Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 43.413
- Поени од реакции
- 79.377
Услугата, со оглед дека беше полно, беше во ред.пред 2 год услугата беше 0 билјанини извори ама оваа год Четкарон се врати на старите патеки.
Цените беа скапички, како во релативно скапите скопски локали. Но, презентацијата на јадењата беше јадна. Можеби затоа што имаше гужва. Сепак, квалитетот на храната беше добар. На пример, белата вешалица им беше ептен добра. Другите јадења не беа нешто посебно, но беа ок.
Мислам дека за тие цени може и подобро. Но, Биљанини Извори не ме разочара. Ме разочараа рестораните во Св. Наум, каде имаше многу луѓе. Сите три ресторани таму, имаат по едно десет маси "резервирани" и на врата проценуваат од око дали си некој што ќе јаде или не си. Па ти даваат маса или не. Не знам, можда им е преку глава од луѓе кои им идат само да пијат, али тоа мене не ме интерсира.
Океј, идам да јадам и некако ми даваат некаква маса у Острово и зимам да нарачувам нешто скапо. Лосос некаков (и други ствари за другите) со све, со предјадења, салати, вина, десерти. Чекам сто саати за све.
Лососот им е 1100. Тоа е поскапо од најскупото у Скопје. У Форца да речеме, беше околу 700-800. Немаат Лосос, ми даваат белвица, што ми ја наплаќа 780.
Значи, не може да ми наплаќа 780 за порција белвица (колку што кошта лосос у Форца) у ресторан у кој ми носи салата и не ми носи чинии пред секого, у ресторан у кој ја сам да си станувам да си барам кај има сол, оцет и сл. и кај што го чекам цела вечност. У најголемата прчварница у Скопје ти носат чинија пред секого.
Не викам ја дека сите охридски ресторани се такви, затоа што не сум бил скоро во други. А овие од горе што ми ги пишавте, сигурно ќе ги посетам, ако, здравје, идам пак наскоро.
Инаку во врска со дискусиите од предходните страни за тоа дали е скапо или не у Охрид, јас мојот глобален став за охридскиот туризам го имам кажано неколку пати. И не ми е сменет.
За рестораните во кои бев - едно, но за цените општо, друго мислам. Јас бев сместен во добар смештај за 60 евра дневно, со одлични газди, но и гости (од Холандија). Таков смештај, сега, во Грција, би чинел не помалку од 120 евра. Оаза Ин се вика местото. Не знаев дека има такви смештаи у Охрид, не сум бил долго време.
Цените по маркетите се исти како во Скопје, или мене така ми личи. Гиро у сред центар е 200 и е со ист квалитет како тоа у Скопје кое чини 220. Случајност ме натера да се повозам и со такси и беше долго возење со чекање, наваму натаму и кошташе некои 300-400 (400-500 у Скопје би било). Паркингот у центар е смешно ефтин - 30 денари.
Има некои работи кои се поскупи од Скопје, ама има и поефтини. Генерално не е поскупо од Скопје, за среќа. Мада и Скопје е широк појам.
Општата љубезност е подобрена. Стариот град ме изненади со некои паркчиња и клупи измеѓу куќите. Будали викам ја. Можело тука едно апартманче да се истаи.
Подобрени се некои работи откога задњи пут сум бил и не е толку скапо, колку што викаат некои.
Последно уредено: