Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
ооо пријателе и те како треба да те интересира. Убавината и успешноста на секој бизнис е да си го познаваш муштеријата, а ние сме муштерии кај вас! Е сега ако сакаш пари а ако неќеш Скопјани, епа дај бре излезете мушки и кажете: Скопјанишча вашине пари не ги сакаме!
не би ги сакаат, само работата е што треба да отидеме да им ги оставимепарите и одма назад да си се вратиме :)
 
како сакате бе вие клошари,сакате евтино,сакате плажа,езеро,журки,познанства,ебење на пијано....па да го ебам нема ефтино....

Па еве луѓе велат дека во Струга имало поевтино, а истото езеро е...
 
Тоа ти е....јадам бабури дека нема да одам и ми се треска од глава :facepalm:
Бев викендов во Струга. Кејот на Дрим, кафаните - неам зборови за луѓето - услуга, култура, цени, чистота, храна, наоѓаш паркинг одма.
Кој ѓавол не тераше следната вечер у Охрид да идеме :facepalm:.
Кафаната е на кеј, локација топ-топова. Еден конобар држеше 15 маси, ама како ги држеше!? Пиво чекаш 20мин. Бечка шницла чекаш саат и пол, по претходна „пријателска“ препорака на конобарот дека треба да причекаш пола саат пошо „ти текнало да нарачуваш баш сега кога е гужвата - кој кретен од гостин си (со други зборови)“. После маратонско чекање следува промашена нарачка, бечка шницла без јајце и презла. Се ова развлечено во отприлика 3-4 саати со дупло повисока цена од струшката, со пократко седење и помалку јадење и пиење.

А, забораив и мал детаљ! Дај да им помогнеме на домаќиниве, да пратиме на Харвард некој да пресмета како е можно комбе и автобус да се разминат кај Пештани, а тоа да трае пократко од 2 саати и како да извозиш од Трпејца до градот за помалку од 3 саати.
 
Волку странци во охрид никад неам видено :eek: за август беше препуно.
 
30 кочани да не можи да продај од вечер во Охрид ?! во некое село планинско ќе се дат 30 :facepalm:

Карикирав, ама просекот е тој ако сметаме дека летото сезона фиктивно е 90 дена а фактички е 2 недели.
 
Значи бев во Охрид, почнувајќи од четврток до сабота, а беше планирано до понеделник. "Апартманот" како ти шо го велат, беше КАТАСТРОФА!! Си носевме за јадење бидејки се планираше таму да се готви, ама не испадна така заради што таму немаше буквално НИШТО за готвење(ни тенџерче, ни тавче...) само едно решо и едно мал мијалник кој шо беше поставен на шкафчина кои во секој момент можеа да паднат! Па така планот со готвењето отпадна и моравме да јадеме по ресторани, и испадна дупло поскапо... Од купатилото доаѓаше вода(по туњирање) во собата и се пливаше и ни беше страв да го пуштиме решото да не не ОТЕПА СТРУЈА!! Барем топла вода имаше во секое време... Потоа светилката прегоре, па се беше темница... Од околните ресторани доаѓаа секакви миризби, значи во "апартманот" ТАТНЕШЕ! Погрдо не си имам поминато, Охрид е направен за никаде... Не планирам повеќе да одам по "апартмани"!! Охриѓани не се луѓе за туризам!
па кажи поточно кој апартман е ... за други да не се заебат ...
--- надополнето: 7 август 2013 во 20:28 ---
исто слушнав за висока сметка за пива во еден кафиќ на плоштад издадена на Охриѓани, не на туристи, ама кога ќе ја добијам како доказ дали е вистина ќе ја објавам ... дан испадне шпекулација ...
 
А, забораив и мал детаљ! Дај да им помогнеме на домаќиниве, да пратиме на Харвард некој да пресмета како е можно комбе и автобус да се разминат кај Пештани, а тоа да трае пократко од 2 саати и како да извозиш од Трпејца до градот за помалку од 3 саати.
За ова барај тема Министерство за споменици и разно.





.
 
Среда, 07 Август 2013 12:26

Порталот Лидер минатата недела спроведе анкета на прашањето “Дали би летувале помасовно во Охрид, ако цените се пониски од сегашните“.

ohrid-plaza1-480x351.jpg

Шеесет и осум отсто од учесниците во анкетата, позитивно се изјаснија, односно сметаат дека цените на сместувањето и услугите ќе влијаат врз зголемувањето на бројот на туристи во македонскиот бисер Охрид. Во анкетата, 32 отсто гласале дека цените не се пресудни во изборот на дестинацијата – Охрид, како можност за летување.
Неодамна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на состанокот на Советот на Општината, кој расправаше за можноста угостителите да ги намалат цените на услугите, упати критики токму до угостителите. Тие пак, реагираа со појаснување дека Охрид не е скап и е значително поевтин од останатите познати туристички дестинации во регионот. Реакција дојде и од градските советници, според кои ваквите изјави можат само да и наштетат на – и онака лошата туристичка сезона.
http://www.kurir.mk/republika/opsti...te-ke-letuvaat-vo-Ohrid-ako-cenite-se-namalat
 
Ај бе не тресете зелени, кое туристичко место е поефтино и подостапно од Охрид?
 
Ај бе не тресете зелени, кое туристичко место е поефтино и подостапно од Охрид?



Јас сум половина охриѓанец(по мајка) и имам голема куќа во центарот на Охрид и еве 7-8 години одам во Албанија на одмор бидејќи ми е поевтино.Значи плаќам зелен картон,бензин и смештај,и пак помалку трошам него во Охрид.И за разлика од Охрид таму ич не се секирам каде и како ќе јадам и пијам,бидејќи и во најлуксузниот ресторан нема да најдиш изгор цени.Цените се сегде исти.

Една математика за Охрид:одам на плажа да речиме кон Горица(1,2,3).Тешко без да платиш паркин за кола.Доаѓа пладне треба да се јади нешто.Ако седниш негде во рестораните летна преку илјадарка за тројца(фамилијарен сум).Се одлучувам да се вратам назад дома.Пак бензин.Попладне пак возење кон плажите.Се шверцам за паркинг да речиме.Вкупната сума за бензин и паркинг за еден ден е повеќе од доволна во Албанија да јадиш во ресторан што сакаш.јадењето дома во Охрид во тој случај е плус пари.
ваму ни кола палам ,ни бутур.Апартманите се најмногу 100-150 метри од плажа(јас одма секогаш на околу 70-80- метри од плажа).И да ме мрзи да одам во апартман да јадам,зема гиро за 65 денари,предходно `подмачкано` со еспресо за 22 денари.

По убедување сум патриот,ама стварно немам пари до крај да `јуначам`.Јебига со една плата неможам да бидам голем патриот па да одам во Охрид на одмор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom