Паганството денес - вампири

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Дух на умрениот кој го оживеал ѓаволот или некој зол дух, е Вампир. Јужните словени веруваа дека е влакнест како пес, има крвави очи и заби, и дека блува оган. Нема коски туку е само кожа исполнета со крв. Вообичаено злосторниците и грешниците по смртта стануваат вампири, а праведните, само ако преку нивните трупови премини некое нечисто животно (мачка, пес, глушец, кокошка). Вампирот може да биди и невидлив, а присуството го осеќаат кучињата, коњите, говедата. Најчесто се јавува на гробиштата, крстопатите, водениците или во куќите на најблиските на починатиот. Против вампирите се користат крст со катран нацртан на вратата од куќата, железото, лук, звук на ѕвоно, или шилести предмети. За да не се повампири, на мртовецот му се засечува кожата му се сечат тетивите под колената, му се забиваат трња под нокти. (за да не може ѓаволот да му ја одери и наполни со крв), под јазикот му се забодува трн за да не може да цица крв, а телото се закопува со лицето кон земјата или околу вратот му се става срп. На гробиштата се носи коњ и се смета дека ако се вознемири или се плаши од некој гроб дека тука лежи вампир. Тогаш гробот се откопува, телото се прободува со колец, спалува или фрла во вода или вар.
Обичај на чување бдеење над мртвото тело пред погребот е исто една од кариките која на врзува со минатото и паганството. Мртвиот човек се “чува“ и непрестано мора околу него да седи разбуден барем еден човек (поретко жена) исто така се внимава да не изгаснат свеќите. Овој обичај како спомнав погоре е од грижа да покојникот не се повампири, то ест преку неговото тело не премини некое животно (кокошка, мачка, пес глушец...). Kај Апулие среќаваме на едно место oпис на случај каде се најмува човек за да го чува цела ноќ покојникот за да не го нападнат жени - вукодлаци (versipelles) кои можат да се престорат во куче, мачка, глушец па дури и мува.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Дух на умрениот кој го оживеал ѓаволот или некој зол дух, е Вампир..
Од кога тоа Ѓаволот може да оживува? Само Госпсод дава живот..
Ова остантото што си го спомнал нема веза со христијнството..само со примеси до пагански религии..кои за жал ги практикуваат многу луѓе без да се свесни за тоа.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Од кога тоа Ѓаволот може да оживува? Само Госпсод дава живот..
Ова остантото што си го спомнал нема веза со христијнството..само со примеси до пагански религии..кои за жал ги практикуваат многу луѓе без да се свесни за тоа.
Па насловот на темата е ПАГАНСТВОТО ДЕНЕС - ВАМПИРИ, значи не спомнав христијанство
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
По некои муабети гледам дека неколку дискутанти овде форум РЕЛИГИЈА претпоставуваат да биди САМО за пипадници на една од Христијанските цркви, и да се отвараат само постови и теми во која би се величале и славеле таа христијанска фракција и нејзините догми, тврдења, филозофии. Можеби е време да се постави прашање за отварање на подфорум со наслов кој не би бил толку воопштен како РЕЛИГИЈА, во која спаѓаат од паганските религии на првите луѓе до најновите секти, туку би бил со некој попрецизно дефиниран наслов на пример “Убавините и неоспорната вистинитост на Православието“ (или Католицизмот, Протестанството, Баптизмот, Англиканство.... во зависност за која од христијанските цркви ќе се определат членовите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.996
...Обичај на чување бдеење над мртвото тело пред погребот е исто една од кариките која на врзува со минатото и паганството. ...
Обичај? Tи го нарекуваш обичај, затоа што си самоуверен во апсолутноста на информациите што ги имаш околу тие постапки и околу природата на ситуацијата. Доколку твоите информации околу ова се нецелосно точни (и покрај твојата увереност во спротивното), тогаш можеби не би требало, овие активности, да ги поистоветуваме со обичај (збор кој многу ми звучи нешто како некоја непотребна навика), туку со практични дејствија, кои имаат своја сврха.
Така на пример криењето од дожд под некаква стреа/покривка, е практична работа која исто така не' врзува со минатото и паганството (и тогаш се "упражњавала" таа постапка , како и денес). Но нема да ја наречеш пагански обичај, повторно - затоа што сметаш дека имаш релевантни информации околу постапката и нејзиниот однос со остатокот од човековиот живот.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Обичај? Tи го нарекуваш обичај, затоа што си самоуверен во апсолутноста на информациите што ги имаш околу тие постапки
Така на пример криењето од дожд под некаква стреа/покривка, е практична работа која исто така не' врзува со минатото и паганството (и тогаш се "упражњавала" таа постапка , како и денес). Но нема да ја наречеш пагански обичај, повторно - затоа што сметаш дека имаш релевантни информации околу постапката и нејзиниот однос со остатокот од човековиот живот.
Од дожд се кријат и атеисти и христијани и будисти и муслимани и пагани.
Но сите тие и не бдеат оклоу покојникот со запалени свеќи цела ноќ. Некако не ги разликуваш практичните од духовните дејствија. Значи слободно можеш да ми веруваш на моите тврдења (доколу немаш доказ за поинакво - кој со задоволство ќе го размотрам)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.996
Од дожд се кријат и атеисти и христијани и будисти и муслимани и пагани.
Но сите тие и не бдеат оклоу покојникот со запалени свеќи цела ноќ. Некако не ги разликуваш практичните од духовните дејствија. Значи слободно можеш да ми веруваш на моите тврдења (доколу немаш доказ за поинакво - кој со задоволство ќе го размотрам)
Ова само го потврдува она што го реков - ти си самоуверен во вистинитоста на твоите информации околу работата.
Дали во останатите религии нема "посмртни" дејствија, кои можеби ќе ти личат на безразложни обичаи (погребни или пост-погребни), па слично и ќе ги наречеш? Дали врз основа на болдираното погоре тврдиш дека тие активности, доколку постојат кај нив, не се поврзани со природата на човекот по смртта? Односно немаат врска со, да речеме, интеракцијата на живите со постхумната состојба на починатиот (не само телесна).
Накратко - тврдиш дека сосема добро ја познаваш природата на човекот по смртта и дека тука нема место за некаква постхумна интеракција (не само телесна).

На крајот не ја сфаќам контрадикторноста, што ја налагаш, помеѓу духовното и практичното. Тоа се две сосема различни категории. Духовното може да биде (и најчесто е) практично. Практичните дејства (материјални и нематеријални) може да имаат (и најчесто имаат) духовна компонента.

Секако, сето ова во контекст на болдираното.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Мене не ми смета што ти пишуеш ама ти кажав имаш многу лош маркетинг

дај малце упрости , дај некое прашање што мислите , дали еова вака , дали вампирите гризеле ...скокоткале

дај малце акција потака да биде атрактивно

А инаку да има право да си пише заш да не , ама пак малце ако може да смениш стил сите срекни ке бидат
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Мене не ми смета што ти пишуеш ама ти кажав имаш многу лош маркетинг

дај малце упрости , дај некое прашање што мислите , дали еова вака , дали вампирите гризеле ...
се сложувам со sweden!
македонската традиција е преполна со докази за постоењето на таквите надприродни зли сили!што значи дека е несомнено дека постоеле и на нашата територија!дали тоа биле вампири?незнам!од проста причина што јас не верувам во вампири!
од друга страна-паганството има голем дел во тоа што луѓето од друго време го оставиле како доказ,според кој ние денес донесуваме заклучоци!
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Христијанството акумулирало многу од работите кои ги уништило.Паганските селани биле спалени за нивните легенди преформулирани и со малце поинаков изглед да им се презентираат на Христијаните.Зар не е чудно тоа бдеење над мртовецот?Зар не е непрактично?Која е целта?Овде добиваш логичен одговор кој дава смисла на целата работа.Ако ги читаш овие "еретички" теми почесто,ќе добиеш одговори на многу други прашања кои не сакате да ви бидат одговорени,оти поарно смрдени нозе во чевел,отколку надвор од чевел,нели?

Јас лично многу работи научив и најдов логика кога ги читав овие теми.А кога работите убаво се вклопуваат и секоја понатамошна дискусија изгледа непрактична,тогаш апсолутноста на текстовите е непобитна.Контра аргумент е пцовката или исмејувањето.Не ви даваат клада.А и дрвата се скапи.
 

Моето_е_поголемо

муа не ме лазе
Член од
22 јули 2005
Мислења
475
Поени од реакции
21
Христијанството акумулирало многу од работите кои ги уништило. 1. Паганските селани биле спалени за нивните легенди преформулирани и со малце поинаков изглед да им се презентираат на Христијаните. 2. Зар не е чудно тоа бдеење над мртовецот?Зар не е непрактично?Која е целта?Овде добиваш логичен одговор кој дава смисла на целата работа.Ако ги читаш овие "еретички" теми почесто,ќе добиеш одговори на многу други прашања кои не сакате да ви бидат одговорени,оти поарно смрдени нозе во чевел,отколку надвор од чевел,нели?

3/4. Јас лично многу работи научив и најдов логика кога ги читав овие теми.А кога работите убаво се вклопуваат и секоја понатамошна дискусија изгледа непрактична,тогаш апсолутноста на текстовите е непобитна. 5. Контра аргумент е пцовката или исмејувањето.Не ви даваат клада.А и дрвата се скапи.
1. Во Македонија никој не бил спален, овде немало инквизиција ко што си гледал на фимовите.
2. Бдеењето за кое што уште не знаеш што цел има не е пагнаски обичај. Кога би го знаел светото писмо би знаел дека и Христос после распетието не бил погребан веднаш.
3. Во последните денови ќе се појават многу лажни пророци кои ке прелажат многумина и ќе велат "каде е неговото доаѓање", но не заборавјте возљубени дека за Бог 1000 години се како 1 ден и 1 ден е како 1000 години.
4. Сите пророци после Христос се магариња.
5. Пцовката беше поради навредливата порака на твојот тутор. И добро е што има такви како тебе за да се одделат светиите од лажците.

п.с. еден долар да изневериш, и еден долар да заборавиш... нова вера нова библија...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
1. Во Македонија никој не бил спален, овде немало инквизиција ко што си гледал на фимовите
-Византија,Османска Империја...како и да е.Точно е дека ова била друга сфера на изразување и практикување на верата,ама палењето како чин кој реално се правел треба да се свати повеќе во смисол дека се палеле остатоците од паганските обичаи за тие без проблем да се инкорпорираат во,бившата христијанската секта,а новопечена религија.

2. Бдеењето за кое што уште не знаеш што цел има не е пагнаски обичај. Кога би го знаел светото писмо би знаел дека и Христос после распетието не бил погребан веднаш.
Како такво првпат се појавило тогаш.Значи многу порано од смртта на Кралот и појавата на Белетристика.И денешното бдеење со сите елементи потсеќа баш на тоа паганско бдеење за заштита на мртвиот од нечистата крв or whatever.Се' што се случило потоа и како и да се интерпретирало доаѓа во судир со она кое ги носи корените.

3. Во последните денови ќе се појават многу лажни пророци кои ке прелажат многумина и ќе велат "каде е неговото доаѓање", но не заборавјте возљубени дека за Бог 1000 години се како 1 ден и 1 ден е како 1000 години.
Шок!Ајофтопикмалце...

Последните денови?Зар сеуште го гаите тој The Rapture нарцисизам мислејќи дека сме последната генерација пред Армагедон?Генерација која ќе го просведочи доаѓањето на Рогатиот и крајот на светот?Јес дека Откровение е одлично нaпишана и дека е добра за читање.LSD comes to mind...

4. Сите пророци после Христос се магариња.
Длабоко.Сите поклоници на догма се магариња.

5. Пцовката беше поради навредливата порака на твојот тутор. И добро е што има такви како тебе за да се одделат светиите од лажците.
Нема тутори.Нема идоли.Не би знаел ти како е да ги нема.Само лажците знаат.

п.с:Give hate a leave of absence.Embrace as your so-called Lord told you.Pagans are your ancestors,the fetus of Christianity.The least you can do is keep your mouth shut when tickled to say "heretic" to the one that inspired the commoners to write the Bible.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Дух на умрениот кој го оживеал ѓаволот или некој зол дух, е Вампир. Јужните словени веруваа дека е влакнест како пес, има крвави очи и заби, и дека блува оган. Нема коски туку е само кожа исполнета со крв. Вообичаено злосторниците и грешниците по смртта стануваат вампири, а праведните, само ако преку нивните трупови премини некое нечисто животно (мачка, пес, глушец, кокошка). Вампирот може да биди и невидлив, а присуството го осеќаат кучињата, коњите, говедата. Најчесто се јавува на гробиштата, крстопатите, водениците или во куќите на најблиските на починатиот. Против вампирите се користат крст со катран нацртан на вратата од куќата, железото, лук, звук на ѕвоно, или шилести предмети. За да не се повампири, на мртовецот му се засечува кожата му се сечат тетивите под колената, му се забиваат трња под нокти. (за да не може ѓаволот да му ја одери и наполни со крв), под јазикот му се забодува трн за да не може да цица крв, а телото се закопува со лицето кон земјата или околу вратот му се става срп. На гробиштата се носи коњ и се смета дека ако се вознемири или се плаши од некој гроб дека тука лежи вампир. Тогаш гробот се откопува, телото се прободува со колец, спалува или фрла во вода или вар.
Обичај на чување бдеење над мртвото тело пред погребот е исто една од кариките која на врзува со минатото и паганството. Мртвиот човек се “чува“ и непрестано мора околу него да седи разбуден барем еден човек (поретко жена) исто така се внимава да не изгаснат свеќите. Овој обичај како спомнав погоре е од грижа да покојникот не се повампири, то ест преку неговото тело не премини некое животно (кокошка, мачка, пес глушец...). Kај Апулие среќаваме на едно место oпис на случај каде се најмува човек за да го чува цела ноќ покојникот за да не го нападнат жени - вукодлаци (versipelles) кои можат да се престорат во куче, мачка, глушец па дури и мува.
Члену браво за темава.

Многу луѓе со кои сум правел муабет веруваат дека ако мачка или глушец го премине мртвиот ќе се повампири , или на погреб одат во црна облека уште еден пагански обичај ако се свртиш назад кога се одржува погребната церомоија било демек лоша работа, фарбањето на велигденски јајца е најголемата паганштина исто како палењето свеќи во црква или славењто на божиќ или водици.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Обичаите народни се ризница за проучување на нашето паганско минато, народот никогаш не ги заборавил или отфрлил древните верувања и тредиции кои “преживеале“ секакви “авантури“ од менувања на кралства, држави, религии, територии, но опстанале до денес. Ден денес одат по бајачи, против уроци, клетви, облекуваат маски, тераат зли духови, има добри и лоши дрва, палат огнови ... сето тоа е колективно сеќавање на прапочетокот на овие денешни верски институции.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom