Од мојата работа не зависат човечки животи

Јас мојата стручност и професионалност морам да ја докажам само на шефот и газдата на фирмата, и за тоа сум поминал низ пракса и пробен период пред да добијам постојан неограничен работен договор. Понатаму мојата работа нема допирна точка со никого освен со нив.
Сум дал шанса и на странци, само ги потврдија моите стереотипи. Со здравје не сакам да си играм, подобро здрав затуцан 'расист' отколку болен мулти-култи либерален просветлен модерен човек.
Сите нивоа на образование ги минав во МК, знам како одат работите од градинка до факултет. Штанцани дипломи, од секој стана магистар во државава. Пример за разлика меѓу образовни и здравствени стандарди - во Германија досега немам ниту една инјекција примено. Не дека сум поздрав во однос на тоа кога бев во МК, едноставно докторите овде се трудат најпрво да направат дијагноза па потоа со лекови на природна база, па на крај таблети, пилули. Во МК бев на доктор поради настинка, температура. Како и секогаш, прва реакција им е инјекција. Настинат? Инјекција. Те боли стомак? Инјекција. Имаш рак? Инјекција. И дојде сестрата со магичната инјекција, незнам како ја стави но ме прати во некоја заебана состојба на шок кајшто 10ина минути не можев да помрднам ниту еден мускул, дури ни најмалиот прст. Буквално здрвен само очите ги мрдав додека ме шприцаа со игли да ми зголемат шеќер или што и да се обидуваа да направат додека докторот ме молеше да не ги затворам очите. Бараа кислород, немаа ниту една боца кислород (ова во болница). Од настинка стигнав до инфузии со денови кајшто една друга сестра најнормално мораше 10 пати да ме измуша пред да ја најде вената (нешто што досега ми се нема случено во Германија кога давам крв, поради некоја причина

). Ова е ништо во споредба со голготите на други предизвикани од здравствениот и образовниот систем. Немам податоци, смртност на новороденчиња итн. ама со сигурност тврдам дека шуто и рогато се доктори во МК (секоја чест на исклучоците). Да не зборувам дека сум бил на доктор а овој бил даска пијан на работно место кајшто треба да лечи луѓе.
И сега кажи ми, земајќи во предвид дека МК е само една од овие вукојебини кајшто квалитетот на образование е подолу од секоја норма и дипломи се даваат за братучедски врски итн., зошто би избрал странец пред Германец за кого знам дека докторската титула му е дадена со право? Македонските и останатите доктори овде доколку поминале низ специјализација и образовен процес овде, секако ќе имаат пациенти - со или без мене. Јас во меѓувреме ќе продолжам со сигурната варијанта.
Истото важи и за возачките. Има тема на форумов, да не ја барам, околу состојбата со возачката култура во МК. Сега сакаат без да преполагаат истата култура да ја воведат овде. Да, ќе им пишат казни ама ако на сите им дозволат да возат без да преполагаат овде како што возат низ Пакистан, Сирија, мала ќе ти е утехата ако некој те крене во воздух некој ден дека ќе добие казна.