Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
супер закончињава......живеам на прометна раскрсница каде редовно се свири од автомобили во доцните ноќни часови - твој предлог како да реагирам кај властите да ги опамети моите сограѓани и освести што посењгнуваат по трубите од колите после 23 часот ?
Сврти 192, 192...192, 192 :D Сообраќајна по-ли-ци-ја :pos:

Епа ете го проблемот со ‘законите‘.20 пати цајканите ти велат ќе дојме или дај не се јавувајте ако не е нешто големо, кражба или убиство?!!?...и после ако им пукнит филмот на домашните и излезат со хебла низ ходник тогаш кривично дело.Страшна работа ни е системов.

Со закониве ме изнасмеа, само уште еден доказ дека системот кај нас едноставно не функционира. Иначе не завземам страни, не сум ни на страна на невоспитаните туристи ниту пак на арогантните домаќини единствено нешто што сметам дека може да се превземе е да се направи реорганизација за да има место и за дивјаците да лудуваат и за домашните да спијат
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
колку само генерализираш ...
зар секаде е вака во грција?

еве пример на некои плажи на крф (за кои се сигурни информации) ...
клима се доплаќа 5 еур од вечер ...
2 лежалки и чадор 10 еур без ништо друго ...
Никаде на Крф нема толку скапи лежалки. Ако имало на само една плажа, тоа не значи дека на целиот остров е така. Крф годинава е зачудувачки евтин...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Она што ми падна во очи додека ги гледам огласите за издавање во Охрид, сигурно и вие сте го приметиле, вели издавам соба на 3 мин од центар или апартмани на 7 мин од центар, студио на 12 мин од плажа куба...Од секогаш сум сакала да ги прашам Охриѓани како ги мерат минутиве? :icon_lol:
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Она што ми падна во очи додека ги гледам огласите за издавање во Охрид, сигурно и вие сте го приметиле, вели издавам соба на 3 мин од центар или апартмани на 7 мин од центар, студио на 12 мин од плажа куба...Од секогаш сум сакала да ги прашам Охриѓани како ги мерат минутиве? :icon_lol:
Со штоперка... А туристот треба кон центарот/плажата да тргне исклучиво со низок старт
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Со штоперка... А туристот треба кон центарот/плажата да тргне исклучиво со низок старт
Многу широко го дефинираат центар. Во секој град центар е плоштадот и од тука се мери далечина. Они под центар подразбираат крајот на пазарот до Хотел Дончо, по цела туристичка, до мини маркет и Гимназија. Може и Биљанини им влегува во центар со последните дефиниции незнам. Фактички цел град им е центар, може и имаат право со минутиве:icon_mrgr:
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Како ми е здосадено од ваквите како тебе . Ако не ти се свиѓа не мора да идеш ! Крај краева имаш ете ''поефтино'' било во грција одете таму .. ке ви залепат една лепенка на регистрацијата и немаш гајле ..или пак ке поминиш како некој други ке ти ја дотераат колата со малце спреј ке ти ја прошараат ! Значи во Охрид нема потреба од вакви како тебе и останатата багра што глуми лудило !
Не се пени полека,неможам да ве читам овде како плукате по туристите,биле копиљана,па не сме морале да одиме,па оди у грчка итн,а кога ке отидеме у Охрид мед од устите ви тече дур да лапнете пари. Фала Богу нема да одам кај вас,има милион места за одење покрај Охрид. И ете ти слика од ориѓанец у грција како развива туризам а превентивно од кршење и фарбање кола сам си залепил налепница.
--- надополнето: 1 август 2012 во 08:44 ---
Смири се малку. Јас искрено пробувам да те сфатам, студенти му галамеле 3 пати неделно па трпел... Па никој бе не ти го бара тоа тебе. Се знае дека до кај 12-1 можеш да галамиш, после стиши музика, прибери се.
Знам дека Охрид се повеќе се преполнува од дечурлана, за жал, и тука голем удел во кривицата имаат самите Охриѓани, ама тоа не е до местото, до луѓето, туку до менталитетот, општо македонскиот.
Мене пред некоја вечер кога седнав на кафе во сметката келнерката имаше напишано 100 денари плус. И не беше охриѓанка, туку скопјанка. Кога и рековме дека има грешка само така се поднасмеа ко ништо да не било.
Тоа е она што повеќето одбивате да го сфатите. Не е до Охриѓани, туку до сите Македонци. Тоа е општиот менталитет.
Ако отвараме тема ние од провинција колку сме биле извисени и изиграни во главниот град барајќи станови, односи со газди и слично, ќе се преполни темата.
Истото е.
Разликата е во два типа на постирачи на темава.
Едните доаѓаат и кажуваат дека кога дошле Охрид не им се свиѓало и кажуваат зошто. После го исклучуваат табот од темава и чао пријатно.
Другите, како тебе, доаѓаат и упорно си ги лечат фрустрациите на темава и притоа вреѓаат. Што е уште потрагично, си ваѓате информации од ракав кои благе везе си немаат.

Мене ако нешто не ми чини, било каде, ќе се изјаснам еднаш дека не ми чини и зошто, не одам до крајности да те потечам со тоа.
Момак,ти у кој тип на постирач спаѓаш?пошто си инвентар у темава. Ако ги следиш постовите ке видиш дека 90% се реплики моите постови а не ко што викаш ти,ако почнам дешавки од Охрид да пишувам ке помине летото. А и темава нема крај зашто од петни жили пробуете да го браните и негирате тоа што е ептен очигледно и го кажува секој,а не поединци.Нема смисла да се збори веќе,ништо нема да се смени,нити вие ке се смените,нити езерото ке се премести у Скопје.Така да уживајте у помаранџите дур можете.Еве зошто е точно името на оваа тема,баш поради такви ко тебе.Размисли.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.490
Пред 5/6 години,

Идеме во Охрид, и доаѓаме во ист ден 3 пара, ние доаѓаме со кола додека 1 пар со автобус.

Доаѓа време за плаќање си идеме..... и газдата што ни ја даде собата ни вика, вие дојдовте на 19 така? а ние уствари дојдовме на 20, му викам не Дедо грешка си, дојдовме на 20, вика а не не, немојте будала да ме правите, стар сум нема смисла...вака да си играте со мене, се натегавме пола саат, за на крај да ми пукне филм да идам и да земам картата од автобусот на едниот пар и му ја покажувам, имаше датум на неа.

Гледа едно 20 секунди, и ми вика, од кај да знам дали оваа карта не е фалсификат? :pos:

Ми пукна филм, ептен се напнав...и му викам, ок наплати за ден плус. Си плативме, и тргнуваме да си идеме, во меѓувреме на врата не начекува, жена му, баба во години, и ни вика....вие ножот го вративте ли? имаше еден пластичен нож, го земавме првиот ден и го изгубивме, обичен нож од оние како на пазар што има, цел комплет што се по 150 денари....ја гледам и викам, не бабо не го најдовме, ама тоа е тоа, се случува, викам во секој случај оставивме пари плус кај дедото....вика...како тоа е тоа? јас ли ќе го плаќам ножот за вас! и викам ок, ќе го платиме и ножот, колку треба? вика 250 денари LOL! абе да ти пукне џигер, од тогаш во Охрид не фала...за однос по кафичи и места за прехрана нема ни да зборам, ужас!
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Сеа ке ти рипнат ориџиве да ти бројат колку пати си се жалел на темава,или да објаснат зашто ножот кошта 250 ден.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Луѓе јас на горе наведениот пост ќе кажам само едно кој ви е крив што не си плаќате професионален смештај туку сакате да се ценкате со пензионери имате на букинг избор колку ви душа сака соби за 1200денари за пар башка со сите салтанати интернет телевизина и оброк,

Јас да сум инспектор сатарот на такви шо издаваат соби и неплаќат данок.

Од Грчка , Охрид е за некои работи поефтин на пример пијалоци и храна .

Е сега стварно не знам за кафичи и дискотеки но во принцип по дискотеки на сумњиви места не одам затоа шо ќе треба да се тепам со некои сељачишта а башка немора кафичите да ги држи Охриѓанец може да е некој друг сељак.

Едно е факт во Охрид мора да се стави ред и веќе овие муабети да не ги правиме океј.секоја година едно те исто.

Дека не е море не е море ,дека е досадно зависи ,дека е мало мало е.

Богати Скопјани испод чест им е да одат во Охрид,богати Охриѓаин не сакаат никој да им дојде , а сиромашни од цела МК одат во Охрид и резултат е сиромашен туризам.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.490
Другар, јас ретко пишувам на вакви теми затоа што обично се базирани на генерализација и преувеличување, тоа го признавам, ама ова е мое лично искуство, иако не ми се веруваше дека таков нешто ќе излезе на крајот сепак се случи.

Е сега за сместувањето, смештајот не го избрав јас него другиот пар, бидејќи не беа баш при пари така да, тоа е тоа.

Е сега од друг аспект, мислам дека дали сум платил за добар смештај или не е ирелеватно кога некој сака да ме краде нели? каква врска има дали отседнувам во вила или просечен смештај, сакаш да ми кажеш дека тоа го оправдува чинот? не другар не е коректно да гледаш така на работата, не си објективен.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Другар, јас ретко пишувам на вакви теми затоа што обично се базирани на генерализација и преувеличување, тоа го признавам, ама ова е мое лично искуство, и иако не ми се веруваш дека таков нешто ќе излезе на крајот сепак се случи.

Е сега за смештајот, смештајот не го избрав јас него другиот пар, бидејќи не беа баш при пари така да, тоа е тоа.

Е сега од друг аспект, мислам дека дали сум платил за добар смештај или не е ирелеватно кога некој сака да ме краде нели? каква врска има дали отседнувам во вила или просечен смештај, сакаш да ми кажеш дека тоа го оправдува чинот? не другар не е коректно да гледаш така на работата, не си објективен.
Се е океј ама не е исто некој да плаќа лиценца за работа да инвестира во туризам и да нуди квалитет башка и данок а некој друг да се заебава со туристи затоа што е стар и чека од вас да заработи некое лепче плус а нуди катастрофални услуги.

А да знаеш сте можеле да го тужите па ќе видиш другата година како ќе биде фин.

Во Грција барем тоа го има тамо прописно се почитуваат законите кога е во прашање смештај .

Туризмот е бизнис исто како секоја друга работа и крај.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
...имате на букинг избор колку ви душа сака соби за 1200денари за пар башка со сите салтанати интернет телевизина и оброк...
1200 за пар?!?! хехеееее, еве ме во Струга во центар УЖИВАМ за 600 денари соба со сите метании, прекрасно сместување, нова куќа, нови соби, интернет, тв, сеа си пијам кафе и си уживам на големка тераса, 1200 ќе сум давал во охрид, абе како Струга НЕМА ДРУГА, и само се мислам, која будала ви иде во Орида:pos:
одиме сеа на кеј да апниме нешто по нормални цени:)
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
1200 за пар?!?! хехеееее, еве ме во Струга во центар УЖИВАМ за 600 денари соба со сите метании, прекрасно сместување, нова куќа, нови соби, интернет, тв, сеа си пијам кафе и си уживам на големка тераса, 1200 ќе сум давал во охрид, абе како Струга НЕМА ДРУГА, и само се мислам, која будала ви иде во Орида:pos:
одиме сеа на кеј да апниме нешто по нормални цени:)

Дај прати ПП просветли ме .........................да видам и јас некој аир од форумо.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Не можам да поверувам колку некои луѓе размислуваат плитко.

Во светот, проточните езера , како Охридското, се многу поексклузивни места за одмор, отколку било кое приморско место. Проточното езеро КОМО во Италија е најлукузното место за одмор во Италија, каде одмара целиот џет сет и имаат свои вили. А Комо е дупло помало од охридското езеро и далеку поладно.

Охрид е на 700 метри надморска висина и не само што сме на чисто проточно езеро со прва класа вода, туку сме и на планина, во воздушна бања. Да се наоѓаш на езеро и на планина од 700 метри е Божи дар, меѓутоа пропагандата против домашниот туризам секогаш била многу јака.

Морето има други предности како соленоста/јодот и потоплата клима, а жештините во екот на сезоната се истоштување за секого.

А за смештајот во Охрид, се знае дека кој сака добро сместување, треба да оди кај професионалци. Се наоѓаат двособни станови и гарсоњери, топ опремени,, без газди за цена од 1000-1200 денари дневно за цел стан. Е сега не може некој што сака да летува за 250 денари да бара комоција како што во Грција ја добива за 3000 денари (50 евра) дневно.
И Охрид и Струга се далеку поевтини и во храна и по ресторанти/кафулиња од Грција или Црна Гора,. Во старт цените на храната во Грција се поголеми за 30% и повеќе.

Уште демек Охриѓани биле негостуљубиви, а Грците кои ги кршат основните човекови права на Македонците биле гостопримливи. Ама од пропагандисти, се` и сешто се слуша, па и вакви нелогични работи.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961

И сега ке почнат да ти кажуваат дека ова не е точно дека е скапо 1200 денари за апартман за 2 особи дека во Грција било ефтино ... а таму едно шише вода од 1/2 л го плаќаат 2е а во охрид барем има најчиста вода за пиење и не мора да купуваат вода од продавниците !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom