Охридската Архиепископија го ширела Македонското име

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Охридската Архиепископија го шири македонското име

Поданиците на Охридската Архиепископија ја сметале и чувствувале како Македонска Црква и таа го ширела македонското име. Така, до 17 век, во сите територии кои биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија е присутно македонското име, а тие територии биле нарекувани од нивните жители ПРЕДЕЛИ МАКЕДОНСКИ. Пеќчата патријаршија била подредена на Охрид и за секоја своја одлука морала да добие Амин од Охридскиот Архиепископ.

"Зборник" на Божидар Вуковиќ, подгоричанин од пределите македонски ( XVI век).

Првиот српско-црногорски печатар од почетокот на 16 век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски „грешни Божидар Вуковић, отачаством от Диоклитије јеже јест ва пределех мађедонских“ (Beograd, Arhiv Sanu, inv. br. 163, (Oktoih petoglasnik, Venecija, 1536, završeno 27. jula 1537. g. - Pogovor na l. 158`. ZIN I 486, Beograd. Narodna biblioteka Srbije, I 7, (Praznični minej, Venecija, 11. juna 1536 - 19. januara 1538. g.- Pogovor na l. 432 - 433`. ZIN I 494.). Но, не само Божидар Вуковиќ, туку и многу писатели од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација, во периодот по душановото царство, своите земји ги сметаат за делови на Македонија.

Книга од 1563 г. од градот Скадар (Шкодара-Албанија) од ПРЕДЕЛИТЕ МАКЕДОНСКИ:

Од кавадаречкиот првенец, г-н Васил Несторов, во 1916 г. бугарската окупациона армија одзела старопечатен "Тримесник", печатан во Шкодра-Скадар од некој г. Стефан, со следнава содржина: „ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., пределите македонски, во родниот град Скадар...“ (ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58).

И учените од шопскиот крај на денешна Бугарија, ја сметале својата татковина како дел од Македонија. Во 16 век се познати двајца учени шопи Јаков Крајков „от пределех македонских“ и Јаков „от Македоние“.

Првиот, на еден печатен псалтир запишал: „Аз Јаков от пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син... И аште кому која потреба, в’схоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна.“

Вториот, во 1566 г. поговор на печатен псалтир запишал: „Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил. - Забелешка на Скаловска.], от места нарицаема Камена Река“. (Радмила Угриновска - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 87-88)
Првиот познат македонски книжар е Кара Трифун. Тој во Скопје во втората половина на 16-ти век во неговата „словенска книжарница“ (така стои во старите книги) ги продавал венецијанските изданија на Јаков Крајков, на Ј.Загуровиќ и други црковни книги.



Страница од „Часловот“ на Јаков Крајков, „от пределех македонских, од места зовом Софија“.

Според Скаловска: „Јаков, Крајков син од Софија и Јаков од Камена Река, село под Осоговската планина се печатарски трудбеници кои работеле во една од најстарите јужнословенски печатници на Божидар Вуковиќ во втората половина на 16 век.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
274
Поени од реакции
0
Бај Тоше, праиш неверојатни компилации од изолирани факти за да градиш налудничавите си теории. Видим што веке си пуснал в работа податокот дека ти дадох (докладот на Ст. Л. Костов - военен етнограф). Само што и този податок си го изкривил. Еве как е во оригинал:

7. У кавадарскија п'рвенец дјадо хаджи Васил Несторов има един старопечатен "Тримесник", печатан в Шкодра от Стефан с'с следната бележка в краја на книгата:



С'штијат има празничен обшт минеј, р'кописен, ср'бска редакција.

