Откажување од државјанство

Точно е дека се откажуваат од македонски државјанства за да добијат германски. Германија не дозволува двојни државјанства така што мораш да се откажеш од едното па сега види кое ти одговара повеќе.
 
Точно е дека се откажуваат од македонски државјанства за да добијат германски. Германија не дозволува двојни државјанства така што мораш да се откажеш од едното па сега види кое ти одговара повеќе.
Се откажуваат за да добијат Австријско, Данско, Холандиско и таму не даваат двојно?
 
Како странско лице можеш да се стекнуваш на секакви недвижнини, освен земјоделски земјишта. Може и на градежни земјишта (тоа е новина со најновата измена на Законот за сопственост и други стварни права, предтходно можеше само долготраен закуп).

Но, има низа услови кои треба да се исполнат мислам (и реципроцитет со држава од која потекнува странското лице ако не се лажам), дозволи од надлежни институции.

Апатрид може да се биде само во ситуацијата: се откажуваш од државјанството (на РМ), а постапката за добивање на новото државјанство е во тек, но се знае дека во блиска иднина ќе го добиеш. Барем јас така си го протолкував Законот за државјанство.

Инаку мислам дека најчестото откажување се случува доколку лицето се сели во држава каде можеш да имаш само едно државјанство (како Германија), па сметаат дека подобро е да бидат само Германци, отколку странци во Германија.

Последно ко учев беа исти услови како за домашен ако лицето доаѓа од земји припаднички на ЕУ или ОЕЦД, додека пак реципроцитет за сите останати :) (по претпоставка да нема измена во овој дел)
 
Точно е дека се откажуваат од македонски државјанства за да добијат германски. Германија не дозволува двојни државјанства така што мораш да се откажеш од едното па сега види кое ти одговара повеќе.

ретко кој дава повеќе двојно, на пример ни Словенија ни Австрија нема..мора да откажеш македонско за да имаш нивно.
 
Последно ко учев беа исти услови како за домашен ако лицето доаѓа од земји припаднички на ЕУ или ОЕЦД, додека пак реципроцитет за сите останати :) (по претпоставка да нема измена во овој дел)
Јас уште не пројдов Стварно, али пошто пројдовме општ дел граѓанско го имавме спомнато ова и немаше промени во тој дел, така да си останува.
 
Ваков статус може да добие и лице кое било граѓанин на држава-федерација у распад, при расцепкување доколку не се идентификува со некоја од новосоздадените држави е апатрид. Бегалците исто имат статус на апатриди.

А од повеќе услови при аплицирање за добивање на странско државјанство у повеќето земји на запад, е да се откажеш од матичното.
Ретроактивно делува оваа, доколку не успее постапката, се пролонгира или настанат некои проблеми за земање на новото државјанство, ти се враќа назад претходното.[DOUBLEPOST=1409783581][/DOUBLEPOST]
Јас уште не пројдов Стварно, али пошто пројдовме општ дел граѓанско го имавме спомнато ова и немаше промени во тој дел, така да си останува.
Кој ви предава Стварно, Родна? =)
 
Тргнав и јас да објаснувам за Меѓународно Приватно Право али се откажав, сите сте кажале. :D

Апатрид немаш шанси, мораш да имаш државјанство.
 
Тргнав и јас да објаснувам за Меѓународно Приватно Право али се откажав, сите сте кажале. :D

Апатрид немаш шанси, мораш да имаш државјанство.
најгрд предмет на факултет ми беше, нема таков грд нигде
 
најгрд предмет на факултет ми беше, нема таков грд нигде
Има, применета економика се вика (на правен ова) :D
Или човекови права, по од Фрчко учебникот, во кој си го мери со странцизми и замрсување на речениците.
 
Точно е дека се откажуваат од македонски државјанства за да добијат германски. Германија не дозволува двојни државјанства така што мораш да се откажеш од едното па сега види кое ти одговара повеќе.

Дали на било кого Германија не дозволува двојно државјанство?
Имам колега Американец кој има dual citizenship, американско и германско.
 
САД неодамна ја зголемија тарифата за откажување од американско државјанство за неверојатни 400%, само бидејќи бројот на американци кои сакаат да се откажат од своите американски државјанства нагло порасна од 2012 година па наваму.

Причините се повеќе, но една причина доминира над сите останати - високите даноци.

Токму поради ова, доколку американец сака да се откаже од своето американско државјанство, мора да докаже дека ги има подмирено сите даноци и долгови кон државата за изминатите 5 години, па да помине низ безбројни бирократски лавиринти и да уплаќа грдни пари до бескрај, само за да може да се откаже од своето американско државјанство.

Затоа, почитувани сегашни и идни печалбари и имигранти, слободно фаќајте џаде кога сакате и каде сакате, слободно заминете да студирате/работите/живеете во САД, останете таму колку сакате до бескрај - затоа и постои зелената карта, но држете се настрана од американското државјанство, бидејќи полесно ќе ви биде да извадите американско државјанство, отколку да се откажете од истото.
 
Не можеш, ако немаш туѓо државјанство.
Буквално си дух у државата, шо и не ти менува, оти нели и онака сме сите духови овде, се до денот додека не добиеш пак државјанство од оваа држава или од некоја друга.
Не можеш да студираш, не можеш да имаш имот, не можеш да работиш кога си нели stateless (не знаев оти на македонски зборчето било апатрид). Не можеш во светски рамки воопшто да си апатрид.

Last time I checked, Nietzsche was stateless for the most part of his life. Ама други времиња биле тоа. :)[DOUBLEPOST=1409796550][/DOUBLEPOST]Сега се сетив на Терминал и ми текна на една ептен ризична и забегана идеја.

Шо ако поднесеш барање за откажување од државјанство и му ја киднеш од тука додека нели целата процедура не се заврши? Ќе бидеш у туѓа држава, а у исто време stateless. Ќе немаат каде да те вратат, пошто нели не си државјанин на ниедна држава, и ќе останеш заглавен таму, претпоставувам ќе поминеш некое време у амбасада или на некој терминал кој е „ничија земја“. Ќе побараш азил од некоја земја и со оглед на ситуацијата у нашава држава и доволно веројатно е оти ќе го добиеш.
 
Последно уредено:
Интересен податок секоја година по 1200 македонци се откажуваат од државјанстото. :D

Да, ама не остануваат апатриди туку земале друго државјанство.

Она што мене ме интересира онака кога веќе е отворена темата, дали штом еднаш се откажеш од Македонското државјанство, после ако сакаш повторно да го добиеш, неможеш? Всушност единствениот начин би бил да се ожениш со Македонец/Македонка?
 
Можеш, исто се поднесува барање до МВР у кое треба да бидат исполнети дадени услови без условот 8 години престој во Македонија, барањето се поднесува во рок од 3 години од коа лицето има добиено отпуст од Македонското државјанство. По истек на тој рок, се оквалификува како странец.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom