Откриени две мумии во Липково, пристапот забранет

  • Креатор на темата Креатор на темата ВМРО
  • Време на започнување Време на започнување

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
Две мумии стари најмалку 24 века лежат закопани во Липково, Кумановско и речиси година не можат да ја "раскажат" својата приказна и да го расветлат минатото зашто сопствениците на земјиштето не дозволуваат таму никој да припари, дознава "Дневник".

Залудни биле ургенциите кај липковскиот градоначалник тој да ги убеди своите сограѓани да им дозволат на стручњаците да направат увид, да го фотографираат и да го документираат епохалното откритие.

Обид за увид направиле стручњаци од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и од Управата за заштита на културното наследство лани, на 20 јули. Кога сопствениците на земјиштето виделе дека им се приближуваат непознати луѓе, веднаш им го спречиле пристапот до мумиите. Иако стручњаците се легитимирале и им објасниле дека дошле да го видат пронајдокот, сопствениците на земјиштето биле децидни:

- Нема што да барате тука. Одете си!

Тие не им дозволиле ниту да го фотографираат профилот на земјата од која стрчеле две мумифицирани нозе и ковчег од издлабено стебло, каде што се наоѓа и другата мумија.

- Не можам да опишам како се чувствував. Ги гледав пред мене, а не можев ни да ги допрам. Едноставно, не ни дозволија и ни рекоа да го напуштиме теренот - раскажува археологот Звонимир Николовски, советник-инспектор во Управата за заштита на културното наследство, кој бил повикан да ја придружува екипата од Републичкиот завод.

Мумиите се наоѓаат во месноста Кисела Вода, на патот што води во Липково, крај млинот на кој пишува "Браќа Вејсели". Откако инспекцијата си заминала, по неколку дена сопствениците на земјиштето ги затрупале мумиите. "Дневник" дознава дека на теренот се уште се одвиваат градежни работи, но местото на кое се закопани мумиите воопшто не се чепка. Нашите извори редовно добиваат информации од теренот и тврдат дека мумиите се уште се на местото на кое се пронајдени.

- Во тоа сме сигурни. Населението го почитува култот кон покојниците - велат нашите извори.

Стручњаците објаснуваат какви може да бидат последиците ако не се откопаат мумиите. Деловите што дошле во допир со воздух (кои со векови биле закопани во земјата) може да оксидираат и да се распаднат. Со тоа ќе се уништат и сите научни податоци што мумиите ги зачувале сиве векови. Се уште може да се спасат деловите што не дошле во допир со воздух.

Од лани случајот е статус кво. Теренот се уште е непристапен за какво било документирања или истражувања. Директорот на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата (сегашен Национален центар за конзервација), Бехиџудин Шехапи, се оградува од случајот, бидејќи во тоа време не бил во тек со работите.

- Ова е деликатна работа. Тогаш го видов извештајот од увидот, како нов директор на институцијата. Во меѓувреме, имаше порелевантни работи што требаше да ги завршиме - вели Шехапи.
 
А бе доказ дека Македонци се штом рамковно не се дозволува ископување и анализа. Да беа рамковци веднаш ќе се провера за да се докаже непостоечката теорија дека не се дојденци одзад кавказот.
Вака, се знае, ние сме и отсекогаш сме биле тука.
 
Од каде процениле дека се 24 века стари ако никој не направил увид ниту истражувања ниту некое стручно лице ги испитало ??
 
Па, барем уште по толку не има на тероторијава, минимум, а од каде знаат,. се знае, пишуе :):):). Не, се шалам, не знам, ваљда има нешто.
 
можеби оние кои ја утврдуваат староста на откритието,во обзир да зеле проценетата старост(за која не паметам колку е) на претходно пронајдените мумии ,од кои денес една сеуште се чува во институтот за кримиологија
 
abe tie sto ne dozvoluvaat pristap se Albanci ili nasi?
 
Homer MakeDonski напиша:
можеби оние кои ја утврдуваат староста на откритието,во обзир да зеле проценетата старост(за која не паметам колку е) на претходно пронајдените мумии ,од кои денес една сеуште се чува во институтот за кримиологија
Оти во институт за криминологија??? да не го бараат убиецот?
 
а како инаку би постоеле апсурди?
 
што е ова
знае некој да објасни ?
 
мумиите се откриени за време на изградбата на липковската брана.биле откриени 3 мумии од кој на една и се губи трага по само неколку дена,една е однесена во белград(и се губи и на оваа трага) на понатамосни испитуванја,а една е се усте во судска медицина во скопје во некој од ладилниците.инаку се работи за природно мумифицирани тела(несто слицно и како мумијава сто е откриена на алпиве мислам.исто така пред 1година поведена е постапка за мумијава од судска медицина да се пренесе во музеј на град скопје,доколку се обезбеди соодветна просторија за излозба со ладилници и слично.а струцни лица како археолози и историцари излезени се на терен ама вратени се со каласников,исто така имам слуснато дека сега со посредство на оџиве тамосни несто се преговара да се испита теренот каде сто се откриени.:salut:
 
Не ме чуди рајата, ме чуди зошто нашите не се потрудуваат да искористат други начини за да дојдат до мумиите. Има милион работи, кои можат да ги искористат во законот за да дојдат до мумиите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom