ПРОТЕСТ ПРОТИВ МЕНУВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ! ВТОРНИК, 18:00, плоштад МАКЕДОНИЈА!

Статус
Затворена за нови мислења.
K

KomitaMKD

Гостин
Абе луѓе не знам што толку вреѓате по луѓето што биле пред амбасада . Јас сум сигурен дека сите што биле пред амбасада биле со најдобра намера . И демек Грција да не ја каменувавме на амбасадата ќе не признаеше под името Македонија . Мене искрено ми е преку глава од таа цивилизираност . Затоа сме дојдени до ова ниво што сме денес .
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.743

Со најдобра намера и со цигли и шишиња...
Заради цивилизираноста сме овде кај што сме? Па дај да искршиме се и на тој начин да тргнеме напред.

Се читате одвреме - навреме што пишувате?
 
Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Со најдобра намера и со цигли и шишиња...
Заради цивилизираноста сме овде кај што сме? Па дај да искршиме се и на тој начин да тргнеме напред.

Се читате одвреме - навреме што пишувате?
не глуми паметњакович кога не беше таму.јас бев во првите редови, за 30 минути кон амбасадата се фрлија само две камчиња што ни во езеро не прават круг.Одденаш специјалците добија наредба да не растераат и почнаа да си лечат комплекси по млади МАКЕДОНЦИ со нивните пендраци.Младите изреволтирани од таквиот дебилен однос започнаа со фрлање на предмети.Самиот настрадав од два камена, ама не е тоа работата, каде беше полицијата со таква интервенција кога љочките рокаа со калаши у центар на скопје???
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Ѕвер, ако полицајците интервенираа во неделата ќе беа после тужени дека нарушиле човекови права:nesvest:
 
Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Хммм почнаа и со црвени полека да ме полнат.......абе не сме ние за држава бе срамота сме, наместо и во добро и во лошо да се подржи младиот македонски ум вие мрсите муда со некои цивилизирани демагогии.Косово колку жртви даде за независност?

п.с.очигледно многу прашања добивте, па се збунивте момци незнаете што да одговорите.....останете ми со здравје, држава со тафтабити не бидува!
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Кој нареден ги навреди полицајците ке го тепам :D

Идете пцујте ги тие што командаат, не пцујте по обичен полицаец, имајте малце усул и размислете со тиквите. Истите тие обични полицајци гинеа во 2001ва.
 
Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Кој нареден ги навреди полицајците ке го тепам :D

Идете пцујте ги тие што командаат, не пцујте по обичен полицаец, имајте малце усул и размислете со тиквите. Истите тие обични полицајци гинеа во 2001ва.
Гижо знам дека татко ти е џандар, ама ако прочита ја нигде не ги спомнав обичните плавци, туку специјалните единици - желки.

Инаку повеќето што гинеа 2001 денес се со социјална помош дома едвај преживуваат.Оди види како се гледаат хрватските бранители од војната во Хрватска, со највеќе привилегии се тие луѓе таму.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
34
Поени од реакции
5
Се сложувам со секој што алудира на мирен, цивилизиран и пред се човечки протест.
Зошто во Македонија под зборот „протест“ се подразбира хулиганство, пијанчење и кршење и уништување.
Сватете дека е 2008 година. ВО некоја од земјите од Европа кога се оди на протест нема никакви штети по околината. Замисли ја ситуацијава:
Маваш по некој полицаец со камен а тој мене ми е татко. Кршиш кола пред амбасада а таа е моја. Маваш по излог од дуќан а тој е мој. Чија е штетата, што изгуби Грција???
Грција го загуби само стравот од Македонската малдина. Ќе ми каже некој МАЛДИТЕ ЗНААТ, ама ако вака знаат, подобро да немаше протест.
Да не бидам погрешно сфатен. Ја поддржувам идејава, дури и две пораки на ПВТ му испратив на оној што ја отвори темта за да му се понудам како помош. Но, мораме сите да си признаеме дека организацијата беше во најмала рака КАТАСТРОФА. Резултатот од сево ова е ослабување на позициите на Македонија, нејзино презентирање пред Европа како земја од бијафра, и можност за грдиве грци уште малку да плачат кај Американците.
Ало, кој беше лидер овде, нека се јави и нека ја превземе одговорноста. Немој да ми кажете дека не се контролира толпата.
Сетете се како тоа го правеше Филип Петровски во мислам дека беше 97 година.
11 години подоцна ние покажуваме послаб демократски капацитет. Ако не можеме да контролираме 5000 средношколци, зошто тогаш организаторот се нарекува организација.
Немојте да ми кажете дека ова беше единствениот начин.
Замислете да не се брзаше. Па да идеше вака:
1. Да се испратеше писмо до полицијата со кое ќе се бараше обезбедување на целиот простор по кој ќе се движи кордонот
2. Организаторот да се оградеше од хулиганските групи и преку медиумите да повикаше и да потенцираше дека протестот ќе биде МИРЕН.
3.Да се испратеше писмо со барање за поддршка од Владата.
4. Да се испратеше писмо до сојузите на студенти на сите универзитети во Македонија
5. Да се испратеше писмо до организацијата на средношколци на Македонија.
6. Одговорните и претедателите на овие организации заедно со организаторите на протестот МЛАДИТЕ ЗНААТ да седнеа и да се договореа во која насока сево ова ќе се движи
7. Заедно сите овие гореспоменати официјални лица од наведените организации на младите (ако пропуштив некоја додадете ја) да организираа еден пресс за новинарите, каде тие (новинарите) на масата зад микрофоните ќе видеа околу 10 луѓе претставници на најразлични организации кои ќе сакаа да се придружат и кои ќе имаа што да кажат. (писмото до медиумите беше тешки глупости, немаше никаква сериозност и затоа и не се третираше како што посакувавме)
8. Преку тој пресс сите тие да повикаа на МИРЕН протест и тоа мирен да се потенцира добро.
9. Да се отвори книга за поддршка во која присутните ќе се потпишуваа наместо да фрлаат шишиња, па таа книга ќе му ја пратевме како спомен на Нимиц, Грујо, Бакојани, Бан Ки Мун и кој се уште не.
10. Протестот да има свои лидери, некој да се обрати на толпата, некој да ги координира сите тие деца од 16 години кои мислат дека ова е добра забава и мојмент да се изгубат часови од школо и да се кидне од писмена.

