Отровни стрели на Груевски кон НАТО

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Заради тоа, испаѓање „политички коректни“ ние го јадеме измиативе години.

али Грујо и компанија чекаа да им го спопикаат па после да излегуваат со вакви изјави... или може сакаа да така да испадне па да мачкаат очи.
Сето кажано е вистина и сите тоа го знаеме уште одамна, добро е барем што е искрен кон народот !
Сите знаевме дека овој самит ќе биде статус-кво т.е. нема да има ништо ново, освен тапшање по рамо секако !
Грото од нас се за влез во НАТО и јас сум за влез во НАТО, повеќето сме, меѓутоа чим сакаш да влезеш во некое друштво, се трудиш и ги исполнуваш условите за тоа, а сепак не те сакаат и те шуткаат со години, што треба да правиш ........... ? ................ или и понатака да се лажеш самиот себеси дека некогаш (ќе?)биде, или пак ќе си бараш друго чаре во други сојузи со други светски моќници, трето нема !
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Без разлика дали е коректно или не ваква изјава од Премиер - факт е дека тоа е вистината колку и ние да се лажеме себеси дека не е така.
И веќе време беше да се каже јавно и од политичкиот врв. Кога не не сакаат , не не сакаат ... што повеќе...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Изјавата на Груевски не е политички коректна, абе ајде. А политички коретно е тоа што го прави нивното милениче Грција ? правно е коректно да не се почитува пресудата на Меѓународниот Суд на Правдата ? Многу добро интервју, јасен и цврст став. Доста беше молење и коленичење.

Не за агресорот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
Не треба.Но дали со ваква изјава Премиерот можеби најавува промена на курсот на надворешната политика и барање нови сојузници,што е за поздравЈас не се разбирам во политика,но сепак таму има некои правила на однесување,тука спаѓаат и дадените изјави.Поентата е дали е правилно да се даде ваква децидна и недвосмислена изјава или да се игра политички,во стилот-Да ние Македонија едвај чекаме да влеземе во НАТО зашто НАТО се супер-а од страна да бараме некој друга алтернатива.Не за џабе викаат политиката е курва:)
Изјавата е внатреполитичка, но во никој случај неможе да се каже дека нема да има одзив кон надвор. Први реакции ќе дојдат од Албанските политичари во Македонија, па можеби Албанија и Косово. Следни ќе бидат Бугарија и Грција и на крај западните земји. Но никој од нив не може да замери на овој став. Пошто со таквиот став на НАТО и ЕУ се против декларираната определба и заложба на овие 2 сојуза кон слободата и основните човекови права. Македонскиот случај всушност представува најочигледен пример за тоа колку лицемерие се крие во овие две организации.

Според мене не можеме да бараме алтернатива ако сме декларирани кон еден воен сојуз. На крајот на краиштата и можеме да учествуваме во програмата на НАТО „партнерство за мир“, во којашто е и Русија, и да се приближиме кон Русија баш преку оваа програма. Оваа изјава само значи дека ние во НАТО, колку и да сакаме, нема да бидеме примени, но не и дека ќе се декларираме против НАТО.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Политички коректно би било Yes Master???

 
D

D_NazGUL

Гостин
Изјавата е потполно на место и е целата вистина, таква сурова и гола. Проблемот е во тоа што драги мои изјавата е дадена таква каква што е со сосема друга намера - поенчиња! Нема потреба никој да му објасни на народот дека НАТО нас не не прима се додека имаме и М од Македонија. Изјавава е дадена со цел политички поени да се соберат, идат избори ...

Во секој случај за да не се разбереме погрешно, комплетно се сложувам со изјавава. Само ме плаши дека со ваква изјава само ќе ги разбуричка водите на ватерполистиве и сега ќе крекаат како ние не сме им нуделе светла иднина.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
И Попоски со слична изјава
Изјавава на Попоски е многу поумерена од на Грујо. Грујо бе вика „ако можеме да ги декларираме за пријатели“. Хардкор е изјавата на Грујо, досега невидена, ништо чудно да ни се појават сега западни политичари кои ќе ни покажуваат саати и ќе ги вртат стрелките, како за референдумот за територијална поделба.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Груевски да не ‘мачкаше очи‘ ќе отидеше на самитот и ќе го изјавеше ова, ќе ги прекинеше преговорите.
Најголем проблем со изјавата на Груевски е што нема дадено одговор на прашањето ‘Што понатаму?‘.
Во ред, не прифаќаме компромис, знаеме дека заради тоа си ги укопуваме шансите за влез во НАТО и ЕУ, но што понатаму?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
Во секој случај за да не се разбереме погрешно, комплетно се сложувам со изјавава. Само ме плаши дека со ваква изјава само ќе ги разбуричка водите на ватерполистиве и сега ќе крекаат како ние не сме им нуделе светла иднина.
Прва реакција ќе имаме од Албанците. Имајте во предвид дека Албанците во Македонија може да се искористат како инструмент на НАТО, па така да можеме и да очекуваме турболенции.
--- надополнето: 20 мај 2012 во 17:12 ---
Груевски да не ‘мачкаше очи‘ ќе отидеше на самитот и ќе го изјавеше ова, ќе ги прекинеше преговорите.
Најголем проблем со изјавата на Груевски е што нема дадено одговор на прашањето ‘Што понатаму?‘.
Во ред, не прифаќаме компромис, знаеме дека заради тоа си ги укопуваме шансите за влез во НАТО и ЕУ, но што понатаму?
Во секој случај закаснета реакција и јас тоа се сложувам. Сепак, според мене, не е мачкање очи, пошто ќе добие негативни поени и буквално неговата фотеља ќе се разниша со изјавава, ако не поради внатрешни, тогаш поради надворешни влијанија. Оваа изјава беше само прашање на време кој ќе ја даде.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.184
Оваа изјава од друг аспект е многу интересна, пошто ми личи некако на некоја најава. Значи треба со НАТО да разчистиме дали навистина сакаат да бидеме дел од сојузот или не. Кратко и јасно. Трошиме огромни сили како држава, дадовме многу за овој влез и пак си тапкаме во место. Да се реши веќе еднаш дали може да очекуваме влез или не. Ако не, нека кажат и да си ги насочиме силите на друга цел. Од овој статус кво само Македонија губи и никој друг.
А за мене одговорот е јасен. Нема поголем интерес за наш влез во НАТО. И дополнително ве прашувам дали искрено мислите, дека ако го смениме името Грција би прифатила ние да влеземе во НАТО? Мене никој не може да ме убеди дека тоа е во нивни интерес, повеќе им одговара овој статус кво, да не кажам таквата состојба најмногу им одговара од било каква друга состојба. Грчката политика према Македонија и Македонците, не само во последните 20 години туку во последните 200 години има една цел: Да ги снема Македонците како народ и ете по ново и како нација и држава.
Иначе после Букурешт гледам дека овие изјави од ваков вид стануваат се поофанзивни и со тоа владава сака народот пополека да ја намали поддршката за членство во НАТО, односно да побара поддршка од народот ако го промени курсот во иднина. Коментираќи ги последниве анкети во врска со влезот во НАТО станува се појасно, дека народот се повеќе ја губи желбата за влез во НАТО (при ваквите уцени).

Да нагласам дека ија сакам да биде дел во НАТО пошто ќе имаме повеќе придобивки од тоа но исто така сум реален и не гледам можност дека тоа ќе се деси поскоро, и да го дадеме името.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
ОК, изјавата е на место и директна и искрена итн.Сега нека се зафатит со други побитни работи, пошто плукна на нешто кое 5-6 години го трубеше.
Не сакам НАТО/ЕУ и мило ми е за ова, ама дај најди сега солуција и начини за подобрување на општата ситуација, кога веќе јавно кажуваш дека нема да очекуваме од нив 'да не средат' :) Барај таму БРИК, мик, бараш работа за наши фирми...

И ако веќе си толку убеден во таа изјава, повлечи ги војниците од Ирак, Авганистан и Босна.Мислам дека (ќе) ни се попотребни дома.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.184
Груевски да не ‘мачкаше очи‘ ќе отидеше на самитот и ќе го изјавеше ова, ќе ги прекинеше преговорите.
Најголем проблем со изјавата на Груевски е што нема дадено одговор на прашањето ‘Што понатаму?‘.
Во ред, не прифаќаме компромис, знаеме дека заради тоа си ги укопуваме шансите за влез во НАТО и ЕУ, но што понатаму?
Тоа е прашајне на место но прво треба да ја решиме статус кво ситуацијата. Јасно е исто така дека оваа изјава е повеќе за внатре, не би рекол баш за избори туку да се добие поддршка ако владата се дефокусира од НАТО. Исто така најава за западните лидери дека не можеме и не сакаме вечно да не држат во таа ситуација.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Груевски да не ‘мачкаше очи‘ ќе отидеше на самитот и ќе го изјавеше ова, ќе ги прекинеше преговорите.
Најголем проблем со изјавата на Груевски е што нема дадено одговор на прашањето ‘Што понатаму?‘.
Во ред, не прифаќаме компромис, знаеме дека заради тоа си ги укопуваме шансите за влез во НАТО и ЕУ, но што понатаму?
Како мислиш што понатаму, па зарем не се приметува дека Груевски веќе од поодамна се врти кон истокот ........ влез во НАТО сите знаеме дека тешко, а пак влез во ЕУ нема шанса да добиеме, бидејќи и самиот еден Европски политичар(од Брисел) јавно кажа дека после Хрватска ќе има мораториум на неколку години за нови примања во унијата се до 2018 или 2020 год. така да логично е вртењето на Груевски кон исток(Русија, Турција, Катар, Кина, Индија и.т.н.) !
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Изјавата е потполно на место и е целата вистина, таква сурова и гола. Проблемот е во тоа што драги мои изјавата е дадена таква каква што е со сосема друга намера - поенчиња! Нема потреба никој да му објасни на народот дека НАТО нас не не прима се додека имаме и М од Македонија. Изјавава е дадена со цел политички поени да се соберат, идат избори ...

Во секој случај за да не се разбереме погрешно, комплетно се сложувам со изјавава. Само ме плаши дека со ваква изјава само ќе ги разбуричка водите на ватерполистиве и сега ќе крекаат како ние не сме им нуделе светла иднина.
Нема што да се плашиш. Тоа уште од 2001 па навака се очекува... кај и да е ќе бараат отцепување и припојување кон косово.
--- надополнето: 20 мај 2012 во 17:22 ---
И после се чудиме заашто такви потпросечни луѓе како Груевски можат да ја водат Македонија ....
Кога ќе слушнам како некој што е на функција е глуп... ми се сере. Ај запрашај се зашто не си ти премиер.
Кој стигнал до таму сигурно не е потпросечен. И за Бране така сите јадат гомна али он им ги собра парите.
Николче е паметно човече, ама за него како и сите политичари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom