- Член од
- 20 декември 2008
- Мислења
- 1.193
- Поени од реакции
- 75
Во почетокот на октомври 1891 г. за прв пат почнал јавно да ја критикува Егзархијата. Знаејќи дека ниту Патријаршијата, ниту Егзархијата нема да се согласат со возобновување на Охрид како архиепископски центар на одделна црква, митрополитот Теодосиј се обидел да се договори со папскиот нунциј во Цариград за покровителствто на Римокатоличката црква над евентуално обновената Охридска архиепископија. При тоа поставил шест услови:
" 1. Да се обнови стародревната Охридска архиепископија, која ќе биде во канонско единство со Римокатоличката црква, со непосреден благослов на светиот отец Папата.
2. На чело на обновената Охридска архиепископија ќе бидам јас како автокефален поглавар на црквата.
3. Другите луѓе од високиот клер (епископите, свештеномонасите, и мирските свештеници) да бидат родум Македонци и назначувани од архиепископот, а епископите можат само да бидат потврдувани од вашата светост.
4. Границите на Архиепископијата да се поклопуваат со границите на Македонија, а поделбата на епархиите да се задржи сегашната.
5. Старите унијати од Кукушко-полјанската и Струмичката епархија да се изделат од јуриздикција на унијатскиот архиепископ во Цариград, Н. Б. Нил Изворов и да се приклучат како епархии кон Охридската архиепископија.
6. Католички мисионери, со исклучок на затекнатите во просветно добротворните институции во Македонија, да не се доведуваат нови, а затечените да не се мешаат во внатрешниот црковнопросветен живот на Архиепископијата. ..."
На 4 декември истата 1891 г. Теодосиј му напишал писмо на папата Лав ХIII, во кое го моли Светиот отец од свое и од името на целата православна паства во Македонија:
„да нe прими под крилото на Римокатоличката црква, откако ќе ја обновиме стародревната Охридска архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа III во 1767 г. “
На сила е одведен во Цариград, каде што во јануари 1892 од страна на Егзархијата бил обвинет меѓу другото и за „создавање на народност што не постоела во историјата“.
Во март 1892 г. му била одземена титулата „Скопски митрополит“.