Охрид

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
Супер се и двата текста, релативно вистинити, ама да не се од оној едно време во Вечер што пишуваше...му го заборавив името??? Не знам само прашав.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Буковец напиша:
Супер се и двата текста, релативно вистинити, ама да не се од оној едно време во Вечер што пишуваше...му го заборавив името??? Не знам само прашав.
Под текстовите го пишува никот на авторот на истите.Јас толку смеам да си дозволам,а сопствените текствови и личното име може само тој да ги објави.
И,не, не е тој на кого ти мислиш.Никогаш не пишувал во Вечер. Пишуваше во Екран.:) А и на еден друг форум. (под наведениот ник,но и на овој,со истиот):)
 

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
А бе сватив ја дека Стрелецот наводно ги пишувал...ама и во Вечер пишуваше еден охриѓанец колумни...Џими ли се викаше....затоа прашав. Не ме затепувај одма :)
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Буковец напиша:
А бе сватив ја дека Стрелецот наводно ги пишувал...ама и во Вечер пишуваше еден охриѓанец колумни...Џими ли се викаше....затоа прашав. Не ме затепувај одма :)

:pishtoldz Абе за Стрелецот очи копам,не зезај.:) И згора не е Охриѓанец,од Кичево е човекот.:pishtoldz

Само одговорив на прашањето прееска.Еее,а сега богами се размавав!!! Ти за мој Стрелец..хм..:kez:
 

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
А бе немој ти мене пишчоли пушки...:kez: :pos: А ја нешо тука, лав хепинес:wub:
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Буковец напиша:
А бе немој ти мене пишчоли пушки...:kez: :pos: А ја нешо тука, лав хепинес:wub:

И што требаше јас да направам сега?:ija: Паника ме удри...:lud: Ти нешто лав и хепинес накај Стрелчо???:ija: хахахахааааа:bip:
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
И после Охриѓани не чинат (втор и сега за сега последен дел)!?



Брееееееее шо беше во Охрид за викендов. По, по, по гости. Мравјалник. Ар шо ти Кокаба....Копака...Покака...Не е важно. Важно...шо. Ова, нааа. Убајна. Абре шеташ по плажине и немојш да шеташ. Не се врвеше од туристи. Постелени по песоцине ко плашици. Абе пљукаш и пљукајнцата не ти падвит на песок. Три четири пати пробав. Никој. Обавезно на некого ми застанвеше. Абре наредени, сортирани сите. Шо не ќе се сортирани ко Охрид рај со цени го напрајвме. Ене дојдение беа и оние сиромашнине, шо немет пари за купачи, шо се со врвци во газон.


Е ова е Охрид, е ова е туризам. Од кај немаше. Од Скопје, од Велес, од Прилеп, од Кочани, од Врапчиште, Сопот, Дабиле, .... Абре од цел свет. Цела сезона, сите четири дена полно, динка. Ко во старине добри времиња. Гледам и од радост само насмеан. Вака колку шо видов јас, можда дури десет посто беа постари од 17 години. Пари трошење......по, по, по...Шо да ти кажвам. Оние малине момичиња, од три-четрнаест години, шо не пијат алхохол, Сашо немојше бре со пиво да ги наваксат. Кој плати му, кој не, а тој насмеан. Абре трчат набавит и само насмеан. Браво за Сашета. Браво за сите Охриѓани. И така ко ќе гледаш срцето ти е полно. Само насмеан стојш. Расположен, релаксиран, ни нервозен, ни ништо. Јас не оти слушнав тие дена Мира да го искарат Шулета. И та само насмеана беше. Ама слушај. Ак знајш да работиш и овци ќе привлечиш, а не туристи. Ама им се пучевме искрено да кажам. Ам како. И така требит. Ние охриѓани од туризмот живејме, не од дивоградби, узурпации, рекла казала и друго. Од туризам. И морат така да прајш.

Значи кој сакат нека зборвит, спремни ја дочекавме сезонава. Одма им се најџвевме. Уште од автобуска, слегвет, цап за врат, кој е посилен, тргај ваму, тргај таму и дур се сетит дома го втервиш. Ич да не му ја мислит. Па цените им ги заокруживме за да не лутет по гужвиве за ситно. Од тристапеесет денари, на петсто за полкревет. Бадијала. Абре по терасине спиевме ак требит само да им се најш на луѓето не оти за пари. Шо не праевме за да им е погодено на луѓено. На пример, една вечер, штрап цигарите од сите дуќани. Немат. Нормално. Не ќе ги остајме да се трует. Луѓето дошле на свеж воздух, а не да ми пушат. Еден ден пак лебот намерно им го скривме. Шо е то леб да се јадело со све. И со бајат помфрит и со недопечени кебапи, и со.....Ама пази културно то го изведвевме за да не не сумат дека за нивно арно прајме: "Дечко, з'ш немаш леб". "Ам оние од лебарине не успеја да постигнет...". Лажи, лажи само да не те приметет дека све прајш за нив. И само насмеан. А пази имаше и провокации. Ама не наседнавме. З'ш ова е туристички град и не смејш нервозно да вратиш. И да те провоцирет. Само насмеан.

Слушам еден гостин: "Дечко, имаш "бекс"? А овај: "Иам, ама со поминат рок" - и само насмеан. После овај пак нему: "Дечко, имаш "лашко". "Иам". "Дај едно, ама зелено". А овај нему: "Господине, извини иаме само обично, ко ќе го туриш жолто е". И само насмеан. А очеквиш да се изнервират, з'ш овај го провоцират, ама јок. Овај само насмеан. З'ш и мало дете знајт дека пивана се жолти, а не камоли келнер во туристичко место ко Охрид.

Е сега, на пример, ќе сретниш луѓе шо све им сметат. Ко Бобана Насев, онај пеачон. Се жалеше бил Пештани сместен, па џо му се јавил и брат му ќе идат, па и побарал на газдарицата уште една соба ак имат. Пак после ми кажвит: "Ми рече газдарицата: Кај вас ве прибравме уште една соба ми бараш. Абре вие сте биле ѓубрина незадоволни". Ам как да му речит де ај. Како да ти дајт соба ко разбрав не си пазарел кај нејзе в дуќан. Дан сакаш да ти се смејт дур пазариш на друго место. Дан се приштеше од лебот од кај незје да го купиш, па се пикаше кај комшине. Чоече, разбери. Ак си кај нејзе сместен не можит сам да одлучвиш за твој пари кај ќе пазариш. Ете еднаш си влегол и си ја посрал работата. Не си можел сладоледот да го најш. Пак велит му рекла истата: "Ам ете ти "пелистерка", "кожувчанка" зад тебе. Тие наочарите за украс ти се". Ам как да ти речит. А? Не те разбрала жената шо бараш. Пак најсетне и то, и то е за освежвење. Јас да бев не ѓубрина. Абре одма ти го менвам пазарот од 350 на 700, ти наплаќам, за врат и ајт да не те видам уште еднуш. Ама насмеан. Па така е. Навистина. Ај прај му метании, ам пак за вакви ѓубрина не вредит да се раскинвиш. Ама без расправии. И само насмеан. З'ш ак е поинаку не ќе ти дојт никој.

Пример, ак чекат два сати за еден сендвич, топли пива ак даваш, масине ак се јок, светло по улицине ак немат, ак го казвет цајканине за глупости, ак ти прает фестивал на среде камп, ак не менвиш чаршафи, ак не го собираш ѓубрено цела недела, ак му го исклучвет бојлерот од осигурач, ак имат тепачки по кафичине, ако на секој чекор ти велет дека си скопјанец шо ги сакаш луѓено од исти пол, ако си нонстоп намуртен, не оти ќе ти дојт некој. Ама то е минато. Ете и ренде купивме. И не само то. Туку вежбавме, вежбавме се изнавежбавме и сега нонстоп сме насмеани. Еве градов се испразна, сите си ојдоа, а ние останавме насмеани со рендето в раце.

Стрелец@

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Во право си е чоекот шо пишал, шо се смејте:icon_lol: Одлични текстој, сакам ушче, се пресмеав. Вистина убо е опишано. Давај бибика уш едно барем:icon_lol: Секоја чест за авторот
 

Ninja

Кајгана на око
Член од
15 мај 2005
Мислења
623
Поени од реакции
9
Охрид е божествено место. Интересно е што убавината на Охрид најчесто се врзува за Охриѓани, па се креира впечаток дека вредноста на сите историски и природни атрибути на градот заради кои, всушност, е окарактеризиран како убав, е дискутабилна кога ќе се стават во иста слика со Охриѓани.

Ќе се повторам:

Во основа, охриѓани не се лоши луѓе и не ја расипуваат убавината на Охрид. Тие, веројатно, се само малку постудени за разлика од луѓето од останатите краеви на Македонија. Но, на крајот на краиштата, како и во секој град, и во Охрид има лоши и добри охриѓани (туристите тврдат дека почесто налетуваат на првите). Но, еден е македонскиот менталитет и, сакале ние да признаеме или не, тој е карактеристичен за сите македонски градови и граѓани.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Чоек на охриѓани неможе да им угоди(што не е случај кај охриѓанките :je: )
со тоа нивното „зашо не доаѓате летоска па коа ќе им отидеш што си дошол“ го растурија Охрид како туристички град, затоа од година на година се помалку и помалку туристи има...треба да поработат малце на културата.
Иначе Охрид како град е прекрасен, стари градби, античка инфраструктура, вистинско обележје како изгледале градовите у некој претходен век.
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Super e Ohrid.Go sakam gradot mi se dopaga na leto so site tie luge so taa mesanica pa plazite ezeroto i lugeto tie sto gi znam site se super
 
Член од
15 јуни 2006
Мислења
433
Поени од реакции
3
abe e.ati ohrido da ne mojs do na plaza da pojs
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Охрид како град е убав само тоа Охриѓанине да се малку пофини ќе биде супер.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Абе шо убаво си ги напаѓате Охриѓани, да му е мерак на човек да чита. И никој не кажа дека и некои туристи кои доаѓаат не знаат што прават, дека воопшто не внимаваат како се однесуваат, немаат култура.

Само да ја цитирам Нинџа, убаво си кажа
Ninja напиша:
Во основа, охриѓани не се лоши луѓе и не ја расипуваат убавината на Охрид. Тие, веројатно, се само малку постудени за разлика од луѓето од останатите краеви на Македонија. Но, на крајот на краиштата, како и во секој град, и во Охрид има лоши и добри охриѓани (туристите тврдат дека почесто налетуваат на првите). Но, еден е македонскиот менталитет и, сакале ние да признаеме или не, тој е карактеристичен за сите македонски градови и граѓани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom