22-годишниот напаѓач Џордан Ларсон (инаку син на Хенрик Ларсон) од Норкопинг во Спартак Москва за 4 мил.евра
Централниот дефанзивец Адам Вебстер од Бристол Сити во Брајтон за скоро 22 мил.евра
20- годишниот Бруно Жордао како и 19-годишниот Педро Нето (и двајцата од Лацио) се преселија во Вулвс. За Жордао платиле 9 мил.евра, а за Педро Нето 18 мил.евра
Левиот одбранбен бек Јетро Вилемс, кој не успеа да се вклопи во Ајнтрахт Франкфурт, ќе игра како позајмен во Њукасл Јунајтед
22-годишниот офанзивец Алан Сент Максиман од Ница се пресели во Њукасл Јунајтед за 18 мил.евра
Жан Филип Гбаман од Мајнц во Евертон за 25 мил.евра како замена за Гаје кој се пресели во ПСЖ