ПЕТИЦИЈА: Илиевски, Антиќ, Гечевски, и Докузовски на ЕУРОБАСКЕТ 2013

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Ако биде селектор тренерот на Монтепаски(y). И да се задржат Бо и Антич,.Оти без нив тешко нешто да направиме.Самарџиски има напреднато и ке биде пртв центар, само кој ке биде негова замена:cautious: А и на позиција 3 сме најтенки.Браќата Стојановски играат на таа позиција принудно, инаку се класична двојка.Не знам тој Турњанин колку е добар. И некои го спомнаа Чековски да игра:eek:.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.168
Поени од реакции
107.657
Што бе мислите дека ако Докузовски останеше тренер дека ќе заминевме на Олимпијада и дека без проблеми ќе мачкаме се на ЕП 2013. Па Докузовски си отиде ради слава зашто ЗНАЕШЕ дека тој успех од Литванија не се повторува туку така како на копче да земеш да стиснеш.
Значи заклучок: Ни треба Кире Николовски место Гечевски, целиот прв тим со евентуални уште неколку нови играчи да се воиграат до тогаш и под итно странец за тренер само така дисциплината и целта ќе биде на ниво а тоа е пред се да се помине групава а не нашето класично летање во облаци 4ти сме во Европа и никој ништо не ни може!
Друже може немаше да заминеме на ОИ ама немаше ни да се срамиме како што се посрамивме со овој сакатиов што не ни сакам името да му го спомнам. Точно е дека една од причините поради која Марин си отиде е успехот и славата кои ретко се повторуваат, не знам кога пак ќе ни се случи тоа 4то место, но друга причина е недоразбирањата со КФМ. Идиотите не го ни исконтактирале не му ни понудиле договор, едноставно како партал го третирале и поради тоа човекот си замина од репрезентацијата, потег кој би го направил и јас доколку така ми направат од Федерација.
А инаку вакви петиции воопшто не се потребни, ако играчите решиле да стават крај на својата репрезентативна кариера тогаш нема потреба од молење, има тука млади деца кои едвај чекаат да заиграат. Доста тешка група ни се падна за претстојново ЕП, не знам дали ќе ја поминеме, според мене многу тешко, но зависи и од ростерот а и од тоа кој ќе биде тренер. Ако остане Маки тогаш за прв пат у мојот живот ќе билдам капитал во кладилниците од играње против Македонија.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.168
Поени од реакции
107.657
Maки сам си поднесе оставка.
Епа мислев уште е селектор, упм изгубен у свемир сум у задње време. Ако не ангажираме некој асален лошо ни се пишува, а и како што реков се зависи од ростерот, ако игра Бо тогаш можно е да биде нешто, ако не тогаш јас сум за да им се даде шанса на помладите за да стекнат искуство за понатаму, како што беше тоа пример со близнаците на ЕП во Полска.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Друже може немаше да заминеме на ОИ ама немаше ни да се срамиме како што се посрамивме со овој сакатиов што не ни сакам името да му го спомнам. Точно е дека една од причините поради која Марин си отиде е успехот и славата кои ретко се повторуваат, не знам кога пак ќе ни се случи тоа 4то место, но друга причина е недоразбирањата со КФМ. Идиотите не го ни исконтактирале не му ни понудиле договор, едноставно како партал го третирале и поради тоа човекот си замина од репрезентацијата, потег кој би го направил и јас доколку така ми направат од Федерација.
А инаку вакви петиции воопшто не се потребни, ако играчите решиле да стават крај на својата репрезентативна кариера тогаш нема потреба од молење, има тука млади деца кои едвај чекаат да заиграат. Доста тешка група ни се падна за претстојново ЕП, не знам дали ќе ја поминеме, според мене многу тешко, но зависи и од ростерот а и од тоа кој ќе биде тренер. Ако остане Маки тогаш за прв пат у мојот живот ќе билдам капитал во кладилниците од играње против Македонија.
Се што кажа е веќе одамна кажано и завршено. Само би те дополнил Марјан Лазовски беше дел од успехот со Марин во Литванија, без разлика колку тој успех е привиден бидејќи објективно не можеме само на Докузовски да му ја припишеме работата. Тој се најде во таа ситуација на тоа место и се случи тоа што се случи. И пак треба да се повтараме ДОкузовски си знаеше дека нема шанси да се повтори тој успех, Марјан па имаше различни убедувања и во Венецуела се виде реалната слика на Македонија. Дека имаше грешки кај Лазовски имаше посебно со ростерот и ротирањето на играчите, ама па да беше Докузовски на неговото место пак ќе се фрлаа дрва и камења. Затоа Докузовски си замина а Марјан на крајот беше жртвеното јагне од целата ситуација бидејќи прифати за тренер.
Сега нема што да се навраќаме на тоа според мене оваа репрезентација во следниве години ќе биде во голем пад ако под итно не се донесе странец дисциплиниран тренер. Причинитие за падот се јасни и до некаде оправдани ние ќе мораме да си ја менуваме генерацијата, многу играчи како Антиќ и Илиевски и Бо играат тешки сезони и репрезентацијата им е товар бидејќи преку неа веќе се продадоа и си го направија тоа што требаше професионално во нивната кариера. Сега народот ќе плука по Антиќ за неговите изјави и за неиграњето на другите играчи ама толку е кадарен народодот гледа само површински кај нас. Туку со добар тренер можеме да ја поминеме групава тоа треба да биде главна цел во Словенија а дека нема да биде како во Литванија од ниеден аспект тоа сите однапред веќе го знаеме.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Добар центар во Македонија - Луковиќ во Куманово ДАБЛ-ДАБЛ ефект му стана навика и во македонската лига и во библ лига,за замена е супер човекот може не е класа на Самарџиски ама може да го замени овој да одмори неколку минути.. само проблемот е во тоа што е србин и со државјанствата ке бидне проблем нели не смее повеќе од 1 странец во репрезентација ... така да јеби га ..
 
Член од
13 јуни 2012
Мислења
29
Поени од реакции
8
Прво, Докузовски не замина затоа што тој сакаше. Како да останете негде каде што не сте посакуван? Едноставно ја свитка опашката и замина да работи таму каде што доби најдобра понуда. Второ, Гечевски заслужено заминува на одмор, барем од репрезентацијата и тој воопшто и не треба да се враќа (ФАЛА до него за се). Трето, Влатче има проблеми, не знам какви, ама сите тоа го пишаат, тој самиот се повлече и тој отпаѓа, за него има и вистинска замена - Костовски од Куманово, Александар веќе играше на подготовките, иако потоа отпадна од тимот. Можеби не покажа многу добра игра, на во домашното првенство, па и во БИБЛ докажа дека може и мора да биде еден од играчите кои ќе одат за Словенија. Антиќ никогаш не изјавил дека ЗАМИНУВА (ако има видео, пратете, линкови од порталчиња во МКД не ме интересираат, може само на официјалната страна на федерацијата, но таму нема ништо). Значи тој останува, исто како што дел од тимот ќе биде и БО. Кирил Николовски многу најавува, оваков, онаков, а во МЗТ покажа дека е моментално не заслужува повик за ЕП. Браќата Стојановски само ја кренаа својата форма, па од нив ќе се очекува многу повеќе, тука е и Чековски, кој сигурно ќе биде повикан. Инаку, за тренерската позиција подобро би било домашен селектор, но кога нема моментално некој доста квалитетен, ПИПАН би бил одличен за таа позиција. Веќе запозна дел од играчите во МЗТ, па би можел да не однесе барем во втората рунда од натпреварување. Сепак, ние како што сме „напалени“ - одиме по медал :vozbud:
--- надополнето: 8 јануари 2013 во 02:57 ---

Kajgana Shop

На врв Bottom