Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

maricka

...
Член од
2 ноември 2009
Мислења
175
Поени од реакции
486
Да споделам едно искуство од охридските угостителски објекти.
Во la bella покрај пристаништето пицерија е, седнуваме нарачуваме палачинки и кока кола, и се ок, го носи пијалокот, и вели за 10 мин ќе бидат готови палачинките. Поминаа и 20 мин, вели сега уште малце, помина и пола сат, и 40 мин, и иде келнерот вика : а да порачате нешто друго, ццццц, а сме седеле 40 минути за џабе, и нормално револтирано станавме, бараме фискална за кока колата, тој ни носи фискална и за кока кола и плус за палачинките што воопшто не ги видовме. па кавги таму, триста работи се десија.
Заклучок: Иако живеам Охрид, убаво е се, но од односот на вработените во угостителскиот сектор, нивната несериозност, непосветеност на работата, градот ги губи туристите.
 
Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Пред една недела се вратив од седумдневен одмор во Сончев Брег, Бугарија. И пред три дена си велам дај ке отидам со дечко ми во Охрид за еден ден... Се разочарав, многу се разочарав од Охрид. По досадно мислам дека никогаш не можело да биде,еден ден ми помина како една година.. Веке видени работи, се едни исти... Отидовме во еден ресторант да ручаме, ми донесоа жив стек, го вратив ми донесоа половина од порцијата... Да не им е жал на охригани што снемува туристи, не би одела на одмор во Охрид никогаш повеке макар ни за еден ден.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
Јас сум половина охриѓанец(по мајка) и имам голема куќа во центарот на Охрид и еве 7-8 години одам во Албанија на одмор бидејќи ми е поевтино.Значи плаќам зелен картон,бензин и смештај,и пак помалку трошам него во Охрид.И за разлика од Охрид таму ич не се секирам каде и како ќе јадам и пијам,бидејќи и во најлуксузниот ресторан нема да најдиш изгор цени.Цените се сегде исти.

Една математика за Охрид:одам на плажа да речиме кон Горица(1,2,3).Тешко без да платиш паркин за кола.Доаѓа пладне треба да се јади нешто.Ако седниш негде во рестораните летна преку илјадарка за тројца(фамилијарен сум).Се одлучувам да се вратам назад дома.Пак бензин.Попладне пак возење кон плажите.Се шверцам за паркинг да речиме.Вкупната сума за бензин и паркинг за еден ден е повеќе од доволна во Албанија да јадиш во ресторан што сакаш.јадењето дома во Охрид во тој случај е плус пари.
ваму ни кола палам ,ни бутур.Апартманите се најмногу 100-150 метри од плажа(јас одма секогаш на околу 70-80- метри од плажа).И да ме мрзи да одам во апартман да јадам,зема гиро за 65 денари,предходно `подмачкано` со еспресо за 22 денари.

По убедување сум патриот,ама стварно немам пари до крај да `јуначам`.Јебига со една плата неможам да бидам голем патриот па да одам во Охрид на одмор
Живееш во скопје а скапо ти е во охрид :facepalm: ??? Сега бев, цените по продавниците во охрид се исти со цените во скопје. Цените на пазарите се исто слични. Пицериите конкретно Леонардно нуди пици по 230 денари а истите тие пици низ скопје се по 320 денари. Како може да ти е поефтино да плаќаш смештај и бензин за до албанија кога во охрид нели имаш безпари смештај (имаш куќа) и е многу поблиску. Албанија не е ни држава туку родовско - племенска заедница и по ниту еден критериум не спаѓа во туристичко место, луѓето таму повеќето од времето немаат ни струја :facepalm:. Незнам стварно зашто зборите вака? Ова везе нема со реалноста!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Живееш во скопје а скапо ти е во охрид :facepalm: ??? Сега бев, цените по продавниците во охрид се исти со цените во скопје. Цените на пазарите се исто слични. Пицериите конкретно Леонардно нуди пици по 230 денари а истите тие пици низ скопје се по 320 денари. Како може да ти е поефтино да плаќаш смештај и бензин за до албанија кога во охрид нели имаш безпари смештај (имаш куќа) и е многу поблиску. Албанија не е ни држава туку родовско - племенска заедница и по ниту еден критериум не спаѓа во туристичко место, луѓето таму повеќето од времето немаат ни струја :facepalm:. Незнам стварно зашто зборите вака? Ова везе нема со релноста!

Кај има пици по 320 во Скопје ? Освен Енрико и можда Пелистер/Фуфо ?

Сегде се од 150/220 макс... а не се толку оскудни како во Охрид :) (hint: Козаностра 250 и јадеш 0сминка бурек хаха)
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
Кај има пици по 320 во Скопје ? Освен Енрико и можда Пелистер/Фуфо ?

Сегде се од 150/220 макс... а не се толку оскудни како во Охрид :) (hint: Козаностра 250 и јадеш 0сминка бурек хаха)
Сегде кај што се добри: Енрико, Балила, Фуфо а у Леонардо се исто добри. Добро, неможат со Енрико али со Фуфо и Балила може да се споредуваат сепак се работи за третина пониски цени. За Козаностра се согласувам, ја расипале пицата.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Сегде кај што се добри: Енрико, Балила, Фуфо а у Леонардо се исто добри. Добро, неможат со Енрико али со Фуфо и Балила може да се споредуваат сепак се работи за третина пониски цени. За Козаностра се согласувам, ја расипале пицата.

Енрико пицата не е и ни у топ 3 пици у градот - на стара слава им се цените ....
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
еве кока колата е исто 70 денари http://balilla2.com/index.php/home/menu/12 како во охрид така и во скопје
--- надополнето: 8 август 2013 во 13:56 ---
Енрико пицата не е и ни у топ 3 пици у градот - на стара слава им се цените ....
Не би рекол. Кој тогаш според тебе се топ 3?
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Ова мора да го споделам ! :vozbud:

Бев со пријатели од странство во еден од најпознатите охридски ресторани на ручек.

Порачавме риба. Имаат жива риба во аквариуми, од каде ја вадат и веднаш на пржење.
Е сега, келнерот додека ја вадеше рибата му падна на земја и почна да ја шутира како фудбалска топка кон кујната (изгледа незнаеше дека се се гледа
од нашата маса). 2 пати на полна еднаш со шпиц. Да не реагиравме сигурно шутирана риба ќе јадевме :eek:

Другиот келнер што не служеше имаше 3 заби во уста, облечен во кинески сандали, а ресторанот полн со странци.

Квалитетот на храната да не го спомнувам. Цената многу солена.

Да се немало 5 грама мозок за водење бизнис и ресторан.
 
Во повеќето ресторани низ цел свет е така. Кога ќе снема миени чаши знаеш што се прави? Се користат немиените.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во повеќето ресторани низ цел свет е така. Кога ќе снема миени чаши знаеш што се прави? Се користат немиените.
Со разлика што не ги гледаш, а овде да си ја гледаш рибата како ти ја шутираат :pos:

Еј дечко, за мене една пастрмка земена на шпиц ако може.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Во повеќето ресторани низ цел свет е така. Кога ќе снема миени чаши знаеш што се прави? Се користат немиените.

Ако Балканот е целиот свет тогаш да. Ај да не сум бил во повеќе земји, да не сум прошетал, ќе ти поверував.

Неможе бе келнер во толку скап ресторан ЗАБИ да нема, да биде облечен како бездомник. Шутирање риба не го ни коментирам.
Храната со низок квалитет, а цена многу висока.

Во врвен ресторан се чувствуваш како господин ... овде, веќе од тага 3 дена се смеам
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
Ако Балканот е целиот свет тогаш да. Ај да не сум бил во повеќе земји, да не сум прошетал, ќе ти поверував.

Неможе бе келнер во толку скап ресторан ЗАБИ да нема, да биде облечен како бездомник. Шутирање риба не го ни коментирам.
Храната со низок квалитет, а цена многу висока.

Во врвен ресторан се чувствуваш како господин ... овде, веќе од тага 3 дена се смеам
Кога бев на факултет преку лето се отвори можност да работам во америка во њујорк во еден популарен вегетаријански ресторан. Дечкото што ги миеше чашите беше бавен а имавме многу голема посетеност така да миените чаши брзо ги потрошивме. Требаше да ставам пијалок и гледам нема чаши? Идам кај менаџерот и му викам нема чаши како да го послужам пијалокот? Ми вика не е тоа проблем иди земи од немиените. :eek:
Се случи едаш и вилјушки да ни снема...истото решение (инаку користените ги стававме во кофа во која имаше вода и остатоци од храна, изгледаше како помија).
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.215
Кога бев на факултет преку лето се отвори можност да работам во америка во њујорк во еден популарен вегетаријански ресторан. Дечкото што ги миеше чашите беше бавен а имавме многу голема посетеност така да миените чаши брзо ги потрошивме. Требаше да ставам пијалок и гледам нема чаши? Идам кај менаџерот и му викам нема чаши како да го послужам пијалокот? Ми вика не е тоа проблем иди земи од немиените. :eek:
Се случи едаш и вилјушки да ни снема...истото решение (инаку користените ги стававме во кофа во која имаше вода и остатоци од храна, изгледаше како помија).
Е чим било таму така тогаш оправдано(y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom