Завршило пријавувањето, но пошто се одложи пописот , не знам дали ќе има нов конкурс за македонците пошто мислам дека е постигната бројката , само ако се одлучат да го поништат.
А за албанците и турците секако треба уште еден конкурс пошто не е изполнета бројката, а мислам дека списоците ги прават партиите, за тоа кој ќе се прими , партиите од власта секако.
--- надополнето ---
Ете најдов една вест:
Со одлагањето на пописот, на граѓаните ќе им пропаднат 100.000 евра
На конкурсот за попишувачи се пријавиле околу 20.000 граѓани, а секој од нив потрошил барем по пет евра за комплетирањето на документите. Тие пари, доколку се усвои предлогот на ДУИ за поништување на конкурсот, може да одат во неврат
Околу 100.000 евра, колку што граѓаните потрошиле за да се пријават на конкурсот за попишувачи, може залудно да им пропаднат доколку се прифати барањето на ДУИ да се поништат сите пописни активности. Имено, околу
20.000 граѓани толку ги чинело комплетирањето на документите за да се пријават на јавниот конкурс за избор на
8.408 попишувачи, кои требаше да го спроведуваат пописот на населението закажан на почетокот на април. Пријавувањето на овој конкурс секој кандидат, во просек, го чинело по околу 300 денари, односно пет евра. Во таа сума влегуваа трошоци за заверки на дипломите кај нотар, вадење уверенија за државјанство, фотокопии и слично. Овие трошоци се удвојувале во ситуација кога некој од кандидатите се решил, освен за реонски попишувач, да конкурира и за пописен инструктор.
- Потрошивме два до три дена за да ги собереме документите и да се пријавиме на конкурсот. Зошто попусто да ни биде губење време и трошокот ако конкурсот биде поништен. Поднесените документи треба да ни важат и за во иднина, за да не се случи одново да мора да плаќаме - изјави вчера еден од кандидатите за попишувачи.
Според барањето на владејачката партија ДУИ, одлагањето на пописот треба да биде проследено со повторувањето и на конкурсот за избор на попишувачи. На конкурсот што во февруари го распиша Државната пописна комисија не се пријавија доволен број кандидати за да се изврши избор на околу
2.400 попишувачи од редовите на албанската и на турската националност. Весна Јаневска, претседател на ДПК, вели дека нема да биде во ред доколку се поништи целиот конкурс.
- Не се согласувам со таквото барање за повторување на сите пописни активности. С` што е спроведено е врз донесениот закон. Ние веќе извршивме избор на сите попишувачи, освен на оние предвидени за албанската и за турската заедница. Доколку пописот се одложи, за нив може да распишеме дополнителен конкурс - наведува Јаневска.
Таа додава дека се појавува и проблем бидејќи ДПК имала обврска по крајот на конкурсот да ги поништи поднесените документи на кандидатите бидејќи содржеле доверливи информации со лични податоци на граѓаните. Доколку пописот биде одложен, се отвора прашањето дали тие може да се чуваат подолго време од предвиденото. (Б.Ѓ.)
Дневник