Охрид

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Utre e maratonot vo Ohrid, ne deka e neshto posebno, ajde na gosti :D
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
како беше летово бе, луѓе?

ние со невестава не успеавме да ви дојме :(

ај можи здравје боже до нова година или напролет :cuc:

ех, охрид.... колку лета :hey3:

по нашки, поздрав до:

од Rainbow кафичон и Метропол диското на времето, Ацо и брат му Диме со флиперите, старите газди на Џез Ин (Циско и ортак му), Тино, Палас (хотелон и дисконо), Мажестик, Бингана две (џокер и то другото), нормално Славица, Биг Блуе, то откаршија, Градиште нормално, Градска, Чинарине, и шо знам јас шо се е секој :dudlac:

пи ес

Езероно и Калено најголем поздрав


пипи ес:

ацо коскана жив е? ако да, кажете му да не се прајт шизик дан го кренам на клоци :wink:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
како беше летово бе, луѓе?
Кој и да прашаш ќе ти каже дека беше слабо летово со туристи (домашни), повеќе имаше луѓе на викенд што доаѓаа отколку на недела - две. Но затоа беше преполно со туристи од Холандија, некој охриѓанец отворил агенција таму и ги сместуваа апартмански по куќи низ градов.

Езероно и Калено најголем поздрав
Kале :msc3:

ацо коскана жив е? ако да, кажете му да не се прајт шизик дан го кренам на клоци :wink:
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
Жив е, жив е се мота низ градов со познат израз на лицето :pos:
 

Wolf Pack

ThE ChieF
Член од
24 јули 2005
Мислења
783
Поени од реакции
5
Имам само еднаш одено низ Охрид и беше преку екскурзија. Наредниот пат ми се оде на плажа, во ресторант каде специјалитетот е пастрмка и ниќниот живот да се виде мора.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
ацо коскана жив е? ако да, кажете му да не се прајт шизик дан го кренам на клоци :wink:
FortunE напиша:
Жив е, жив е се мота низ градов со познат израз на лицето :pos:

<--- :?: :poos: :poos: :poos:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Баш таков е, целиот важен :pos:
Туку, дај да не го оговараме, може да налета од некоја страна на форумов и да не затвори! :viol1: :viol1: :pistol: :pistol: :viol1: :viol1:
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
некаде 86,87,88,89...

во рејнбоу кафичон на времено, се береа охридските металци...

коскана беше металец...

Костурон тогаш уште детиште беше, и Ризана постариот беше металец, и Ацо, и шо знам јас кој се, еден куп... и Симо србинот, ама тој поќе рокер беше, и еден куп „познати„ и познати охридски фаци ко тино од Џез Ин (буквално беше дете :pos: ) итн...

кире тримче беше „панкер-металец„ , и имаше група на „панкери„ предводени со Гиме, брат му, уште неколку албанци и турци (мислам и уци-он), и неколку Македонци...

и понекоаш ко ќе се испијанеа, си се пердашеа...

и коска металец иди една вечер накај рејбоу, арно ама по пат, на само неколку метра од кафичон, го „сретнаа„ гиме, диме пендикон и уште еден... и го затепаа.. :boks:

го куртуливме (негова среќа шо гиме и пендикон ми беа другари), го носев дома кај мајка му (кај расксницана во зградите живееше...)

пошо „металците„ во тие времиња ја „открија„ тревата (ракијата, виното и пивото ги знаеја и пред то :wink: ), панкериве ги викаа „џанкис„...

а металциве им враќаја „оди дувај лепак„... :poos:

е сеа, тајм џамп...
-------------------------------------------------------------------------------------

еден џандар (ама во цивилни алишта...) со тексас јакна на 33 степени, 12 сатот напладне, автобуска охрид...

јас чекам автобус од битола, стигнува автобус од источна Македонија, излегват луѓето, нормално, им се нафрлуват „смештај дан` требит„...

на една група млади луѓе (3-4) меѓу другите и коскана им нудит смештај, и некако се разбраја.. нишо чудно... ок... фаќат тро муабет, демек јас сум со кола, ама не пасвиме сите, ќе зејме такси, ова она... бла бла...

- „А бе, ама мојме и да остајме ствариве вкола, да ојме да пиеме по едно пиво. и да пушиме еден... имате нешо со вас? јас „сув„ сум, ама јас ќе частам пивото...„

- „ами имам малку„ ... мхм... (30 кусур степени..) ај...

- вадит значкана: „полиција„ :zid:
-------------------------------------------------------------------------------------

до сега САМО еднаш ми има побарано лична карта... можеби требаше во тие далечни години да си седам и пијам пивото раат, и глеам сеир... :roll:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Serdarot напиша:
на една група млади луѓе (3-4) меѓу другите и коскана им нудит смештај, и некако се разбраја.. нишо чудно... ок... фаќат тро муабет, демек јас сум со кола, ама не пасвиме сите, ќе зејме такси, ова она... бла бла...

- „А бе, ама мојме и да остајме ствариве вкола, да ојме да пиеме по едно пиво. и да пушиме еден... имате нешо со вас? јас „сув„ сум, ама јас ќе частам пивото...„

- „ами имам малку„ ... мхм... (30 кусур степени..) ај...

- вадит значкана: „полиција„ :zid:
:poos: :poos: :poos: :poos: :poos: :poos: :poos: :poos: :poos:
Леле шубо си се изнасмеав на постов сабајлечки, да си здрав и жив!!! Фраер бе коска! :pos: :pos:
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
serdar ne mi gi cepkaj rizana, gimeta (so stana so nego se ozena toj kolku sto znam jas), pendikon (toj ojde na igla)...eeee na vremeto maratonot i slavija po grupi pa svabana, ... a so da recam za diskono palas...pa posle "jazz in"....prva generacija bevme...ljoskion,ribaron, hitleron....jone ziv e..ili kisnit kaj portokalon:)

a be toj so ja smenal kaldrmana niz carsija mam..da mu go...kakov ubav kamen i kakva autenticnost imase taa carsija...sega stavile nekoj mermerni plocki sinkim mavrovka trgovskon na otvoreno e...

koga setav niz Genova i isti takvi kamenja podmene gazev me potsetuvaa na ludoriite so gi imame praeno nad tie kamenja...istite kamenja gi ima vo delovi od stariot grad na Firence, pa i vo Barselona vidov slicni...

taa carsija imase dusa..ovaa sega nisto...pacerista
 
Член од
3 март 2005
Мислења
101
Поени од реакции
0
Imashe edna sluchka so Jure :raz: (mislam deka Jure beshe)... se vrakja Jure od Ljubljana do Skopje so avion, ali mnogu dzeva pravel a i mnogu cugal izgleda. :pijan: Se pozhalile patnicive i doagja stujardesava da go predupredi da se smiri demek ke prezemele merki ako ne se smirel, a Jure na toa odgovara: Sho ma, dan me slezish sluchajno! :pos: :pos: :pos:
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
a be man :)

арно шо ме потсети на Тони хитлерон и другите

иначе Пендикон мислам дека едно време беше „стрејт„, не се дупеше поќе... а иначе тој и џачкана и волкон најкоректни беа бе, само се испобудалеа ко шо растеа, алкохол и дроги, јебига...

ај че те опитам кој си на пфт ;р)

колдхарт, Јуре? или Јура русинон?

хехе

а бе закон се Охриѓани
 

RaGeAnGeL

KiCk AsS
Член од
23 јануари 2005
Мислења
930
Поени од реакции
7
Serdarot напиша:
a be man :)

арно шо ме потсети на Тони хитлерон и другите

иначе Пендикон мислам дека едно време беше „стрејт„, не се дупеше поќе... а иначе тој и џачкана и волкон најкоректни беа бе, само се испобудалеа ко шо растеа, алкохол и дроги, јебига...

ај че те опитам кој си на пфт ;р)

колдхарт, Јуре? или Јура русинон?

хехе

а бе закон се Охриѓани

JUre ahahahahah....gospodine ke ve molam da go zgasnite cigareto vo avionov e zabraneto pushenje!...zs mor , dan me slezis ak ne go zgasnam AHAHAHAAHAHAHAA legenda.
 
Член од
29 октомври 2005
Мислења
3
Поени од реакции
1
Kaj SV Naum se palelo skaricki i se pecelo mesce a lugeto pet pari ne dale za trevata - sramota.
Zad plazite gubre so kup
Znacite za na Ezero treba da se so sliki ako se samo na Makedonski moze i angliski da se stavi Turisticko mesto e
podobra informacija (pozelno e posovremeni toaleti na ridot)
Da se prikaze Makedonskata Kultura na eden normalen stepen standarden po pozelba :raz:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Гледам одамна не се пишувало на темава. Еве извадоци од некои книги, пред некое време в рака ми паднаа некои интересни податоци, спремав нешто кое ми фати 32 страни, па еве што издвоив.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Охрид - град на вековите

Бреговите на Охридското Езеро биле населувани уште од прастари времиња. Археолошките податоци говорат за населби од неолитскиот период, 6000 години пред нашата ера. Од ова време, во рамничарскиот дел на Охрид, во неговото северно предградие Долно Трново, откриена е неолитска населба со богат археолошки материјал.
Според историските извори, најпрви познати жители во областа на Охридското Езеро биле Бригијците (Фригијците) и Енхелејците. Подолго време доминирале Енхелејците. Овие пак, според Херодот и Аполодор, не биле Илири, туку нивни најблиски соседи. На овој простор подоцна се спомнуваат Десаретите, а градот Лихнид како главен град на Десаретија.
Повеќе векови во I милениум пред нашата ера, на десетина километри северно од Охрид, во близина на денешниот меѓународен аеродром, егзистирала моќна населба со непознато име, на кој и припаѓа богатиот археолошки материјал (златни маски, златни сандали, златни нараквици, бронзени кратери и др.) од кнежевските гробници на надалеку прочуената некропола „Требениште”.
Постанокот, пак, на античкиот град Лихнид (денешен Охрид) се поврзува со легендата на Феничанецот Кадмо. Овој, прогонет од Теба во Беотија, пребегнал кај Ехилејците и на брегот на Охридското Езеро го основал градот Лихнидос.
Кон средината на IV век пред новата ера градот Лихнид (некогашен назив за Охрид) и населбите покрај брегот на Охридското Езеро ги зазел Филип II Maкедонски. По освојувањето, пак, на овие краишта од Римјаните во 148 година пред новата ера, бил изграден патот Виа Егнација, кој преку Лихнид го поврзувал денешен Драч со Солун и Цариград.
Од навлегувањето на христијанството, кое овде почнало да се шири од крајот на III век, античките храмови биле разурнати и заменети со многубројни монументални ранохристијански цркви, чии остатоци се откриени на повеќе места во Охрид и неговата околина.
Прв христијански мисионер во Лихнид бил Еразмо од Антиохија, а пишуваните извори говорат дека овој град во V век бил седиште на лихнидските епископи.
Во VI век Лихнид се наоѓал во рамките на Византиското Царство. Тогаш преку реката Дунав на Балканскиот Полуостров продреле Словените. Кај Лихнид се појавило и населило словенското племе Брсјаци.
Прв пат називот Охрид се спомнува во протоколот на Цариградскиот собор во 879 година. Се смета дека градот ова име го добил од словенските зборови „во хрид” - на рид, бидејќи стариот дел на Охрид се наоѓа на рид.
Свети Климент и Наум, најпознати ученици на браќата Кирил и Методиј од Солун по пропаѓањето на нивната мисија и прогонството од Моравија дошле во Охрид. Најпрвин Климент (во 886 година), а потоа и Наум (во 893 година) пристигнале во областа Кутмичевица, која се наоѓала на тромеѓето на денешна Република Македонија, Албанија и Грција и ги опфаќала Охрид и исчезнатите градови Девол и Главеница. Охрид станал центар на Охридската книжевна школа.
Св. Климент минал 30 години меѓу македонските Словени. При неговата манастирска црква Св. Пантелејмон (изградена во 893 година), излегле 3500 ученици. Тие ја ширеле словенската писменост, култура, црковното пеење и уметноста во повеќе словенски земји се до Киевска Русија.
Долго по смртта на Климент (916 година) и Наум (910) Охридската книжевна школа била расадник на значајни ракописи за славистиката и историјата на уметноста. Оваа книжевна школа, која на македонскиот терен дејствувала од IX век, била верен приврзаник на глаголицата. За нејзината дејност можат да се поврзат некои од најзначајните словенски ракописи, создавани до XII век, кога глаголицата била заменета со кирилица.
Почетоците на Самуиловото царство, прва држава на македонските Словени, се поврзани за краиштата околу Охрид. Овде во втората половина на X век под водство на брсјачкиот кнез Никола и неговите синови Давид, Арон, Мојсеј и Самуил, избувнало вооружено востание, најпрвин против Бугарија (969 година), а потоа против Византија (976).
На чело на македонската средновековна држава застанал цар Самуил, по кого и го добила името. Јадрото на ова царство го сочинувала Македонија. Околу четири децении на Самуиловото владеење се исполнети со борби со Византија и со освојувања. Цар Самуил ги проширил границите на својата држава до реките Дунав и Сава, до Коринтскиот Залив и до Јадранското Море. Најпрвин Преспа, а потоа Охрид, под владеењето на Самуил од 976 до 1014 година и неговите наследници Гаврило Радомир и Јован Владислав до 1018 година, биле царски престолнини.
По поразот на цар Самуил на планината Беласица во 1014 година, византискиот цар Василиј II заробил 14000 негови војници, кои откако ги ослепил, оставајќи на секој стотти по едно око, ги испратил кај нивниот цар. Набргу потоа, наследниците немоќни да го одржат, Самуиловото царство во 1018 година било дефинитивно покорено. Цар Василиј II го зазел Охрид и ги разурнал градските бедеми. Царското семејство било одведено во ропство. Охридската патријаршија, пак, била сведена на ниво на архиепископија.
Периодот на Охридската архиепископија, под чија власт се нашла огромната територија на Балканот, од реката Дунав до бедемите на градот Солун и до Јадранското Море, во средновековната историја на Охрид претставува посебно поглавје од повеќекатно значење. Цариградскиот двор, со желба да ги задржи македонските Словени под свое влијание, на чело на Охридската аристократија ги поставил највлијателните и најспособните црковни великодостојници: писатели и филозофи, учени богослови и поети. Така средновековен Охрид станал значаен центар кој ги привлекувал и најпознатите тогашни сликари и градители.
Во XI век за охридски архиепископ бил назначен Лав, еден од најистакнатите поборници за православието. Според замислата на архиепископот Лав била обновена и декорирана охридската катедрала Св. Софија.
Кон крајот на XI век и почетокот на XII век охридски архиепископ бил истакнатиот писател и беседник Теофилакт, автор на Пространото житие за Свети Климент. Во втората половина на XIII век за охридски архиепископ бил назначен Константин Кавасила, автор на поетски состави во слава на Св. Климент Охридски и единствен меѓу охридските архиепископи кој во овдешните цркви бил сликан како светец.
По заземањето на Цариград од крстоносците во 1204 година, поглавари на охридската црква стануваат црковните великодостојници од домашната средина кои прокламирале целосна независност на архиепископијата, барајќи за тоа корени во Јустинијановите правни акти. Во овие услови, охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан, познат средновековен беседник и писател - автор на краткото житие за Св. Климент Охридски - и покрај жестоката реакција на цариградскиот патријарх, византискиот деспот Теодор Комнен го крунисал за цар.
Охридската архиепископија била мошне самостојна. Таа, пред се, им била верна на своите традиции. Имала свои ктитори и специфични охридски култови, а во подоцнежните времиња (посебно во XIV век) и сопствени сликарски работилници. Ктитори на охридските цркви не биле само дојдените благородници.
Во XV и XVI век Охридската архиепископија својата јурисдикција ја шири на нови територии на Балканот и во подрачјето на Медитеранот. Во XVI век својата управа Охридската архиепископија ја проширила во православните колонии на Малта, во Апулија, Калабрија, Сицилија, Венеција и Далмација.
Со наредба на турскиот султан Мустафа III во 1767 година беше укината Охридската архиепископија и приклучена кон Цариградската патријаршија.
На Вториот црковно-народен собор во Охрид, во октомври 1958 година, Охридската архиепископија беше обновена и сега носи назив Македонска православна црква.
Охрид се наоѓал под турска власт од крајот на XIV век па се до почетокот на XX век, односно од 1395 до 1912 година. Во почетокот турските султани и помагале на Охридската архиепископија да ги проширува своите граници. Суштествените промени се случиле во 1466 година. Извесен број тогашни угледни Охриѓани го помагале востанието на албанскиот борец Скендер-бег против Турците. Архиепископот Доротеј и повеќемина охридски клирици и болјари, по наредба на султанот, морале да го напуштат Охрид. Тие животот го завршиле во заточение.
Како значаен економски и културен центар Охрид се развил кон крајот на XIX век. Тогаш, охридските кожарски работилници ги извезувале своите производи во повеќе балкански и европски градови (во Цариград, и Солун, Лајпциг, Виена). Во тоа време оживеало и градежништвото. Пристигнувале резбари и сликари од околината на Дебар.
Во втората половина на XIX век соседните држави Грција, Бугарија и Србија се грабеле за македонската територија за наметнување на свое присуство и влијание.
По укинувањето и присоединувањето на Охридската архиепископија кон Цариградската патријаршија во 1767 година, се засилило влијанието на елинизмот. Отпорот против грчкото духовно ропство особено се заострил по 1860 година, по назначувањето за охридски митрополит на злогласниот владика Милетиј. Не само во Охрид туку и во Македонија прв борба против грцизмот повел македонскиот просветител Димитрија Миладинов, роден во Струга, учител на поетите Григор Прличев и Рајко Жинзифов. Тој бил затворен во Цариград, каде што заедно со својот брат Константин биле отруени.
Отпорот на напредните слоеви на македонското население против грчкото духовно ропство во Охрид продолжил на чело со поетот Григор Прличев, автор на поемите „Сердарот” и „Скендербег”. Тој по победата на поетскиот конкурс во Атина во 1860 година со поемата „Сердарот”, се откажал од школувањето во Оксфорд и се вратил во родниот Охрид. Борбата против грчкото духовно ропство завршила успешно. Во 1869 година со султанов хатишериф биле укинати грчките училишта во Охрид.
Основите на македонската револуционерна организација за подготвувањето на населението за вооружено востание во Охридската околија, биле поставени во 1894 година. Ноќта, на 2 август 1903 година, охриѓани заедно со народот од другите краишта на Македонија, масовно учествувале во Илинденското востание, ко е по одгласот и значењето ги надминало регионалните рамки на Македонија.
Набргу по првите востанички пушки турскиот аскер почнал жестоки репресалии на македонското население. Најголем збег на населението бил организиран во планинскиот предел Рашанец (североисточно од Охрид). Кон крајот на август 1903 година, кога овој крај бил нападнат, Рашанец станал заедничка гробница на многу невини жени и деца, старци и старици и востаници.
Од 1912 година, кога конечно била отфрлена турската власт, па се до 1915 година Охрид се наоѓал под власт на српската држава. Од 1918 до 1941 година и припаѓал на стара Југославија.
За време на Првата светска војна (1915-1918) и Втората светска војна Oхрид беше под бугарска власт.
Охрид беше ослободен на 7 ноември 1944 година. Од тој ден неговите жители живеат во Република Македонија, во рамките на која, градот Охрид, во изминатите пет децении доживеа сестран просперитет. Израсна во значаен македонски туристички центар, забележа големи постигнувања во областа на стопанството, а воедно се разви и широка мрежа на образовни, културни, здравствени и други институции.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom