- Член од
- 11 февруари 2009
- Мислења
- 1.072
- Поени од реакции
- 1.144
Налетав на еден текст поврзан со туристичката сезона во Охрид од кој се гледа како и каде угостителите ја гледаат вината за се помал број туристи.
--- надополнето: 10 август 2013 во 11:56 ---
Според горенапишаното испаѓа дека хотелиерите и приватните сместувачи очекуваат бројот на туристи да се зголемува исклучиво преку субвенционирање и интервенција на државата за да не мораат да ги намалуваат цените на нивните услуги или пак да воведат некои новини и поволности во нивното работење.
Ако вака продолжат со вакво еднолично размислување дека целата вина е исклучиво кај другите во иднина лошо му се пишува на Охрид како туристички град![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
Целата анализа може да ја прочитате тука“Генерално, на Охридското и Струшкото крајбрежје годинава има помалку домашни туристи и туристи од балканските земји во споредба со лани. Но она што загрижува е помалиот број на туристи и од земјите на Бенелукс. Сите што направивме договор со туристите што доаѓаат од земјите на Бенелукс годинава ќе бидеме во рамките на она што е договорено односно закупено. Но лани, на пример, резултатите беа подобри, односно имаше натфрлување од 20% до 25 % над она што беше загарантирано како престој. “ – објаснува за “Фактор“ Дончо Таневски, прв човек на здружението ХОТАМ.
...
“Според мене, има две клучни причини поради кои ги губиме туристите од Балканот. Прво, лошо ги обработивме саемските манифестации за туризам во Бугарија и во Србија, на кои се дава можност за директни контакти меѓу агенциите. Втората причина е инфрастуруктурата, односно лошата патна мрежа. На пример од Врање до Касандра во Грција, ќе ви треба помалку време отколку од Врање до Охрид, токму поради лошата патна мрежа“ – вели Таневски од ХОТАМ.
...
“Точно е дека имаше примери кога концесионери наплаќаа повисоки цени за лежалки и дополнително за пијалоци, но од минатата недела овие неправилности се корегирани“ – тврди првиот човек на ХОТАМ Дончо Таневски и додава дека Охрид сепак нуди услуга за сечиј џеб.
...
Клучната причина за намалување на бројот на туристи според Таневски не се “солените“ цени туку ненавремната исплата на субвенциите од страна на државата.
“Лани субвенциите не беа исплатени во предвидениот рок, односно според мене, требаше да се изработат барем решенијата за исплата на субвенции до крајот на годината, што ќе беше доволно за да се договорат нови туристи за новата сезона“ – вели Таневски.
--- надополнето: 10 август 2013 во 11:56 ---
Според горенапишаното испаѓа дека хотелиерите и приватните сместувачи очекуваат бројот на туристи да се зголемува исклучиво преку субвенционирање и интервенција на државата за да не мораат да ги намалуваат цените на нивните услуги или пак да воведат некои новини и поволности во нивното работење.
Ако вака продолжат со вакво еднолично размислување дека целата вина е исклучиво кај другите во иднина лошо му се пишува на Охрид како туристички град
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)