И двете книги лично ште занесе в Софија и подари на Народната библиотека.
http://www.promacedonia.org/bugarash/etnograph/etnograph.html
----
Па ти тврдиш што "Од кавадаречкиот првенец, г-н Васил Несторов, во 1916 г. бугарската окупациона армија одзела старопечатен "Тримесник"". Ами не го е отзела од г-н Несторов - тој сам е кажал што ке оди во Софија да го подари "Тримесечникот" на Народната библиотека.
----
П. П.: какво означават думите "пределех (странах) македонских" според тебе? Зошто Софија е во пределех македонских?
И што сичко ова има нешто општо со ОА?
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Софија е во географска Мизија, во етничките Македонски предели, страни :smir::helou::helou:

А ако му верувам на бугарскиот пропагатор бугараш шо објавил книга на негов колега, тешко мене. Тогаш ќе поверував дека и Ванчо Михајлов било антикомунист, ама уствари бил бугаро-комунистички платеник.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не бе бан, смешен е.
 
Член од
13 март 2007
Мислења
41
Поени од реакции
2
МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!!!
БИДЕТЕ ГОРДИ НА ТОА ШТО СТЕ И ОД КАДЕ СТЕ. НАШАТА ДРЖАВА И ИДЕНТИТЕТ СЕ ЗАПИШАНИ ВО КНИГАТА НАД КНИГИТЕ.


+СВЕТОТО ПИСМО

И ТОА 33 ПАТИ.

+СВ.АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО СВОЕТО ПОСЛАНИЕ НЕ ВЕЛИ НЕКОЈ СИ ХРИСТИЈАНИН ОД МАКЕДОНИЈА, АМИ МУ СЕ ЈАВИЛ

"МАКЕДОНЕЦ ОД МАКЕДОНИЈА".

АКО САКАТЕ ВИДЕТЕ, НАЈДЕТЕ ГО СВЕТОТО ПИСМО И НА БУГАРСКИ,ГРЧКИ,АРАПСКИ, ЈАПОНСКИ, РУСКИ....
ЌЕ ВИДЕТЕ ДЕКА ПИШУВА:

" МАКЕДОНЕЦ ОД МАКЕДОНИЈА".

ЗНАЧИ ГО КАЖУВА И НЕГОВИОТ ИДЕНТИТЕТ.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
111
Поени од реакции
0
Garfield напиша:
Не бе бан, смешен е.
е(Ето ти оште нешто да се посмееш тогава...."Спомнјај си пастирју на б'лгарите в молитвите за император Андроник Палеолог..." това познато ли ти е отнјак'де...? ште ти припомнја това е натпис извезан на плаштеницата на охридскија архиепископ.../е от това по-големо ширене на македонското име-здраве му кажи....когато говорјат фактите и боговете м'лчат....
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
predatory напиша:
е(Ето ти оште нешто да се посмееш тогава...."Спомнјај си пастирју на б'лгарите в молитвите за император Андроник Палеолог..." това познато ли ти е отнјак'де...? ште ти припомнја това е натпис извезан на плаштеницата на охридскија архиепископ.../е от това по-големо ширене на македонското име-здраве му кажи....когато говорјат фактите и боговете м'лчат....
Koja katastrofa se potatarenive! :toe: Ne treba da ti se smee, tuku treba da plache!

Prvo, tochniot tekst (podaren na Ohridskiot Arhiepiskop) glasi: "Pastiru na bugarite, pri prinesuvanjeto zhrtvi spomeni si za vladetelot Andronik Paleolog."

Vtoro, tekstot e napishan na grchki vo koj jasno se znae srednovekovnoto vizantisko znachenje na zborot "bugari"/vulgaroi (= prost, nerafiniran narod i chlen na vizantiskata vojno-administrativnata tema "Bugarija") od vizantiskiot imperator Andronik II Paleolog.

Od nego kako klenovi izveduvate zakluchok deka se rabotelo za etnichki Bugari. I taka celata drzhava vi se pravi luda, cela Bugarska Akademija na Naukite, itn, tropate gluposti i nikomu valkno ne mu fali. ...

Antigon: kje te zamolam da ne "vikash" t.e izberi pomal/normalen font.
 
Член од
10 април 2007
Мислења
25
Поени од реакции
0
Misirkov напиша:
Koja katastrofa se potatarenive! :toe: Ne treba da ti se smee, tuku treba da plache!

