- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 899
- Поени од реакции
- 22
ПОРАКА ДО ЕВРОПА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА
Во организација на македонската заедница во Германија „Обединети Македонци„ и иселеничките организации во Европа вчера (петок, 12. септември) во 13.00 часот во Меѓународниот прес центар во Брисел се одржа тркалезна маса и конференција за печатот насловена како „Македонија форум: Дискусија за таинствениот европски епицентар„ на која гости говорници за вистината на Македонија беа: д-р Ханс-Лотар Штепан, поранешен амбасадор на Германија во Македонија и автор на книгата „Македонскиот јазол„ и овогодишен добитник на наградата Мисирков за животно дело, проф.. д-р Волф Ошлис, лингвист-македонист, автор на книгата „Македонија 2001-2004. Воен дневник од една мирољубива земја„ и повеќе новинарски текстови за Македонија, г.Иринеуш А.Слупков од Полска, автор на книгата „Комунистичката партија на Грција и македонскиот национален проблем 1914-1940 година„ и г. Жан Волф, историчар и публицист, автор на книгата „Распарчена Македонија„.
Тркалезната маса „Македонија форум: Дискусија за таинствениот европски епицентар„ ја претстави македонската позиција пред вратите на Европската унија, нејзините перспективи и предизвици како паралела со притисоците по нејзиниот углед, идентитет и дигнитет како независна држава пред меѓународната заедница.
Д-р Ханс-Лотар Штепан зборуваше , зборуваше за историските текови на поделбите на Македонија како резултат на Балканските војни обвинувајќи ја Грција, која спротивно на меѓународните норми и закони да припои и окупира дел на Македонија, Тракија и Епир. Грција треба да има одговорност за вистина и правда.
Европската комисија и другите европски институции ги знаат овие рабоит и ако продолжи да ја поддржува Грција со лажната солидарност, тогаш мора да постојат поголеми интереси зад кулисите. Мислам дека заднината се Балканските војни и односите меѓу Балканската лига и Антантата пред Првата светска војна.
Проф. д-р Волф Ошлис имаше излагање околу вкупната хронолошка слика на Македонија, нејзиното осамостојување, преку конфликтот во 2001 година до прашањето за името и уцените од европските институции за стандардите за влез во Европската унија. Одговарајќи на новинарското прашање „дека корумпираноста во Македонија била една од клучните точки за влез во ЕУ, проф. д-р Волф Ошлис посочи „не Македонија, туку токму Грција е најкорумпирана земја во Европа„.
Иринеуш А. Слупков се осврна на егејскиот дел на Македонија (и самиот по потекло Македонец од Беломорска Македонија) и периодот од 1914-1940 обработен во неговата книга како и на правата на македонското малцинство во Република Грција денеска. Слупков го потенцира фактот: „ ако егејскиот дел на Македонија бил грчки зошто тогаш имало потреба од преименување на топонимите во тој дел на Македонија по навлегувањето на грчките трупи во 1913 година?„. Слупков исто така не ја заобиколи и темата за правата на македонското малцинство во Грција и враќањето на нивните одземени имоти.
Белгискиот историчар, новинар и публицист Жан Волф се осврна на постоењето на македонската славна држава во антиката, нејзиното возобновување како придонес од Втората светска антифашистичка војна како рамноправен член во рамките на федерацијата и нејзиното осамостојување во 1991 година. Жан Волф во 1984 година ја објави книгата „Распарчена Македонија„ во Париз, а неговиот втор ракопис за Македонија се очекува кон крајот на годинава да биде издаден најпрво на француски, а потоа и на македонски и англиски јазик.
за видео снимки појдете на www.obedineti-makedonci.de
сигурно нема да ми се налутите што касно го споделив со вас!