Има ли статуи, споменици или било што друго во чест на Св. Климент и Наум во Охрид (или околината)???
Mисирков, ти другар не си биден воопшто во Охрид?
Нормално дека има споменици, во чест на св. Климент ти е на централниот градски
плоштад, за св. Наум мислам дека треба да се направи наскоро, па заедно со тој на Климент и на св. браќа
Кирил и Методиј да симболизираат "свето тројство" во центарот на Охрид.
Кај манастирот св. Наум има споменик од св. Наум изработен, односно изрезбан во дрво.
1. Славија уба плажа? Не би играл така, освен ако не сакаш да наоѓаш кондоми во вода. Водата е ѓубре, а и Куба Либре имат премногу кал во вода.
Пре би ти ги препорачал Градиште и Љубаништа, ама подалечни се. Од поблискиве, би ти ги препорачал Гранит и Метропол.
2. За елитни хотели? Па Милениум Палас и Метропол дефинитивно. Ако не ти сметат да фрлиш малце поголема пара, овие два. Во спротивно Гранит.
3. Кафичи и дискотеки:
Немо - сељачка музика и исто таков народ. Значи, немој!
Кадмо - Малце поблага варијанта на погореспоментиот кафич.
Ликвид - Се трпит некако, иако не сум бил многу пати таму.
The Duck Caffe (Јаzz&Blues) - Јас би ти го препорачал ова ако љубиш пријатна атмосфера, лајв бенд(асолен).
Јаzz Inn - Кежуал местенце, џез музика и ептен уба атмосфера. Немат ни премногу гужва.
1. За плажите сепак си е субјективен пристап, за мене мојт да е најуба, за тебе ич да не чинит, немат љутење.
2. Елитни хотели, Инекс и Метропол, незнам зш си го прескокнал Инекс.
3. Кафичите и дискотеките ак прајме муабет за
елитни, (пошо то беше прашањето од Мисирков) јас под елитни ги подразбирам Немо, Кадмо и Ликвид, друга работа е музиката шо се пуштат или луѓето шо одет. Иначе да, Дак Кафе и Џез Ин се попријатни и поопуштени места, кај шо мојш да напрајш муабет без да му викаш некого на уше.