ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

Статус
Затворена за нови мислења.

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Според тоа што јас го знам истите попишувачи кои поднеле пријави и го поминале тестирањето ќе го вршат пописот, независно кога ќе биде спроведен, дали сега или наесен.
Само ќе има дополнителен конкурс за албанците бидејќи не е пополнет бројот за попишувачи-албанци.
А кога ќе се знае резултати од тестирањето имаш такви информации?
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.395
Поени од реакции
16.622
А кога ќе се знае резултати од тестирањето имаш такви информации?
Појма неам.
Требаше да има за некоја недела после тестрирањето, ама очигледно дека други се приоритетите у моментов.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Појма неам.
Требаше да има за некоја недела после тестрирањето, ама очигледно дека други се приоритетите у моментов.

Хахаха како бе еднаш не се оди по датат точна за ништо во Македонија не важат датите што ги најавуваат, не ми е јасно зошто е така, подобро нека кажат по 5 месеци, а што вакана психолошки момент не фаќаат да мислиме дека работат на случајот... абееее
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.395
Поени од реакции
16.622
Хахаха како бе еднаш не се оди по датат точна за ништо во Македонија не важат датите што ги најавуваат, не ми е јасно зошто е така, подобро нека кажат по 5 месеци, а што вакана психолошки момент не фаќаат да мислиме дека работат на случајот... абееее
Абе се знаеше дека пописот ќе се одложи, дали вака или така. Излезе дека ќе има предвремени избори и затоа се стопираја сите активности за спроведување на пописов.
Инаку ја сум сигурен дека они знаат кои луѓе ќе бидат вклучени у пописов али не се објавува сега.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Абе се знаеше дека пописот ќе се одложи, дали вака или така. Излезе дека ќе има предвремени избори и затоа се стопираја сите активности за спроведување на пописов.
Инаку ја сум сигурен дека они знаат кои луѓе ќе бидат вклучени у пописов али не се објавува сега.
A За тоа знам дека се определени луѓето, во партиските штабови на владеачката партија се правеа списоци, кои му ветуваа дека ќе бидат избрани единствено што треба да прават е да трчаат за кампањата. Мене не ми е јасно што има врска кога ќе се одржи пописот попишувачите можат да се знаат и една година пред пописот.
Останува да чекаме...............
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.008
Поени од реакции
2.043
А се знае колку ќе заработуваат попишувачите?!!
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Пописот кај нас ќе биде еден од најскапите , 14 милиони евра за 2 милиони жители.

Во Хрватска ќе кошта 23 милиони , но тие имаат 4.5 милиони жители, и имаат повисоки плати.

Во Србија , 3.5 евра по жител.

Ако кај нас кошташе колку во Србија, тогаш пописот ќе не кошташе 7 милиони евра, а не 14, зошто е дупло поскап , не знам, можеби затоа што се научивме да ги платиме поскапо работите.

--- надополнето ---

^ Мислам околу 500 евричи за 15-тина дена. :)
Ако е вака тогаш се пријавувам, но има две места тука , за попишувач и инструктор , сигурно за инструктор има повеќе пари пошто треба со факултет да си.

Дали некој учествувал во 2002 или дали знае како иде ова она.

Мислам дека првиот конкурс пропадна, исто така бројот на албанските попишувачи не беше исполнет.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Пописот кај нас ќе биде еден од најскапите , 14 милиони евра за 2 милиони жители.

Во Хрватска ќе кошта 23 милиони , но тие имаат 4.5 милиони жители, и имаат повисоки плати.

Во Србија , 3.5 евра по жител.

Ако кај нас кошташе колку во Србија, тогаш пописот ќе не кошташе 7 милиони евра, а не 14, зошто е дупло поскап , не знам, можеби затоа што се научивме да ги платиме поскапо работите.
Можда си видел листа за попис по општини, сегде идат по двајца. Затоа и се дуплира. Алб. мак, алб. турк, мак. срб, мак ром.. ...сегде мислам се по двајца. Ама и мора малку ..."непланирани трошоци" :)
Дали некој учествувал во 2002 или дали знае како иде ова она.
Имаш инструктажа 2-3 дена, задолжуваш материјал и на први (или кога ќе биде) тргнуваш...не е тешко.

Ако е вака тогаш се пријавувам, но има две места тука , за попишувач и инструктор , сигурно за инструктор има повеќе пари пошто треба со факултет да си.
можда е поголема сумата пари, не се сеќавам, но имаш нешто посериозни обврски пошто ќе работиш (ќе си одговорен за нивниот почеток, тек и завршеток на работата) со дузина попишувачи. Звучи страшно, ама ич не е. Јбг, факултетлија мора да знае да раководи и да организира дестина луѓе :)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
kaj moze da se prijavis?
Завршило пријавувањето, но пошто се одложи пописот , не знам дали ќе има нов конкурс за македонците пошто мислам дека е постигната бројката , само ако се одлучат да го поништат.
А за албанците и турците секако треба уште еден конкурс пошто не е изполнета бројката, а мислам дека списоците ги прават партиите, за тоа кој ќе се прими , партиите од власта секако.

--- надополнето ---

Ете најдов една вест:

Со одлагањето на пописот, на граѓаните ќе им пропаднат 100.000 евра

На конкурсот за попишувачи се пријавиле околу 20.000 граѓани, а секој од нив потрошил барем по пет евра за комплетирањето на документите. Тие пари, доколку се усвои предлогот на ДУИ за поништување на конкурсот, може да одат во неврат

Околу 100.000 евра, колку што граѓаните потрошиле за да се пријават на конкурсот за попишувачи, може залудно да им пропаднат доколку се прифати барањето на ДУИ да се поништат сите пописни активности. Имено, околу 20.000 граѓани толку ги чинело комплетирањето на документите за да се пријават на јавниот конкурс за избор на 8.408 попишувачи, кои требаше да го спроведуваат пописот на населението закажан на почетокот на април. Пријавувањето на овој конкурс секој кандидат, во просек, го чинело по околу 300 денари, односно пет евра. Во таа сума влегуваа трошоци за заверки на дипломите кај нотар, вадење уверенија за државјанство, фотокопии и слично. Овие трошоци се удвојувале во ситуација кога некој од кандидатите се решил, освен за реонски попишувач, да конкурира и за пописен инструктор.

- Потрошивме два до три дена за да ги собереме документите и да се пријавиме на конкурсот. Зошто попусто да ни биде губење време и трошокот ако конкурсот биде поништен. Поднесените документи треба да ни важат и за во иднина, за да не се случи одново да мора да плаќаме - изјави вчера еден од кандидатите за попишувачи.

Според барањето на владејачката партија ДУИ, одлагањето на пописот треба да биде проследено со повторувањето и на конкурсот за избор на попишувачи. На конкурсот што во февруари го распиша Државната пописна комисија не се пријавија доволен број кандидати за да се изврши избор на околу 2.400 попишувачи од редовите на албанската и на турската националност. Весна Јаневска, претседател на ДПК, вели дека нема да биде во ред доколку се поништи целиот конкурс.

- Не се согласувам со таквото барање за повторување на сите пописни активности. С` што е спроведено е врз донесениот закон. Ние веќе извршивме избор на сите попишувачи, освен на оние предвидени за албанската и за турската заедница. Доколку пописот се одложи, за нив може да распишеме дополнителен конкурс - наведува Јаневска.

Таа додава дека се појавува и проблем бидејќи ДПК имала обврска по крајот на конкурсот да ги поништи поднесените документи на кандидатите бидејќи содржеле доверливи информации со лични податоци на граѓаните. Доколку пописот биде одложен, се отвора прашањето дали тие може да се чуваат подолго време од предвиденото. (Б.Ѓ.)

Дневник
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
kaj moze da se prijavis?
Не знам. Сигурно дополнително нешто ќе објаваат у весник или на сајтот за попис
http://www.stat.gov.mk/Popis2011/Default.aspx
а за оние кои се пријавиле
Според измени на закон за попис од 23.03

Член 7
Со влегувањето во сила на овој закон избраните и именуваните реонски попишувачи како учесници во спроведувањето на пописот, избрани и именувани согласно со Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 156/10) престануваат со работа.
Со влегувањето во сила на овој закон поединечните акти со кои се избрани и именувани реонски попишувачи како учесници во спроведувањето на пописот, престануваат да важат.
Член 8
Реонските попишувачи за спроведување на Пописот, согласно со овој закон, ќе се изберат и именуваат по влегувањето во сила на овој закон.
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Значи тие што беа одбрани за попишување нема да попишуваат, туку нов конкурс ќе има? така или се лажам.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Значи тие што беа одбрани за попишување нема да попишуваат, туку нов конкурс ќе има? така или се лажам.
Изгледа така е.

Член 7
Со влегувањето во сила на овој закон избраните и именуваните реонски попишувачи
како учесници во спроведувањето на пописот, избрани и именувани согласно со Законот
за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011
година
(“Службен весник на Република Македонија“ број 156/10) престануваат со работа.
Со влегувањето во сила на овој закон поединечните акти со кои се избрани и
именувани реонски попишувачи како учесници во спроведувањето на пописот,
престануваат да важат.

Член 8
Реонските попишувачи за спроведување на Пописот, согласно со овој закон, ќе се
изберат и именуваат по влегувањето во сила на овој закон.

Член 9
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република
Македонија“.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.967
Поени од реакции
83.300
За соседите Македонците не постојат!

Грчките власти и овој пат останаа глуви на барањата на малцинствата во пописните формулари да биде вметната барем графа за мајчин јазик.
Име презиме, место на живеење, занимање и верска припадност...
Без можност да кажат што се по националност и на кој јазик зборуваат Грците денеска почнаа да го попишуват населението.
Од “Виножито” неколку пати официјално побарале од грчкото МВР вметнување на графа за мајчин јазик, но досега немаат добиено одговор.
- За разлика од Македонија овде никој и ништо не зборува за пописот. Како да не постои,како да тоа е нешто рутински. Последните два дена му дадоа популарност, но нема некоја организација, нема дебати да се постави прашањето зошто ги нема националните малцинства итн, вели Анастас Парисис, од здружението на Македонците во Грција “Виножито”.
Македонците ги снема и од пописните формулари во Албанија. Не само што малцинствата не се наведени туку се бара воопшто да нема етничко и верско изјаснување.
Властите го одложија пописот за на есен. Ако дотогаш не се сменат листите Македонците најавија дека ќе го бојкотираат пописот.
Бугарите пак, под притисок на Брисел за прв пат наведоа Турци, Роми и други. Сепка не се воздржаа од сеење страв и вршење притисоци сите да се изјаснат како Бугари.
Малцинствата одлучија колективно да не ги признаат резултатите од пописот. Ги сумираа сите нерегуларности, и извештаите ги испратија до сите меѓународни институции.
- Ситуацијата е јасна дека не ги признаваме резултатите од пописот, поради апсурдната атмосфера која ја создадоа и бројните нерегуларности и фактот дека бројките нема да бидат реални, вели Стојко Стојков, од здружението на Македонците во Бугарија “ОМО Илинден Пирин”.
Додека Македонија ја напаѓаат едните за иредентизам, другите за тортура врз етничките Бугари, и Грција и Бугарија пописот го користат како инструмент за создавање чисти нации и уништување на македонскиот идентитет.

извор
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom