Но, бугарската историографија Рим го преведува со
Византија, иако Рим значи Рим, а Византија се викала Романија (на
грчки) или Грција (на
латински). Создавањето на посебна црква во Македонија е најголем доказ за постоење на ново
царство, на нова држава. Во исто време постојат две цркви, македонска и бугарска, со два посебни патријарси. Два народа имаат две посебни цркви. Македонскиот патријарх во 998 г. е
г.г. Герман , а на бугарскиот патријаршки преславски трон седи
г.г. Глигориј. Под
јурисдикција на охридската патријаршија се наоѓаат и делови од Бугарија, т.е.
шопскиот словенски крај и
смолјанскиот. Во сеуште непознат временски период, Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија и ја сведува на ниво на митрополија Бугарија[
се бара извор], па патријархот г.г. Глигориј се упокојува во
1016 година како „Митрополит Бугарски“
(Православен Календар на БПЦ), и како таков се слави од
БПЦ (види
православен календар на Бугарската Православна Црква). По укинувањето на преславската патријаршија, охридската патријаршија својата јурисдикција ја распостила врз сите освоени територии на средновековната македонска држава,
Малта и се до
Сицилија.
По пропаста на средновековната македонска држава,
Василиј Втори, ја инкорпорира Македонија во византиската
империја, ги руши световните и духовните
обележја на средновековната македонска држава за народот да не се сеќава на славните времиња и затоа Македонија ја нарекува
тема Бугарија, заедно со
Србија,
Албанија,
Црна Гора,
Панонија, се до
Срем. Охридската патријаршија не ја уништува, туку и го намалува ранкот на автокефална oхридска aрхиепископија и
дијацезата и ја намалува само на териториите од византиската тема Бугарија. Така, oхридската aрхиепископија станува главна црковна организација на „цела тема Бугарија“, односно на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Од тогаш, охридскиот архиепископ се титулирал како архиепископ на цела византиска тема Бугарија, со епархии во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.
Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за „ЦЕЛА БУГАРИЈА“; но, под „ЦЕЛА БУГАРИЈА“ се подразбираше целата воедно-административна област на Византија- темата Бугарија , која не ја опфаќаше денешна Бугарија-
Добруџа (византиска тема
Паристрион,
Мезија) и
Тракија (византиска тема Македонија), кои тогаш беа потчинети на
Цариградската Патријаршија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простираше во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња
Торлаци и
Шопи до градот
Видин, што представува десет отсто од територијата на цела
Бугарија. Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на
Василиј II, каде зборува за "бугарскиот народ" и епархиите на "цела Бугарија" која се простира од
Срем, цела
Србија, Косови делови од
БиХ и
Албанија,
Црна Гора, чистословенските област на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од
Македонија . Од таму многу јасно се гледа дека под цела Бугарија се подразбира само византиската тема Бугарија, а бугарскиот народ е словенскиот народ од Србија, Македонија, Црна Гора и денешен Срем.
Поновата теорија за постанокот на Охридската архиепископија тврди дека таа е идентична со поранешната
Архиепископија на Јустинијана Прима која била основана од
Јустинијан I во 535 година, во неговото родно место. Оваа теорија се задржала доста долго време, поточно се до укинувањето на Охридската архиепископија (1767).
Во XIII век се појавила една сосема нова теорија за името и за правната положба на Охридската архиепскопија според која Архиепископијата е исто што и некогашната
Архиепископија на Јустинијана Прима, па затоа и привилегиите издадени од
цар Јустинијан во 11 и 131 новела на
Архиепископијата на Јустинијана Прима важат и за Охридската архиепископија. Оттогаш и меѓу византиските историчари од тоа време се формира мислењето дека потеклото на Охридската архиепископија се основа на 11 и 131 јустинијанова новела. Според Цахарие оваа теорија ја измислил некој клирик од Охридската архиепископија. Х. Гелцер изнел свое мислење, според него, таа се појавила некаде во средината на XII-век, во времето на охридскиот архиепископ
Јован Комнен. До таков заклучок дошол бидејќи
Јован Комнен е прв од охридските архиепископи кој се потпишувал со титулата Архиепископ на Јустинијана Прима. Веќе 1157 година постои негов потпис.
Б.Проќиќ истакнува дека се наоѓа и еден податок во кој се зборува за новата теорија, во која се вели дека по освоувањето на Охридското царство во 1018 година царот
Василие II Oхридската архиепископија ја утврдил како автокефална, бидејќи од уредбите, т.е. од 11 и 131 новела на
цар Јустинијан I, дознал дека Охридската архиепископија е исто што и
Архиепископијата на Јустинијана Прима. Иако поновата теорија била измислена да се прикаже високото византиско потекло на Охридската архиепискпија сепак нејзините архиепископи никако не сакале да се подложат под јурисдикција на вселенскиот патријарх во
Цариград, туку жестоко ја бранеле автокефалноста на Архиепископијата. Покрај тоа, тие нагласувале дека Охридската архиепископија ја издигнал на степен самостојна и независна црква
Јустинијан I и тоа од римскиот папа, под чија јурисдикција била се до 535 година.