Ајде доста везам, колку повеќе пишувам толку повеќе начини ми текнуваат како ова подобро да го решевме.
А у вчерашен Вечер дури и пишуваше дека Владата наводно била спремна и финансиски да го подржи невладиниот сектор во борбата за зачувување на името.
Но, ајде да се прашаме сите дали заслужуваме да бидеме од некого подржани?????
Одоговор: ДА, Само од Грција, само тие беа во ќар денес, Македонија многу изгуби :toe:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.743
не глуми паметњакович кога не беше таму.јас бев во првите редови, за 30 минути кон амбасадата се фрлија само две камчиња што ни во езеро не прават круг.Одденаш специјалците добија наредба да не растераат и почнаа да си лечат комплекси по млади МАКЕДОНЦИ со нивните пендраци.Младите изреволтирани од таквиот дебилен однос започнаа со фрлање на предмети.Самиот настрадав од два камена, ама не е тоа работата, каде беше полицијата со таква интервенција кога љочките рокаа со калаши у центар на скопје???
Нема ништо дебилно во нивната реакција, што требало, да чекаат да фрлате со поголеми камења? Имам искуство со специјалците во далеку поголема гужва која траеше до 4 сабајле, солзавци, гумени куршуми, пендреци... она не е ништо. Можам да ти кажам дека повеќето од нив имаа толеранција чисто заради тоа што бевме Македонци и бевме излезени за Македонска кауза. Ама кога се работи за странски амбасади немој да мислиш дека ќе толерираат и ќе чекаат да дојде до инциденти од поголеми размери за да интервенираат.
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Гижо знам дека татко ти е џандар, ама ако прочита ја нигде не ги спомнав обичните плавци, туку специјалните единици - желки.

Инаку повеќето што гинеа 2001 денес се со социјална помош дома едвај преживуваат.Оди види како се гледаат хрватските бранители од војната во Хрватска, со највеќе привилегии се тие луѓе таму.
Општо мислев за секого што ги има на ум полицајците обични. А иначе желки не желки, и они имаат претпоставени, значи истото ти важи за нив, иако пола од нив што се, се пријавиле да служат таму зашто се доволно мрднати за тоа да им биде професија, а и има и со сомнителни досиеја меѓу нив. Како и да е...пак се работи за претпоставените.

Ама то е у оваа држава, тие што гинеле денес пак преживуваат со 15 иљади плата. А некој мочко што има врски со партијата ке заработува по 40.000. Смрди смрди.
 
Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Нема ништо дебилно во нивната реакција, што требало, да чекаат да фрлате со поголеми камења? Имам искуство со специјалците во далеку поголема гужва која траеше до 4 сабајле, солзавци, гумени куршуми, пендреци... она не е ништо. Можам да ти кажам дека повеќето од нив имаа толеранција чисто заради тоа што бевме Македонци и бевме излезени за Македонска кауза. Ама кога се работи за странски амбасади немој да мислиш дека ќе толерираат и ќе чекаат да дојде до инциденти од поголеми размери за да интервенираат.
А ту смо птицо?Добро кажи ми што беше поопасно, во неделата во центарот на Скопје да се испукаат стотици шаржери од калашникови или денешниве средношколци со камчиња и голи раце?
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
34
Поени од реакции
5
Нема ништо дебилно во нивната реакција, што требало, да чекаат да фрлате со поголеми камења? Имам искуство со специјалците во далеку поголема гужва која траеше до 4 сабајле, солзавци, гумени куршуми, пендреци... она не е ништо. Можам да ти кажам дека повеќето од нив имаа толеранција чисто заради тоа што бевме Македонци и бевме излезени за Македонска кауза. Ама кога се работи за странски амбасади немој да мислиш дека ќе толерираат и ќе чекаат да дојде до инциденти од поголеми размери за да интервенираат.

И не заборавајте, странска амбасада по закон е странска територија, во неа не важат локалните закони.
Очекувавте со нас џандариве да кршат?????
ние сме идиотите кои има дадоа на Грците утре весниците да ги наполнат со наслови од типот „Хулигани во Скопје ја скршија нашата амбасада“ или „Македонската младина далеку зад Европа“ „Му треба ли на НАТО ваков џган“ и.т.н.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom