- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.545
Гледам дека доста добро ја владееш оваа правна и даночна проблематика. Сигурно долги години живееш во Америка. Негде прочитав дека Американците масовно се откажувале се од сопственото државјанство поради данок. Посебно за да емигрираат во Канада и ЕУ пошто даноците таму се каде-каде пониски. Го ценам твојот совет за оние кои допрва ќе емигрираат во Америка. Фактите кои ги наведе дека зелената карта е многу е боља од америчкото државјанство стварно држат вода. Ретко кој Македонец, Балканец, и уопште емигрант зема америчко државјанство, баш поради причините кои ги наброја.САД неодамна ја зголемија тарифата за откажување од американско државјанство за неверојатни 400%, само бидејќи бројот на американци кои сакаат да се откажат од своите американски државјанства нагло порасна од 2012 година па наваму.
Причините се повеќе, но една причина доминира над сите останати - високите даноци.
Токму поради ова, доколку американец сака да се откаже од своето американско државјанство, мора да докаже дека ги има подмирено сите даноци и долгови кон државата за изминатите 5 години, па да помине низ безбројни бирократски лавиринти и да уплаќа грдни пари до бескрај, само за да може да се откаже од своето американско државјанство.
Затоа, почитувани сегашни и идни печалбари и имигранти, слободно фаќајте џаде кога сакате и каде сакате, слободно заминете да студирате/работите/живеете во САД, останете таму колку сакате до бескрај - затоа и постои зелената карта, но држете се настрана од американското државјанство, бидејќи полесно ќе ви биде да извадите американско државјанство, отколку да се откажете од истото.
Сепак, јас би сакал да пробам да емигрирам и да ризикувам да добијам америчко државјанство. Колку пари тачно ќе ми требаат да се откажам од него кога ќе ми здосади? Би сакал да знам колку пари да тргам на страна, за кога ќе дојде моментот да се откажам да платам све у кеш.
Последно уредено: