Охрид

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.643
Поени од реакции
5.317
каде во грција климата ти работела 24/7, јас секаде каде што сум бил на излевање си го земаш клучот со картицата да заклучиш и се се исклучува: и светло и бољер и фрижидер а не па клима.
Врахос, Парга, Ханиоти, Тасос, најпресно Канали итн. Јас реков дека никој не ти брани, колку сакаш си користиш што сакаш. Јас ова што го пишувам за Охрид го пишувам зошто искрено сакам да биди далеку подобро место за човек да реши да го помине својот годишен одмор, а да не се замара со нервозен газда кој постојано ти виси над глава. Си го откупуваш смештајот за сумата која ја одредува газдата, и кога го враќаш иди газдата и гледа дали е во состојбата во која ти го оставил. Ако е, фино лепо се поздравувате и финито. А не да ти стој над глава некоја жена во климаксите и да и ги трпиш испадите ти се чини таа ти плаќа за да седиш тука а не ти неа.

За Охрид има мал милион случаи, еве еден сега ми текна, минатиот Јануари сакав да се одморам во спа центар доста познат во Охрид, преку Групер начекав солидна цена, и тоа одев стриктно дека сакам да си лабавам во џакузи. Одам таму, се чекирав, си велгов во собата, за десет минути бев по бањарка долу спремен за џакузи и шлапчич, џакузито клоусд. И од цели 24 часа во денот, џакузито работеше само час и половина, и тие час и половина внатре беше нехумано човек да влези од гужва, и никаде не беше наведено дека џакузито работи толку малку време. Спацентарот сам си ги брка муштериите, ќе одат само за инста сликање, ама кога ќе помини модата и на тоа, со вакво работење ќе ги снајди судбината на Палас.

Друга случка никогаш нема да ја заборавам. Уплаќам за три вечери во приватен смештај, на реклама 5 мислам дека го најдов огласот, на слика изгледаше многу фино и културно местенце, за многу пристапна цена, и тоа сред сезона. Човекот ми вика половина сума треба да ми ја платиш на сметка да ми префрлиш пари, другата половина кога ќе се сместиш. Нема проблем, одма му префрлам пари, викендот палам колата и одам. И што да видам, сликите беа од сосем осми апартман од апартманот што го видов на оглас и го платив. Му викам човек јас не платив за овај апартман, туку за овај што ти е на сликава. Човекот се испули, гледа сликите, гледа неговиот број под огласот и ми вика „Леле, син ми е мрднат, другиот апартман го пишал со цена за овај апартман“... Му викам, не знам што ти е филмот и кој пробуваш да го заебиш, ама со тие финти мене немој, да ми ги вратиш парите. Вика од збор до збор цитирам „Ак ти се седит седи, ак не ти се седит, јас пари не враштам“.... Пробав со фино културно, неможеше никако, па на излегување, син му точкот од 500+ евра си го имаше остаено до порта и седеше во двор. Си го отворив багажникот, и го зедов да си го ставам во колата, и скокнаа..Епа реков ако не ми вратите парите, ќе ви го искршам точакот, а тоа е минимум што можам да го направам во моментов. И пак ми врати помалку пари од што му имав префрлено...

И после се лутите зошто не идат туристи во Охрид, туку повеќето се викендаши?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.416
Не мора да гледам датуми, знам дека летото е на сам праг по темава. :D Кај и да е ќе се јават уште неколку дежурни кои на темава се активираат од јуни-август.
Oh summer:rolleyes:
 
J

joli1

Гостин
некад давно основно екскурзија у Охрид, не допира еден типец со класика моабет за возење на кајче, му викаме не, иде другаров купува сладолед и ни доаѓа типецов од кајчево и ни вика ,,а за сладолед имате пари, а?".

ај да е ова едина ситуација, ама секој пат кога и да сум бил во Охрид сум имал непријатно искуство со угостители, буквално понашање спрема тебе како к*р да му чуе, а не како да (делумно) зависи од тебе и од прометот што ќе му го направиш у сезона.

реално за тие пари ќе си идеш у Црна Гора, Албанија, Грција, ќе си поминеш топ и ќе смениш држава, луѓе и околина.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
каде во грција климата ти работела 24/7, јас секаде каде што сум бил на излевање си го земаш клучот со картицата да заклучиш и се се исклучува: и светло и бољер и фрижидер а не па клима.
охи, фрижидер не се исклучува
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.917
Поени од реакции
10.548
каде во грција климата ти работела 24/7, јас секаде каде што сум бил на излевање си го земаш клучот со картицата да заклучиш и се се исклучува: и светло и бољер и фрижидер а не па клима.
А што глуп е некој да го извади клучот од картицата и таа да си остане за се да работи?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.491
Охрид е прекрасен. И секоја наредна посета е приказна сама за себе и посебно доживување за мене. Независно колку пати сум била, секој пат одново и однови сакам да уживам во убавините на градот.
Убаво би било кога сите ние би го ценеле повеќе она по што сме надалеку познати.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
А што глуп е некој да го извади клучот од картицата и таа да си остане за се да работи?
"и вардар голем ама и трајче паметен" ова е една велешка поговорка за значењето во друга прилика, така и грциштава ербап во неколку апартмани каде сум престојувал картицата и клучот се неразделно споени преку заварување на окцето преку кое можеш да ја изведеш операцијата што ја предлагаш, на други места можеби е и поинаку јас кажувам за местата каде сум бил.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.196
Поени од реакции
21.347
Супер е Охрид само треба да се избегнат непријатните работи. Таксисти, лоши издавачи на соби и лоша гастрономија.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.917
Поени од реакции
10.548
"и вардар голем ама и трајче паметен" ова е една велешка поговорка за значењето во друга прилика, така и грциштава ербап во неколку апартмани каде сум престојувал картицата и клучот се неразделно споени преку заварување на окцето преку кое можеш да ја изведеш операцијата што ја предлагаш, на други места можеби е и поинаку јас кажувам за местата каде сум бил.
Јас до сега никаде не сум налетал на неразделен клуч од привезок :D
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.416
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.914
Поени од реакции
1.767
Дел од жителите од Стар град против одлуката за издавање картички, ќе собираат потписи

“Прашуваат дали доколку имааат семејна веселба треба сами да одат и да си ги носат гостите, а потоа да ги враќаат?”

Вечната дилема на варошани, кај ќе се паркирет гостите за визита :facepalm:
Не се тие криви туку општината шо ги толерират,,,пајакот и кревање на сите коли шо се на улица .
Автоматски споено мислење:

Не се тие криви туку општината шо ги толерират,,,пајакот и кревање на сите коли шо се на улица .
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.914
Поени од реакции
1.767
Сашо мајмунон, некој убо го здробил.
ме откодира,чим бил една недела во костозг...сигурно го претепале многу ,изгледа двајца биле...кај го начекале турист/караорман ....
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.633
Поени од реакции
34.822
...ова да не е некоја нова пракса да се добие со брза постапка, бугарски пасош и стан во Бугарија:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom