Член на раководството
Форевер тугедер
- Член од
- 15 март 2006
- Мислења
- 698
- Поени од реакции
- 20
Дух на умрениот кој го оживеал ѓаволот или некој зол дух, е Вампир. Јужните словени веруваа дека е влакнест како пес, има крвави очи и заби, и дека блува оган. Нема коски туку е само кожа исполнета со крв. Вообичаено злосторниците и грешниците по смртта стануваат вампири, а праведните, само ако преку нивните трупови премини некое нечисто животно (мачка, пес, глушец, кокошка). Вампирот може да биди и невидлив, а присуството го осеќаат кучињата, коњите, говедата. Најчесто се јавува на гробиштата, крстопатите, водениците или во куќите на најблиските на починатиот. Против вампирите се користат крст со катран нацртан на вратата од куќата, железото, лук, звук на ѕвоно, или шилести предмети. За да не се повампири, на мртовецот му се засечува кожата му се сечат тетивите под колената, му се забиваат трња под нокти. (за да не може ѓаволот да му ја одери и наполни со крв), под јазикот му се забодува трн за да не може да цица крв, а телото се закопува со лицето кон земјата или околу вратот му се става срп. На гробиштата се носи коњ и се смета дека ако се вознемири или се плаши од некој гроб дека тука лежи вампир. Тогаш гробот се откопува, телото се прободува со колец, спалува или фрла во вода или вар.
Обичај на чување бдеење над мртвото тело пред погребот е исто една од кариките која на врзува со минатото и паганството. Мртвиот човек се “чува“ и непрестано мора околу него да седи разбуден барем еден човек (поретко жена) исто така се внимава да не изгаснат свеќите. Овој обичај како спомнав погоре е од грижа да покојникот не се повампири, то ест преку неговото тело не премини некое животно (кокошка, мачка, пес глушец...). Kај Апулие среќаваме на едно место oпис на случај каде се најмува човек за да го чува цела ноќ покојникот за да не го нападнат жени - вукодлаци (versipelles) кои можат да се престорат во куче, мачка, глушец па дури и мува.