Prvo, tochniot tekst (podaren na Ohridskiot Arhiepiskop) glasi: "Pastiru na bugarite, pri prinesuvanjeto zhrtvi spomeni si za vladetelot Andronik Paleolog."

Vtoro, tekstot e napishan na grchki vo koj jasno se znae srednovekovnoto vizantisko znachenje na zborot "bugari"/vulgaroi (= prost, nerafiniran narod i chlen na vizantiskata vojno-administrativnata tema "Bugarija") od vizantiskiot imperator Andronik II Paleolog.

Od nego kako klenovi izveduvate zakluchok deka se rabotelo za etnichki Bugari. I taka celata drzhava vi se pravi luda, cela Bugarska Akademija na Naukite, itn, tropate gluposti i nikomu valkno ne mu fali. ...

Antigon: kje te zamolam da ne "vikash" t.e izberi pomal/normalen font.
bre...znachi ohdrihskiot arhiepiskop bil pastir na prostiot, nerafiniran narod demek na prostacite...a temata Bugarija imala chlenovi
a koj bil arhiepiskop na Makedoncite od temata Bugarija ?

tova e prostashtina, Misirka...Bugari znachi Bugari vo etnichski smisal...Makedonci kako poseben narod togash nemalo, a temata Bugarija bila narechena taka zoshto nejzinite zhiteli bili etnichki Bugari-Sloveni...vizazntisjkite temi imali zhiteli, a ne chlenovi...kako mozhe da iztresesh takva divotija
Po toa vreme prabugarite na Asparuh i Kuber sa slovenizirani.
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
183
Поени од реакции
0
Misirkov ... zborot vulgar e od latinskiot zbor VULGUS. Voulgaroi (Bugari na grcki) nema nisto opsto so VULGAR. Zborot vulgar i vulgus se koristeli mnogu pred vremeto koga bugarite doagat vo Evropa.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Interesno...



Библија од 17 век ќе остане во културното наследство

За да не падне кај шверцери огласената Библија, „Дневник“ ќе ја откупи и ќе ја донира во НУБ „Св. Климент Охридски“, каде што ќе биде изложена за посетителите


Библија од 17 век, печатена на старословенски јазик во Москва, на 3.000 страници, тешка седум килограми, со дрвени корици обложени во кожа, деновиве беше огласена за продажба. Три века таа е сопственост на македонско семејство од Кочанско, но сиромаштијата го натерала да се одвојат од Библијата што се пренесувала од колено на колено. На огласот се јавиле домашни и странски дилери на културно богатство. Експертите оценија дека Библијата е ретка и вредна. За, евентуално, да не падне во раце на шверцери со стари дела, кои се обидуваат богатството илегално да го изнесат од земјата, „Дневник“ ќе ја откупи Библијата и ќе ја подари на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“.

Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, е задоволен што светата книга ќе заврши на вистинско место.

- Сите стари пишувани документи и предмети што постојат на територијата на земјата, се значајни за нашата култура и писменост. „Дневник“ со оваа акција повторно покажа дека има современо сфаќање дека културното наследство треба да се зачува. Благодарение на тоа, наместо Библијата да заскита надвор од земјата, таа ќе остане во НУБ, каде што ќе биде зачувана како дел од човековата духовна историја - рече Кузман.

Експерти од Универзитетската библиотека веќе ја прегледаа книгата и се согласија дека таа е вистинско богатство и не смее да се дозволи да биде изнесена во странство.

- Ова е благородна акција, голем чекор со кој ќе заштитиме уште еден вреден белег и сведок за развојот на словенската, македонската и за светската култура и историја. Потег што треба да го следат и другите. Во нашата библиотека имаме 4 милиони книги, кои се чуваат на строго контролирана температура, влажност што им одговара на книгите и заштитени од пожари. Апелираме и до сите тие што имаат стари и ретки книги, да ги дадат на чување во Универзитетска, зашто тука постојат потребните услови со кои ќе биде спречено уништувањето на тие вредни дела - рече директорот на Универзитетската библиотека, Борко Зафировски.

Сопствениците на Библијата рекоа дека големата сиромаштија во која живеат ги натерала да го стават на оглас тоа што им е свето.

- Некој од нашите предци ја донел од Москва, дедо му му ја предал книгата на татко ми, а тој мене. Никогаш не би се одвоиле од неа, си ја сакаме верата, но за да преживееме мора да ја продадеме. Имаме дете што сакаме да го пратиме на факултет, а за тоа треба многу пари. Знаеме дека книгата е незаменливо богатство, но што да правиме кога за никој од семејството нема работа. Да не беше сиромаштијата, никогаш немаше да се одлучиме да ја продаваме - велат сопствениците, кои дома имаат направено и мал олтар со икони што сами ги изработиле.

Во големата Библија се печатени сите текстови од Стариот и од Новиот завет. На корицата со вдлабнати букви од старословенското писмо се изрезбани црковни зборови, а на првите страници се поместени и слики од Русија од 17 век. Како и во повеќето стари црковни книги, пред страниците со библиски текстови има текст во кој стои името на објавувачот на Библијата, како и годината кога таа била отпечатена - 1684 година.

Најстариот ракопис е од 13 век

Старословенски ракопис што датира од 13 век е најстар пишан документ што постои во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Текстот потекнува од средновековниот книжевен период наречен Посен Триод. Артефактот се чува во посебни простории во кои влажноста на воздухот и светлината се регулираат за да се спречи уништување на старата хартија.

Најстар документ е „Осмогласник“, отпечатен во 1493 година. Спаѓа во таканаречените книги енкунабула. Тоа е светски прифатен термин со кој се именуваат сите книги печатени пред 1500 година.

Тоше Огњанов


 
A

anaveno

Гостин
Охридската Архиепископија го шири македонското име
Поданиците на Охридската.......... ја сметале и чувствувале како Македонска Црква и таа го ширела македонското име. Така, до 17 век, "Зборник" на Божидар Вуковиќ, подгоричанин од пределите македонски ( XVI век).
Така авториве:

17) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 379; За Јустинијанови права Охридска архиепископија, или за црковна независимост и самостолтелнос на охридско-бглгарско свјашченоначалие, Цариград 1873, стр. 52—53.

18) С. Димевски, Македонските општествено-културни текови во феудализмот, Скопје 1981, стр. 230.

19) За Јустинијанови права Охридска архиепископија, или за црковна независимост и самостолтелност на охридско-блгарско свјашченоначалие, Цариград 1873, стр. 50—52.

20) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 379

21) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 380; С. Димевски, цитирано дело, стр. 230

22) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 380; С. Димевски, цитир. дело, стр. 231

23) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 381; С. Димевски, цитир. дело, стр. 231

24) Ив. Снегаров, цитир. дело, стр. 382; С. Димевски, цитир. дело, стр. 231

.......пишуваат за ОХРИДСКИ ПАТРИЈАРСИ за времето пред Божидара и за времето после него. Така пишува и наш професор од богословија во својата книга за историјата на МПЦ, ОХРИДСКИ ПАТРИЈАРСИ, а за Чудо Божје, црквата си ја титулира како Архиепископија. Очигледно, испрани мозоци има насекаде...

А има и ќорави:

во охридскиот турски суд има(ло)? документ датиран со турска 937 година (наша 1548 ), чиј оригинал сега се чува во Светогорскиот манастир Зограф, во кој Охридскиот Поглавар се нарекува патријарх, а тоа е уште пред Пајсиј да се нарече патријарх....ете ОХРИДСКИ ПАТРИЈАРСИ.

цитирано од:

За Јустинијанови права Охридска архиепископија, или за црковна независимост и самостолтелност на охридско-блгарско свјашченоначалие, Цариград 1873, стр. 50—52.

...блгари....


Р.Ѕ. утнат е насловот на темата. Требало ПАТРИЈАРШИЈА...
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Охридската архиепископија го ширела македонското име, била заштитник на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и уметност. Таа била единствен заштитник на верата за врето додека владееле Османслиите. На 16 јануари 1767 година е укината Архиепископијата и таа паѓа под власт на Цариградската патријаршија која пак ја препушта во рацете на Грчките фанатизирани свештеници и владици кои имале за цела да го еленизираат македонското население со што и ќе го избришат македонскиот идентитет. Но тоа не им успева бидејќи во тој период започнува македонската преродба со отварањето ан првото народно училиште на Џинот, првата печатница на Синаитски (за тоа предавав во школо :))), првите дела на македонски говорен јазик на Пејчиновиќ, Крчовски, па и делата на Миладиновци, цепенков и многу други ....). Тие успеваат да го потиснат грчкото влијание врз верата на македонците и на тој начин тие го овозможуваат идното возобновување на македонката црква, што значи дека покрај неа, од големо значење за зачувување на сето она што е македоснко и на македонците имаат и македонските интелектуалци и преродбеници:star:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Софија е во географска Мизија, во етничките Македонски предели, страни :smir::helou::helou:

А ако му верувам на бугарскиот пропагатор бугараш шо објавил книга на негов колега, тешко мене. Тогаш ќе поверував дека и Ванчето било антикомуниста, ама уствари бил балгаро-комунистически платеник.
Това дека Софиja е во Мизиja е можно малце да се поспори.
Чул си за Шоплука?
Па еве едно много важно нешто от Охридската архиепископиja-митрата

Само скапоцените камани чинат 500 000 евро,изработена e во Венециja
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
ИСТОРИЧАРОТ ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ

Руската црква го скрила Ирадето на султанот

НОВИ МОМЕНТИ ОКОЛУ ПРИЗНАВАЊЕТО НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА - ПРОФЕСОРОТ ПО ВОЕНА ИСТОРИЈА, ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ ТВРДИ:

ВО 1870 ГОДИНА ТУРСКИОТ СУЛТАН ДОНЕЛ ИРАДЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА, НО ОВОЈ ДОКУМЕНТ БИЛ СТОПИРАН ПОД ПРИТИСОК НА РУСКАТА ЦРКВА, ВЕЛИ ВОЕНИОТ ИСТОРИЧАР ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ

Нема потреба Македонија да бара поништување на документот со кој турскиот султан во 1767 година го укинал постоењето на Охридската архиепископија, бидејќи 103 години подоцна еден од неговите наследници донел Ираде( султанов указ) за враќање на автокефалноста на македонската црква. Но, тоа било стопирано со интервенција на Руската православна црква, тврди Ванче Стојчев, професор по воена историја. Ваквите информации тој ги добил лично од заменик-началникот на турскиот воен архив, Аднан Акташ, при неговата посета на Македонија пред неколку години, кога беше вратено историското црешово топче во Крушево. Турскиот полковник Акташ му укажал на Стојчев и на фактот дека во истата, 1870 година султанот донел Ираде за признавање и на Бугарската црква, која оттогаш постои како автокефална. "Колегата Акташ, кој потекнува од кавадаречкиот крај изрази желба да помогне во исправањето на историската неправда. Јас им го соопштив овој предлог на дел од нашите владици на еден симпозиум, но тие тогаш не реагираа, вели Стојчев. На неодамнешниот црковно-народен Собор на МПЦ во Струга делегатите донесоа заклучок со кој побараа од државата да иницира турската Влада да го поништи документот со кој отоманската власт, во 1767 година ја укинал Охридската архиепископија. На Соборот, сепак, не бил споменат предлогот на професорот Стојчев. "Не знаеме за таков документ, но професорот Стојчев е историчар и може да знае повеќе од нас. Во секој случај треба да се провери и ако е точно тоа би бил одличен податок, што ќе може да се искористи за потврдување на нашата вистина, вели митрополитот Петар.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Хе,хе Русија викате а, православните "браќа"..... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom