Се сложувам со секој што алудира на мирен, цивилизиран и пред се човечки протест.
Зошто во Македонија под зборот „протест“ се подразбира хулиганство, пијанчење и кршење и уништување.
Сватете дека е 2008 година. ВО некоја од земјите од Европа кога се оди на протест нема никакви штети по околината. Замисли ја ситуацијава:
Маваш по некој полицаец со камен а тој мене ми е татко. Кршиш кола пред амбасада а таа е моја. Маваш по излог од дуќан а тој е мој. Чија е штетата, што изгуби Грција???
Грција го загуби само стравот од Македонската малдина. Ќе ми каже некој
МАЛДИТЕ ЗНААТ, ама ако вака знаат, подобро да немаше протест.
Да не бидам погрешно сфатен. Ја поддржувам идејава, дури и две пораки на ПВТ му испратив на оној што ја отвори темта за да му се понудам како помош. Но, мораме сите да си признаеме дека организацијата беше во најмала рака КАТАСТРОФА. Резултатот од сево ова е ослабување на позициите на Македонија, нејзино презентирање пред Европа како земја од бијафра, и можност за грдиве грци уште малку да плачат кај Американците.
Ало, кој беше лидер овде, нека се јави и нека ја превземе одговорноста. Немој да ми кажете дека не се контролира толпата.
Сетете се како тоа го правеше Филип Петровски во мислам дека беше 97 година.
11 години подоцна ние покажуваме послаб демократски капацитет. Ако не можеме да контролираме 5000 средношколци, зошто тогаш организаторот се нарекува организација.
Немојте да ми кажете дека ова беше единствениот начин.
Замислете да не се брзаше. Па да идеше вака:
1. Да се испратеше писмо до полицијата со кое ќе се бараше обезбедување на целиот простор по кој ќе се движи кордонот
2. Организаторот да се оградеше од хулиганските групи и преку медиумите да повикаше и да потенцираше дека протестот ќе биде
МИРЕН.
3.Да се испратеше писмо со барање за поддршка од Владата.
4. Да се испратеше писмо до сојузите на студенти на сите универзитети во Македонија
5. Да се испратеше писмо до организацијата на средношколци на Македонија.
6. Одговорните и претедателите на овие организации заедно со организаторите на протестот М
ЛАДИТЕ ЗНААТ да седнеа и да се договореа во која насока сево ова ќе се движи
7. Заедно сите овие гореспоменати официјални лица од наведените организации на младите (ако пропуштив некоја додадете ја) да организираа еден пресс за новинарите, каде тие (новинарите) на масата зад микрофоните ќе видеа околу 10 луѓе претставници на најразлични организации кои ќе сакаа да се придружат и кои ќе имаа што да кажат. (писмото до медиумите беше тешки глупости, немаше никаква сериозност и затоа и не се третираше како што посакувавме)
8. Преку тој пресс сите тие да повикаа на
МИРЕН протест и тоа мирен да се потенцира добро.
9. Да се отвори книга за поддршка во која присутните ќе се потпишуваа наместо да фрлаат шишиња, па таа книга ќе му ја пратевме како спомен на Нимиц, Грујо, Бакојани, Бан Ки Мун и кој се уште не.
10. Протестот да има свои лидери, некој да се обрати на толпата, некој да ги координира сите тие деца од 16 години кои мислат дека ова е добра забава и мојмент да се изгубат часови од школо и да се кидне од писмена.
Ајде доста везам, колку повеќе пишувам толку повеќе начини ми текнуваат како ова подобро да го решевме.
А у вчерашен Вечер дури и пишуваше дека Владата наводно била спремна и финансиски да го подржи невладиниот сектор во борбата за зачувување на името.
Но, ајде да се прашаме сите дали заслужуваме да бидеме од некого подржани?????
Одоговор:
ДА, Само од Грција, само тие беа во ќар денес, Македонија многу изгуби