ПОРАКА ДО ЕВРОПА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
ПОРАКА ДО ЕВРОПА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Во организација на македонската заедница во Германија „Обединети Македонци„ и иселеничките организации во Европа вчера (петок, 12. септември) во 13.00 часот во Меѓународниот прес центар во Брисел се одржа тркалезна маса и конференција за печатот насловена како „Македонија форум: Дискусија за таинствениот европски епицентар„ на која гости говорници за вистината на Македонија беа: д-р Ханс-Лотар Штепан, поранешен амбасадор на Германија во Македонија и автор на книгата „Македонскиот јазол„ и овогодишен добитник на наградата Мисирков за животно дело, проф.. д-р Волф Ошлис, лингвист-македонист, автор на книгата „Македонија 2001-2004. Воен дневник од една мирољубива земја„ и повеќе новинарски текстови за Македонија, г.Иринеуш А.Слупков од Полска, автор на книгата „Комунистичката партија на Грција и македонскиот национален проблем 1914-1940 година„ и г. Жан Волф, историчар и публицист, автор на книгата „Распарчена Македонија„.



Тркалезната маса „Македонија форум: Дискусија за таинствениот европски епицентар„ ја претстави македонската позиција пред вратите на Европската унија, нејзините перспективи и предизвици како паралела со притисоците по нејзиниот углед, идентитет и дигнитет како независна држава пред меѓународната заедница.

Д-р Ханс-Лотар Штепан зборуваше , зборуваше за историските текови на поделбите на Македонија како резултат на Балканските војни обвинувајќи ја Грција, која спротивно на меѓународните норми и закони да припои и окупира дел на Македонија, Тракија и Епир. Грција треба да има одговорност за вистина и правда.

Европската комисија и другите европски институции ги знаат овие рабоит и ако продолжи да ја поддржува Грција со лажната солидарност, тогаш мора да постојат поголеми интереси зад кулисите. Мислам дека заднината се Балканските војни и односите меѓу Балканската лига и Антантата пред Првата светска војна.



Проф. д-р Волф Ошлис имаше излагање околу вкупната хронолошка слика на Македонија, нејзиното осамостојување, преку конфликтот во 2001 година до прашањето за името и уцените од европските институции за стандардите за влез во Европската унија. Одговарајќи на новинарското прашање „дека корумпираноста во Македонија била една од клучните точки за влез во ЕУ, проф. д-р Волф Ошлис посочи „не Македонија, туку токму Грција е најкорумпирана земја во Европа„.



Иринеуш А. Слупков се осврна на егејскиот дел на Македонија (и самиот по потекло Македонец од Беломорска Македонија) и периодот од 1914-1940 обработен во неговата книга како и на правата на македонското малцинство во Република Грција денеска. Слупков го потенцира фактот: „ ако егејскиот дел на Македонија бил грчки зошто тогаш имало потреба од преименување на топонимите во тој дел на Македонија по навлегувањето на грчките трупи во 1913 година?„. Слупков исто така не ја заобиколи и темата за правата на македонското малцинство во Грција и враќањето на нивните одземени имоти.

Белгискиот историчар, новинар и публицист Жан Волф се осврна на постоењето на македонската славна држава во антиката, нејзиното возобновување како придонес од Втората светска антифашистичка војна како рамноправен член во рамките на федерацијата и нејзиното осамостојување во 1991 година. Жан Волф во 1984 година ја објави книгата „Распарчена Македонија„ во Париз, а неговиот втор ракопис за Македонија се очекува кон крајот на годинава да биде издаден најпрво на француски, а потоа и на македонски и англиски јазик.









за видео снимки појдете на www.obedineti-makedonci.de


сигурно нема да ми се налутите што касно го споделив со вас! :)
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Кај се нашите славни дописнички од Брисел?
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
saso, ова беше испратено одма на нашите медиуми само колку го објавиа еба ле го.....
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Просто да се чудиш...
...на гугл само дава дека во едно мало текстче од два пасуса било објавено во утрински.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
... БЛАГОДАРАМ ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ ...
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
Просто да се чудиш...
...на гугл само дава дека во едно мало текстче од два пасуса било објавено во утрински.


ова преведено значи, телевизорот ти ја душата!

кампања против медиумски манипулации и против присилно конзумирање на информациите :)
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
ова преведено значи, телевизорот ти е*е ја душата!
заборил сам да става това фоф црвеното :)
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Tи мислиш така:
ПОРАКА ДО ЕВРОПА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА
А во Македонија од страна на дописничката на Утрински (од кланот Јовановски) ова беше претставено вака:

Циркус - дебата за Македонија во Брисел



Тие главно ја толкуваа историјата, и тоа не актуелната, туку од 1912 година, и ја изнесоа ситуацијата со македонското малцинство во Грција


Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Зошто Македонија не е и не се знае кога ќе биде членка на Европската унија се виде вчера од дебатата организирана во Брисел од страна на македонската дијаспора во Европа, која беше со толку пропусти што и еден од учесниците изјави дека - на настанот му се случила мала катастрофа. Катастрофата, всушност, беше поголема, бидејќи организаторите заборавиле да обезбедат превод, макар што реално тој не ни беше којзнае колку потребен, бидејќи дебатата се водеше пред речиси празна сала.

Врв беше притисокот врз новинарите нешто да прашаат, а кога тоа го стори единствената странска новинарка од „ЕУ обсервер“, најпрво доби лекција место изјава, во смисла зар нема корупција и во земјите-членки на Унијата?

На форумот, организиран со наслов „Мистериозната европска земја Македонија“, учествуваа поранешниот германски амбасадор во Македонија, Ханс Лотар Штепан, автор на книга за Македонија, Жан Волф од Белгија, професорот од Германија Волф Ошлис, лингвист, и Адам Слупков од Полска, исто така автор на книга за нашата земја.

Тие главно ја толкуваа историјата, и тоа не актуелната, туку од 1912 година, и ја изнесоа ситуацијата со македонското малцинство во Грција. На моменти расправата беше издржана, а на моменти аматерска, па Штепан не знаеше дека премиерот Никола Груевски добил одговор на писмото на Мануел Баросо, Жан Волф тврдеше дека во Втората светска војна загинале милион и 700.000 Македонци, а Ошлис дека Македонија ги исполнила сите услови за членство во ЕУ и пречка е само рампата од Грција.

Врв беше кога за време на обраќањето на Ошлис заѕвони телефонот на Слупков, а бидејќи му требаше доста време да го најде и да го исклучи, првиот си дозволи пцост на микрофон, со порака - ќе го замолчите ли веќе еднаш тој телефон.

Меѓу интересните делови беше тврдењето на Ошлис дека Германија ја признала Македонија со уставното име поради брилијантната провокација на Теодорос Пангалос кога рече дека оваа земја е џин со детски мозок. Тој, исто така, го спомена законот против студии на меѓународни непризнати јазици во Грција прашувајќи – знае ли некој за постоење меѓународно признат јазик? Дали некој го признал германскиот?

Според него, единствен грчки елемент во Македонија бил Аристотел, кој бил учител на Александар Македонски, и тој факт е познат во Германија од пред 150 години.

Македонија, беше речено на форумот, беше остров на мирот на Балканот, најголем поддржувач на НАТО и сигурно место за стотици илјади косовски бегалци и, иако благодарноста не е карактеристика на политиката, не е сфатливо зошто е оставена настрана олку време од евроинтеграцијата.



13/09/08


Еве вака се јадат гоВна..... кој не знае.
Немојте да се мрштите, се исплаќа.

Ти јадеш, друг ти плаќа.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Пизда ли им лепа материна незнаат настан да пренесат.

За нив светот почнува од денот кога станале уредници.

Затоа и се појавуваат национал социјалистички идеи зошто ѓубрето пораснало до гуша неможеш да дишеш.

А зошто поделбата на Македонија и како ќе го реши проблемот со името ?
Па проблемот со името е поделбата на Македонија односно земениот дел од Македонија која Грција сака 100% да го грцизира и да не постои Македонија таква каква што беше 1913 и во етничка и во културна смисла и да не постојат Македонци.
Ако се смени името нема македонско прашање.
Сме си се договориле ние северномакедонци они Македонци.

Тоа е тој извртен систем на вредности кој постои кај нас.
Наместо новинарката да биде ѓубреџика со нејзините квалитети таа станала новинарка.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Krlezi se toa, cicaat na tugj grb, nikogas ne srabotile nisto vo zivotot so goli race, na korist na opstestvoto.
Kurvi od najgnasniot vid!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom