Груевски е првиот политичар кој има напишан документ во врска со НАТО и ЕУ.
Истиот документ е даден на увид на граѓаните и по истиот добил избори.
Еве што вели за НАТО и ЕУ и спорот со името.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик.
ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари поединци, влада или собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдумот да се согласни со можното решение.
Од опозицијата имавме силен одговор на оваа програма.
Дека не треба да се прашаат Македонците за промена на име, како што тоа беше со срамното прифаќање на БЈРМ во Собранието, скришни на полноќ.
Не убедуваа дека Референдумот не е пожелен по ова прашање.
Нели е нормален став, да не се менува Уставното име на Р.Македонија ?
Не гледам јас никаде лицемерие туку едно државничко однесување на оваа Влада на Р.М.
Да сакаа да профитираат, нема поголемо профитирање од продавање на име, да се разбереме, било која цена да ја кажат ќе им биде платена.
Чоеци,
НАТО не е вечен, тоа е организација против која на домашен терен се повеќе и повеќе народ демонстрира.
Дали некој го виде филмот на овој самит ?
Опуштена атмосфера каде се гледа финале Барен-Челзи, во позадина донесени 2 заклучоци од кои и двата не носат на работ на амбисот.
Иран и антиракетниот штит во Европа.