/rusite-ne-go-soborile-maleziskiot-avion-ukraincite-lazhno-gi-obvinuvale
 
Главниот руски дизајнер на воени летала тврди дека СУ-25 воен авион (авион кој што самиот тој го дизајнирал) нема шанси да урне Боинг патнички авион на таква висина и дека е уверен дека се работи за БУК ракета.

http://www.nltimes.nl/2015/03/11/buk-missile-took-out-mh17-russia-military-expert/
But Babak, who designed the Sukhoi-25, says that this is impossible. The fighter is designed to fly low, at a height of only a few kilometers. It can only fly higher for a short period of time. If the Sukhoi-25 had fired a missile at an altitude of 10 kilometers, it would have just crashed to the ground.

According to Babak, it is also impossible that other fighter jets could have downed MH17. So called air-to-air missiles would only have damaged the Boeing, and the Boeing had been completely destroyed while still in the air.
 
^^
3 забелешки од горниов пост, и една дополнителна 4та забелешка - заклучок:

1. Игорче напишал дека „главниот руски пензиониран дизајнер на воени летала рекол дека СУ-25 не може да оперира на таква висина„ (каде што летал боингот).
2. Некој си рандом јутјуб корисник MrQuadruple постирал видео (кое потоа Игорче го постирал овде) со наслов: „Главниот руски дизајнер на воени летала рекол дека MH17 не е урнат од ловечки авион
3. Во некој таму медиум http://www.nltimes.nl објавиле текст со наслов „Проектил од БУК го урна MH17: вели руски воен експерт„ (кој потоа Игорче го постирал овде)

4. Сите наведени „извори„, заедно со Игорче, раскажуваат приказни - во кои докажану заклучоци за судбината на MH17 (сеуште) никаде ги нема. ;)
 
Последно уредено:
Помина цела година и никакви докази од истрагата, се' што се нуди е нискоинтелектуална медиумска индокринација на јавноста.
Паушални изјави не се и не можат да бидат супститут за научно потврдени докази, доколку не постоеја остатоци од авионот, сателитски снимки, докази за погрешно наведување на курсот, и ред други работи тогаш можеби и ќе се потпревме на пласираните теории.

Изјавата на Бабак, се разбира во оригинален превод звучи малку поинаку, во која само тврди дека е “маловеројатно“ да се работи за ракета “воздух-воздух“ и генерално бидејќи смета дека украинските пилоти не се доволно искусни за такви височини.

Руското Министерство за одбрана одамна претстави слики за распореденоста на воздушната одбрана на украинската армија, со кои се потврдува дека на денот на несреќата, еден БУК систем се преселил на територијата контролирана од страна на ополченците.
Особено што на денот на несреќата 17ти јули тој БУК беше лоциран во близина на селото Зарошинскаја(50 км источно од Донецк, 8 километри јужно од Шахтерска), а на 18 јули веќе не беше таму!
Дополнително на ова, Руската армија во денот на несреќата евидентирала зголемен интензитет од зрачењето на украинските радарски системи лоцирани на БУКовите, а на 18 јули веќе нивната работа почнала да се намалува.
 
Зошто се уште упорно се оди во ѕид за оваа очигледна работа?
Како можеш да даваш вакви глупави аргументи на кои и самиот не си веруваш? Прво велиш дека видеото било објавено од некој анонимен на јутјуб, па тоа е видео од Германскиот национален јавен телевизиски сервис АРД. Ама тоа е најмалиот аргумент од овие објавени докази, ти баш се фати за веродостојноста, нејсе.

Повели уште докази ем директно од веродостоен извор, ем опипливи анализи, а не приказни.
http://www.rtlnieuws.nl/nieuws/binnenland/mh17-shot-down-buk-missile-definitive-proof
 
Го погледав прилогот.
Сторијата иде отприлика овака: талентиран новинар (најверојатно 7мо колено сродство Шерлок Холмс) на бојното поле каде е срушен и Боингот од летот МН17, наоѓа мало парче р’ѓосано железо. Понесен од супериорната инутуиција - го носи тоа р’ѓосано железо кај некој неидентификуван британски „експерт„ кој фрла поглед и вели "Yes, this looks right".
Пошто Британците се покажаа како многу објективни во кризата во Украина, таа објективност тешко можеше да се надмине - ама на нашиот репортер му успеа со наоѓање на полски експерт (а сите знаеме дека тие се уште пообјективни). Таму полскиот „стручњак„ (всушност и тој е новинар) кажува за парчињата р’ѓа: „м’хмм да, да... овие може да се од проектил„. :)
Така во светло на овие „цврсти докази„, нашиот репортер користејќи ја својата супериорна моќ на дедукција (која сигурно ја наследил од славниот предок, како што кажав погоре), нашиов репортер доаѓа до „цврст„ заклучок дека Русите го урнале цивилниот авион од летот МН17.

Ајде за момент, да претпоставиме дека сето ова не е пародија и пропаганда. Да претпоставиме дека ова е објективно парче на одлично истражувачко новинарство.
Дали бе навистина не сметаш дека сите тие силни екипи од овластени стручњаци од западните земји, наоружани со милион пати повеќе опрема и искуство и луѓе... не ли сметаш дека во тој случај тие што ја водат истрагата веќе ќе излезеа во јавност со ваков заклучок??!? :cautious:

Ако авионот е погоден од илјадници шрапнели кои лесно се идентификуваат дека се од руски (а не украински) БУК, зарем навистина сметаш дека типацов ќе направи вакво „откритие„ кое не успеваат да го направат цели екипи од истражувачи и комисии, со секакви опреми за форензичка анализа.
Се работи за очигледна пропаганда, се разбира. Ама изгледа објективноста е во акутен недостаток денес.

Како можеш да даваш вакви глупави аргументи на кои и самиот не си веруваш? Прво велиш дека видеото било објавено од некој анонимен на јутјуб, па тоа е видео од Германскиот национален јавен телевизиски сервис АРД. Ама тоа е најмалиот аргумент од овие објавени докази, ти баш се фати за веродостојноста, нејсе.
Алас излегував од работа за накај дома, и не ја напишав основната работа што првично сакав да ја напишам - дека сите три „извори„ (вклучувајќи го и Игорче) кажуваат различни варијации на изјавата на Бабак:
- „главниот руски пензиониран дизајнер на воени летала рекол дека СУ-25 не може да оперира на таква висина„
- „Главниот руски дизајнер на воени летала рекол дека MH17 не е урнат од ловечки авион„
„Проектил од БУК го урна MH17: вели руски воен експерт„

Поентата беше да укажам дека од авион (мала шала), дека од авион се гледа колку „слободен превод„ е употребен во „толкувањето„ на изјавата на Бабак.
 
Помина цела година и никакви докази од истрагата, се' што се нуди е нискоинтелектуална медиумска индокринација на јавноста.
Паушални изјави не се и не можат да бидат супститут за научно потврдени докази, доколку не постоеја остатоци од авионот, сателитски снимки, докази за погрешно наведување на курсот, и ред други работи тогаш можеби и ќе се потпревме на пласираните теории.

Изјавата на Бабак, се разбира во оригинален превод звучи малку поинаку, во која само тврди дека е “маловеројатно“ да се работи за ракета “воздух-воздух“ и генерално бидејќи смета дека украинските пилоти не се доволно искусни за такви височини.

Руското Министерство за одбрана одамна претстави слики за распореденоста на воздушната одбрана на украинската армија, со кои се потврдува дека на денот на несреќата, еден БУК систем се преселил на територијата контролирана од страна на ополченците.
Особено што на денот на несреќата 17ти јули тој БУК беше лоциран во близина на селото Зарошинскаја(50 км источно од Донецк, 8 километри јужно од Шахтерска), а на 18 јули веќе не беше таму!
Дополнително на ова, Руската армија во денот на несреќата евидентирала зголемен интензитет од зрачењето на украинските радарски системи лоцирани на БУКовите, а на 18 јули веќе нивната работа почнала да се намалува.
Изјавава не е замена за заклучокот кој го чекаме од страна на истражувачкиот тим, ама мислењето на човекот што самиот бил главен дизајнер на СУ-25 ловецот е далеку од паушална изјава.

Ако руското министерство за одбрана лажеше за некаков си ‘одраз‘ на воен ловец во непосредна близина на боингот кога примарниот извештај убаво покажува преку транскриптите од комуникацијата помеѓу аеродромите во Днипропетровск и Ростов дека русите не виделе ништо на примарниот радар, ако руското министерство за одбрана лажеше дека курсот намерно е сменет во сред лет, ако руското министерство за одбрана лажеше дека висината на летање била намалена непосредно пред уривањето, зошто треба да веруваме на било која изјава или тврдење на оваа институција која очигледно уште од самиот старт се обидува да ја замати водата со дезинформации и лажни теории?
 
Последно уредено:
Го погледав прилогот.
Сторијата иде отприлика овака: талентиран новинар (најверојатно 7мо колено сродство Шерлок Холмс) на бојното поле каде е срушен и Боингот од летот МН17, наоѓа мало парче р’ѓосано железо. Понесен од супериорната инутуиција - го носи тоа р’ѓосано железо кај некој неидентификуван британски „експерт„ кој фрла поглед и вели "Yes, this looks right".
Пошто Британците се покажаа како многу објективни во кризата во Украина, таа објективност тешко можеше да се надмине - ама на нашиот репортер му успеа со наоѓање на полски експерт (а сите знаеме дека тие се уште пообјективни). Таму полскиот „стручњак„ (всушност и тој е новинар) кажува за парчињата р’ѓа: „м’хмм да, да... овие може да се од проектил„. :)
Така во светло на овие „цврсти докази„, нашиот репортер користејќи ја својата супериорна моќ на дедукција (која сигурно ја наследил од славниот предок, како што кажав погоре), нашиов репортер доаѓа до „цврст„ заклучок дека Русите го урнале цивилниот авион од летот МН17.

Ајде за момент, да претпоставиме дека сето ова не е пародија и пропаганда. Да претпоставиме дека ова е објективно парче на одлично истражувачко новинарство.
Дали бе навистина не сметаш дека сите тие силни екипи од овластени стручњаци од западните земји, наоружани со милион пати повеќе опрема и искуство и луѓе... не ли сметаш дека во тој случај тие што ја водат истрагата веќе ќе излезеа во јавност со ваков заклучок??!? :cautious:

Ако авионот е погоден од илјадници шрапнели кои лесно се идентификуваат дека се од руски (а не украински) БУК, зарем навистина сметаш дека типацов ќе направи вакво „откритие„ кое не успеваат да го направат цели екипи од истражувачи и комисии, со секакви опреми за форензичка анализа.
Се работи за очигледна пропаганда, се разбира. Ама изгледа објективноста е во акутен недостаток денес.

Алас излегував од работа за накај дома, и не ја напишав основната работа што првично сакав да ја напишам - дека сите три „извори„ (вклучувајќи го и Игорче) кажуваат различни варијации на изјавата на Бабак:
- „главниот руски пензиониран дизајнер на воени летала рекол дека СУ-25 не може да оперира на таква висина„
- „Главниот руски дизајнер на воени летала рекол дека MH17 не е урнат од ловечки авион„
„Проектил од БУК го урна MH17: вели руски воен експерт„

Поентата беше да укажам дека од авион (мала шала), дека од авион се гледа колку „слободен превод„ е употребен во „толкувањето„ на изјавата на Бабак.
Работата е дека се гледа од авион, а ти и многу други се уште се фаќаш за сламки за да демантираш цели греди. Дали е тоа инструирано, или само параноидна наивност, не можам да судам. Ама мислам дека не е резултат на рационална мисла.

Во очи на целата збрка која излегува на виделина за очигледната руска пропаганда, ти тука спориш за пропаганда на холандска и германска телевизија, тие се светлосни години напред и во новинарски интегритет и етика и во објективност.

Едноставно, ако САКАШ реално да ги видиш работите, ќе видиш дека сите „докази“ кои наводно укажуваат на украинска или западњачка вмешаност, е резултат на руската пропаганда, и тоа е повеќе од очигледно.
Додека, сите други здраворазумски докази или нека бидат и само показатели укажуваат на бунтовниците поддржани од Русија. Немаше ништо да е спорно ако авионот беше воен, тоа ќе им беше само мала победа во очите на поддржувачите. И немаше да се прави збрка со цел да се негира очигледното.
 
Зарем навистина ќе се обидеш да „докажеш„ дека западната пропаганда е помалку пропагандна пропаганда од источната пропаганда?
(ех, 4 пати кажав пропганда во една иста реченица) :)

Не ми текнува дека сме дискутирале овде, ајде накратко - кои се моите ставови за пропагандата (сечија) инволвирана во судбината на цивилниот авион од летот МН17:

Дали постои руска пропаганда во сето ова?
- Се разбира. Исто како што постои и американска пропаганда (или „западна„ ака така сакаш да ги наречеш сателитите на САД).
Разлика има во квалитетот на истата, или поточно - кога зборуваме за руската пропаганда јас лично гледам помалку ОЧИГЛЕДНО ЛАЖИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ. Такви во западната пропаганда има многу, често работи кои не се никако директно поврзани со настанот, и немаат шанси ни колку снегулка во пеколот, да поминат ниту на коорумпиран суд. Тоа се работи наменети првенствено за пропаганда и социјален инжинеринг првенстветно на западната популација, но и на останатите - со оглед на глобалната распространетост на телевизиите денес (посебно западните „меинстрим„ медиуми како си-ен-ен и сличните). Во медиумите се пласира се и сешто, дури и потоа да се демантираат лагите - за нив е важно да се освои првиот впечаток на домашната публика.

Нејсе. Ова за разликата во квалитетот меѓу пропагандите, се разбира е само мое гледиште. На крај ќе видиме што ќе заклучат комисиите за истрагата на судбината на летот МН17.

Туку една друга работа морам да ја нагласам. Се работи за нешто со што многумина од вас изгледа дека никако не сте способни да се соочите: CUI BONO? Во чива корист беше настанот, кој и што извлече од сето ова??

Во очи на целата збрка која излегува на виделина за очигледната руска пропаганда, ти тука спориш за пропаганда на холандска и германска телевизија, тие се светлосни години напред и во новинарски интегритет и етика и во објективност.

Се согласувам дека некој овде навистина е сериозно наивен. ;)

Ајде те молам, наместо со празна реторика за „интегритетот„ на западната пропаганда - удостои ме со едно твое размислување за тоа што го напишав во претходиот пост:
Ајде за момент, да претпоставиме дека сето ова не е пародија и пропаганда. Да претпоставиме дека ова е објективно парче на одлично истражувачко новинарство.
Дали бе навистина не сметаш дека сите тие силни комисии и екипи од овластени стручњаци од западните земји, наоружани со милион пати повеќе опрема и искуство и луѓе, тие не можеа да најдат заклучок до сега... ама еден новинар успеа да ги најде. Ако беше толку лесно, тие што официјално ја водат истрагата, зарем досега немаше ли да излезат во јавност со ист таков заклучок??!? :cautious:
 
Туку една друга работа морам да ја нагласам. Се работи за нешто со што многумина од вас изгледа дека никако не сте способни да се соочите: CUI BONO? Во чива корист беше настанот, кој и што извлече од сето ова??
Поставување прашање во зависност каков одговор сакаш да добиеш, такви финти тешко да палат.
Првин демонстрирај/докажи дека авионот е урнат заради корист и дека е невозможно по грешка да бил урнат, па после имаш право да прашуваш кој и зошто имал корист.
 
Зарем навистина ќе се обидеш да „докажеш„ дека западната пропаганда е помалку пропагандна пропаганда од источната пропаганда?
(ех, 4 пати кажав пропганда во една иста реченица) :)

Не ми текнува дека сме дискутирале овде, ајде накратко - кои се моите ставови за пропагандата (сечија) инволвирана во судбината на цивилниот авион од летот МН17:

Дали постои руска пропаганда во сето ова?
- Се разбира. Исто како што постои и американска пропаганда (или „западна„ ака така сакаш да ги наречеш сателитите на САД).
Разлика има во квалитетот на истата, или поточно - кога зборуваме за руската пропаганда јас лично гледам помалку ОЧИГЛЕДНО ЛАЖИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ. Такви во западната пропаганда има многу, често работи кои не се никако директно поврзани со настанот, и немаат шанси ни колку снегулка во пеколот, да поминат ниту на коорумпиран суд. Тоа се работи наменети првенствено за пропаганда и социјален инжинеринг првенстветно на западната популација, но и на останатите - со оглед на глобалната распространетост на телевизиите денес (посебно западните „меинстрим„ медиуми како си-ен-ен и сличните). Во медиумите се пласира се и сешто, дури и потоа да се демантираат лагите - за нив е важно да се освои првиот впечаток на домашната публика.

Нејсе. Ова за разликата во квалитетот меѓу пропагандите, се разбира е само мое гледиште. На крај ќе видиме што ќе заклучат комисиите за истрагата на судбината на летот МН17.

Туку една друга работа морам да ја нагласам. Се работи за нешто со што многумина од вас изгледа дека никако не сте способни да се соочите: CUI BONO? Во чива корист беше настанот, кој и што извлече од сето ова??

Се согласувам дека некој овде навистина е сериозно наивен. ;)

Ајде те молам, наместо со празна реторика за „интегритетот„ на западната пропаганда - удостои ме со едно твое размислување за тоа што го напишав во претходиот пост:
Немам време за задлабочување, само предочи ги доказите кои ќе ме убедат дека не се бунтовниците.
 
Изјавава не е замена за заклучокот кој го чекаме од страна на истражувачкиот тим, ама мислењето на човекот што самиот бил главен дизајнер на СУ-25 ловецот е далеку од паушална изјава.
Никој не го оспорува стручниот кредибилитет на Бабак, но некогаш бил технички конструктор, не е ниту пилот, ниту пак неговата изјава ги зема во предвид сите расположливи аргументи. Човекот збори за теорија и никаде не вели дека верзијата со авионот не е возможна, туку според неговото лично уверување тоа е мало веројатно.

Самата индикација дека ЧЕКАМЕ ЗАКЛУЧОК наспроти масовните обвинувања против Русија во западните медиуми и нивните мегафони на форумов, укажува на НЕОСНОВАНОСТ и ПЛАНИРАНА КАМПАЊА без воопшто согледување на доказите.

Ако руското министерство за одбрана лажеше за некаков си ‘одраз‘ на воен ловец во непосредна близина на боингот кога примарниот извештај убаво покажува преку транскриптите од комуникацијата помеѓу аеродромите во Днипропетровск и Ростов дека русите не виделе ништо на примарниот радар, ако руското министерство за одбрана лажеше дека курсот намерно е сменет во сред лет, ако руското министерство за одбрана лажеше дека висината на летање била намалена непосредно пред уривањето,..

Кога некој кредибилно должнички лик како тебе на форумов се обидува да оспорува јавно презентирани ДОКАЗИ со свои понатамошни лаги и спинови, воден од “мислења“ и “анализи“ од твитер и антируската блогосфера, се губи бе смислата за сериозна дебата со таквите ко тебе.

зошто треба да веруваме на било која изјава или тврдење на оваа институција која очигледно уште од самиот старт се обидува да ја замати водата со дезинформации и лажни теории?

Како што рече, ЧЕКАМЕ на докази скоро цела година, докази кои требаше да ги потврдат обвинувањата на САД и Украинците, а ти ставаш на тапет “веродостојност на руското министерство за одбрана“?

Жалам стварно ама ја спушташ дискусијата на толку ниско полтронско ниво да човек мора да го преиспита критериумот на ментална и интелектуална зрелост за пристапување на овие теми.[DOUBLEPOST=1426975916][/DOUBLEPOST]
Немам време за задлабочување, само предочи ги доказите кои ќе ме убедат дека не се бунтовниците.

Извини г-дине “премногу зафатен“, ако те мрзи да ги читаш претходните 50 страни не очекувај дека некому си вреден било што да докажува и објаснува.
Ова е дискусија, а не судница со тебе во порота.
 
Никој не го оспорува стручниот кредибилитет на Бабак, но некогаш бил технички конструктор, не е ниту пилот, ниту пак неговата изјава ги зема во предвид сите расположливи аргументи. Човекот збори за теорија и никаде не вели дека верзијата со авионот не е возможна, туку според неговото лично уверување тоа е мало веројатно.

Самата индикација дека ЧЕКАМЕ ЗАКЛУЧОК наспроти масовните обвинувања против Русија во западните медиуми и нивните мегафони на форумов, укажува на НЕОСНОВАНОСТ и ПЛАНИРАНА КАМПАЊА без воопшто согледување на доказите.

Кога некој кредибилно должнички лик како тебе на форумов се обидува да оспорува јавно презентирани ДОКАЗИ со свои понатамошни лаги и спинови, воден од “мислења“ и “анализи“ од твитер и антируската блогосфера, се губи бе смислата за сериозна дебата со таквите тебе.

Како што рече, ЧЕКАМЕ на докази скоро цела година, докази кои требаше да ги потврдат обвинувањата на САД и Украинците, а ти ставаш на тапет “веродостојност на руското министерство за одбрана“?

Жалам стварно ама ја спушташ дискусијата на толку ниско полтронско ниво да човек мора да го преиспита критериумот на ментална и интелектуална зрелост за пристапување на овие теми.
Колку си игнорантен, тоа е чудо.
Зборуваш за намалување на нивото на дискусија, а се кладам дека не си го ни прочитал прелиминарниот извештај на истражувачкиот тим во кој многу тврдења на руското министерство за одбрана се покажуваат како неточни. Да го имаше прочитано извештајот немаше да се фаќаш за ‘доказите‘ на русите како слеп за стап. Или пак и истражувачкиот тим е дел од анти-руската блогосфера?

Тоа што го кажуваш за чекање заклучок исто така важи и за руската јавност и руските медиуми кои со месеци бомбардираат со теории и анализи како тоа украински ловец го урнал авионот.
Да те потсетам дека на руска национална телевизија беше прикажана фотошопирана сателитска слика која наводно го покажува моментот кога авионот испукува ракета накај боингот, за подоцна самите да признаат дека од форум ја ископале сликата.
А да не зборам само за дезинформациите кои непосредно по уривањето ги објавуваа руските медиуми. Шпанскиот твитераш Карлос, наводен американски сателит, дезинформацијата дека Путин летал во близина и всушност ловците сакале него да го урнат итн итн. Што тоа рече за планирана кампања и мегафони?

Ама џабе е, ти нема ни да го прочиташ извештајот, ни прелиминарниот, ни финалниот, ти веќе си имаш донесено заклучок, си го донел најверојатно уште во истиот момент кога си слушнал за настанов, и ти преостанува да глумиш објективност и непристрасност, игнорирајќи и деградирајќи секаква информација, доказ, извештај кој не се согласува со твојата перцепција за настаните. Ти не чекаш ништо, ние чекаме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom